Како мали се игравме со џамлии пред нашата куќа, баба ми ке не разбркаше мафтајки со метлата, за да можат да си муабетат со комшиките. Како мали едвај чекавме да натрупа снег и по цел ден го поминувавме надвор на санки, премрзнати, гладни, мокри... радоста беше поголема од студот, од гладта... Како мали јадевме еден сладолед - Снежец, денешниве сладоледи немаат ни приближен вкус на тој сладолед. Ке се вратев трчајки од школо за да гледам дајте музика, станував порано за да гледам летечки мечиња, научив да читам од бушава азбука... Најголемо богатство ни беа кутиите полни со сликички, детска пошта, ситни играчки од киндер јајца или смоки. Како мали знаевме многу песнички, едвај чекавме да почне си-до или златно славејче за да научиме нови. Како мали добивавме љубовни писменца од момчињата кои седеа до нас и најчесто им се враќаше со ќотек
Тогаш беа модерни едни маички со реси и монистри во разни бои на ресите, најчесто се носеа во комбинација со ,,бициклистички'' хеланки. Тогаш тесните улички беа ишкртани со разни цртежи со креди во боја или со парче керамида. Се игравме мајки и деца, доктори и пациенти, полицајци и крадци, продавачи и муштерии. Игравме жмурка, жмурка со топка, џамија, ластик, плочка...
Ех...