Какво милениче имате?

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Си имав бел мачор до пред еден месец кога умре на 10 (човечки броено) годиншна возраст.. Не сум љубител на мачко но пред 10 години ми дое од нигде никаде на врата и почна да си мјаука.. Беше зима и имаше снег и беше како мала снежна топка и неможевме да му одолееме и си го прибравме.. Ама ете го нема веќе, тоа е тоа.. Следно милениче ќе биде коа ќе си живеам сам, некое преубаво змииште :D
Ак ти дојдам на гости со орелов ќе ти ја изедам змијата:zelen
254643_196498840405570_100001363652756_460734_6816487_a.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kokakolicar Eden Nizaeden

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Имав црн мачор, 9кг тежина со мазно крзно... и карактеристични „кучешки заби“ (очњаци) кои му излегуваа од устата заради тоа што беа преголеми!
Беше ловец...
Имаше свое место во домот, крал ... недостасува.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Имав папагали. Никогаш не би чувала милениче.
Сакам да кажам што е форумов неактивен? Што се случува?
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Имам 2 кучиња , машки . Едното е Шарпланинец кое маж ми го нашол како малечко кутре фрлено покрај контејнер за отпад . Го земал со себе и ми го поклони мене ( јас од мала сакам кутре за милениче , па ем го спасивме од улица , ем си добивме високо интелигентно другарче ) . Другото го земавме од Прилеп , затоа што имаме викендичка на Шар Планина , и реално гледано има волци и мечка во тој реон , а ние во пеколов спиеме горе и ни треба заштита а и Шарпланинецот да има другарче . Второто кутре е од расата Турски Кангал . Расте како лудо , ама многу ме засмејува бидејќи кога оди е како манекенка + високи потпетици + лизгав под :D .

Се на се , обврска е да чуваш милениче ( или неколку ) , ама знаат да те засмејуваат и кога не ти е до смеење баш :zelen . Среќна сум што ги имаме , иако се белјаџии :D .
 

SofS94

Нов член
26 октомври 2020
4
4
3
30
Сив мачор со долго влакно, а уште си го преболувам претходниот - имаше 8-9 години кога умре.