Кафич по ваша мерка

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
да можам би отворила Старбакс негде накај лептокарија... не знам зошто таму ама така некако си викам дека ќе има таму најмногу промет. А цени као у Старбакс (плати па клати)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Ако би отворил кафич,тоа би било во некое помирно,но сепак урбано место во градот,да е близу до улица,но да не е многу прометна.
Би изгледало отприлика вака:
PMU1403.jpg

Мирно место,со вакви масички,шанкче и мала биничка за повремени настапи на џез и џез-хоп(хип-хоп со џез музичари) артисти. Би имало разни видови на пива од целиот свет,би се служеле и пури,би имало мала терасичка исто така. Цените би биле пристојни,и во него би се движеле кул друштвени луѓе што сакаат да се одморат од секојдневниот напор.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Кога јас би отворил кафич, тој би бил некаде во центар, и би имал огромни прозорци да даваат светлина, нешто како салите за балет што ги имало на времето во Франција, помеѓу секој огромен прозор би имало огледало - за да изгледа поголема просторијата. во средина би имало округлест шанк, масите би биле поставени по крајовите, би имало бина, би се свирела само Латино денс музика, погодна за танго, мамбо, итн итн итн.
Би се правеле аудиции и натпревари за танцови, и никогаш не би се дозволувал влез на луѓе без проверка на лична карта - малолетник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lepaa

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Би отворила некое интимно местенце со средна големина во Центар. Во средина сакам да има камин и пред него онакви две мали троседчиња со ќебенца (инспирација си земав од Швајцарски кафичи :rofl). Другото да бидат столчиња и маси од лакирано дрво и гооолем шанк. Сакам да изгледа се рустикално. Ќе се служат кафиња и други топли пијалоци и колачиња. И згодна послуга сакам хаха... Сонови. :)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Би отворила кај мене во маало, би го средила така што секој да се чувствува како да е дома, пријатна атмосфера со не многу силна музика, цени прилагодени за нашиот стандард, во вечерните часови би имало свирки, караоке забави. Во кафичот еден дел би бил посебен за пушачи за да не мрзнат надвор преку зима, и да не сметаат на непушачите. Осветлувањето не би било прегмногу силно ниту па премногу слабо, нешто слично на дневната светлина. Би ставила и еден џубокс од каде и би се пуштала музиката во кафичот. Би ставила телевизори доволно за да ги опфаќа сите маси, да нема турканици или вишок глави и би ги пуштала сите фудбалски натпревари, а на навивачите што би се собирале да гледаат би им давала попусти за нарачките. Би организирала турнири во табла, шах, табланет, макако и други друштвени игри, а на победниците би им давала 50% на сите пијалоци, цела недела. :) Еден куп идеи имам само немам пари ниту услови да ги реализирам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Елитно и за со длабок џеб - не. Премногу има ,,елитни". Туку напротив, онакво место каде што може да наврати некој после работа, пред испит, во слободно време да испие кафе или пиво, сеедно. Да дојде да се опушти а не да внимава дали кошулата е истуткана. Имаме премногу ,,елитни" места кои токму поради тој епитет се жртви и стануваат сосема спротивно, зошто нели сите сакаме да сме елитата. Судир на вкусови и ароми. Да е опуштено, пред се со пријатна атмосфера и претопување на контрасти - мини ванила тартови со горко еспресо, мафин од цимет и тиква со нес кафе, тирамису со лате и така натаму да не ги редам. Да е спој помеѓу мојата пасија за готвење и желбата да го разведрам денот некому. A да и ќе заборавив, и по некое цвеќе внатре :sreken

20130415-203736_large.jpg

large.jpg
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Кога имав 17 години открив еден кафич во центарот на мојот град. Внатре бордо кожени гарнетури, тивка музика, скоро празно... Постои едно ќоше, со едно сепаре поставено на „ГЕ“. Е тоа го викав мое „ќоше за инспирација“. Таму паднаа најголемите објаснувања, најголемите полемизирања, најголемото размислување, најзаплетканите приказни ги разврзувавме....Е таму се чувствував како на свое, како место во кое го правам баш она ми треба/ морам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno