Како мали...

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
како мали со сестра ми собиравме салфетки,сликички,си правевме споменари,игравме жмурка на улица со мнооогу деца,се тепавме со сестра ми секој ден 10 пати на ден,кршевме многу украси и потоа ги криевме,јадевме киндер јајца и од жолтите кутивчиња си правевме возови и ланчиња
ееееееххххх моето детство-ми недостига
убави емоции ми наврати темава:eek:place:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Како мала нон-стоп го терав татко ми да ми ја раскажува ,,Девојчето со кибритчиња''.
Толку бев тажна заради неа, а упорно сакав да ја слушам нејзината приказна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Mnogo Bitno

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Порано баш се сеќавам секојдневно се собиравме многу деца на улица, се играше се и сешто,немаше за среќа како сега Фб,Вибери к....и ,чардаци..
Седевме на тротоар и си ги тегневме па затоа сега хихи ;),а денешниве деца како растат и во иднина незнам немам коментар, се на полошо и полошо ,страшна работа :)
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Порано баш се сеќавам секојдневно се собиравме многу деца на улица, се играше се и сешто,немаше за среќа како сега Фб,Вибери к....и ,чардаци..
Седевме на тротоар и си ги тегневме па затоа сега хихи ;),а денешниве деца како растат и во иднина незнам немам коментар, се на полошо и полошо ,страшна работа :)
Од многу тегнење, мозоците во папок да не ви се симнале??:rofl
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
@diva orhideja не се не се недај боже ,меѓутоа се може да се пише и да каже само една е вистината,така да јас само реалноста ја кажав ,а кој ке се пронајде може да потврди само ,а би те замолил да не ја должиме и опширно обработуваме оваа тема за да некој не свати погрешно ;)
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Како мала се качував по вратите, ја бранев сестра ми, ако некој ја задеваше знаеше да изеди чотек од мене :giggle
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Како мали се игравме со џамлии пред нашата куќа, баба ми ке не разбркаше мафтајки со метлата, за да можат да си муабетат со комшиките. Како мали едвај чекавме да натрупа снег и по цел ден го поминувавме надвор на санки, премрзнати, гладни, мокри... радоста беше поголема од студот, од гладта... Како мали јадевме еден сладолед - Снежец, денешниве сладоледи немаат ни приближен вкус на тој сладолед. Ке се вратев трчајки од школо за да гледам дајте музика, станував порано за да гледам летечки мечиња, научив да читам од бушава азбука... Најголемо богатство ни беа кутиите полни со сликички, детска пошта, ситни играчки од киндер јајца или смоки. Како мали знаевме многу песнички, едвај чекавме да почне си-до или златно славејче за да научиме нови. Како мали добивавме љубовни писменца од момчињата кои седеа до нас и најчесто им се враќаше со ќотек :)
Тогаш беа модерни едни маички со реси и монистри во разни бои на ресите, најчесто се носеа во комбинација со ,,бициклистички'' хеланки. Тогаш тесните улички беа ишкртани со разни цртежи со креди во боја или со парче керамида. Се игравме мајки и деца, доктори и пациенти, полицајци и крадци, продавачи и муштерии. Игравме жмурка, жмурка со топка, џамија, ластик, плочка...
Ех...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Κаκо мала бев голема плачκа и сеκој ден еден гоолем батκо ми го земаше BMX цρвеното точаче и обожаваше да ме неρвиρа :D
А бρатучед ми.. Немам κоментаρ нон стоп се нешто мe κубаше ми се смееше ова она а јас уште од мала душа по него давав :D
Бев дρуштвена а најмн од се саκав да вρтам на она мсм хулахоп ли се виκаше нз баш .. И на ластиκ сκоκав .. Охооо тие вρемиња...
Κо сум паднала в јама со новите тρенеρκи .. Хахаха иаκо имав само 6 год јасно се сеќавам κолκу ми беше и забавно и глупо ρади тρенеρчињата сини .. Пуста κρиенκа . После едно девојче што нон стоп ми ги земаше пρстените и пρавеше се што јас пρавев падна. На κρај па големите батκовци ни беа κρиви.. Леле хахаха :D
П.с на ова не се сеќвам ама сите ми го κажуваат. Сум се изгубила после спиење ме баρале насеκаде исплашени ова она..
Гес ват? :D
На балκон од дρугата стρана јадам на доматите κо ниκој пат до тогаш не κаснато.. Сета извалκана само сум и се насмеала на мајκа ми κао види шо пρаам.. Мајκа ми виκа тогаш не знаев дали да те отепам или да те јадам κаκо ти доматот :D
 
Последна промена:

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Како мала само со машки се дружев,цела бев со тетоважи,еднаш мајка ми се јави во полиција дека ме немаше цел ден
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Лижев цемент и гелендари, па испадна дека ми фалело железо. :sram
Квачев јајца во фотеља.
Не памтам да имав здраво колено преку лето. Белезите сега си го кажуваат своето.
Ми фали.(nod)