Какви искуства имате при патување со авион?

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
имам фобија од висина со тоа и од авиони и дека ќе се сруши авионот и од тероризам и бирам некаков друг превоз а знам дека воздушниот превоз е и најбезбеден ама ете некоја фобија незнам ...сега се поретко се одлучувам да патувам , се некој страв имам од терористи , киднапери, бомбаши самоубијци...многу филмови глеам изгледа:nerd
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

iceman

Нов член
9 јуни 2013
1
2
3
33
Imam patuvano okolu 6 pati na relacija Helsinki-Skopje i obratno. Prvo patuvanje so avion nikogas nema da go zaboravam zatoa sto bese uzasno. Bese Mal avion od Skopje za Budimpesta so okolu 50-60 patnici. Avionot samo sto poleta nekade na visina 10 000 metri pocna da se trese i idese nagore i nadole. Odprvin mislev deka e normalno no potoa pocnaa lugeto da se zagrizuvaat, decata da vreskaat pa si rekov ova ne e normalno. Skoro cel pat go pominavme taka i koga izlegov od avion bev bled kako mrtovec. Za srekja nikogas veke nemav takvi letovi, inaku najdbro cuvstvo e koga avionot poletuva i koga se patuva nokje. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
и повторно за кратко време ме чека ново искуство летање со авион
avion.gif
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мене ми се допаѓа кога потребни се повеќе лета за да се стигне на одредената дестинација. Опуштено го чекаш првиот, па ако треба и неколку часа порано, да се осигураш дека на време си таму, спремен за check in и полетување. Мислам дека секогаш со задоволство и нетрпение ќе го чекам моментот на полетување, но исто така, цел лет ќе стравувам и ќе бидам на штрек за најлошото. Гледам премногу серии, знам, али никад не се знае. Во меѓувреме уживаш во одличната храна, од време на време се освежуваш со пијалок, се трудиш некако да го потрошиш времето со филмче кои си го бираш на малото екранче втиснато во седиштето пред тебе или евентуално со книгата која си ја понел. Во меѓувреме ќе ти текне да провериш до каде сте, штракаш по даљинското и ја наоѓаш опцијата на екранчето и ѕирнуваш на мапата дека авионот лета на сред океан, пребројуваш уште колку саат има до слетување и се враќаш на старата занимација. Конечно, слетуваш. Ги зимаш парталите и го бараш излезот побрзо зошто имаш само саат и половина час да тркнеш до тоалет, да го прошеташ новиот аеродром во потрага по новиот авион. Попатно разгледуваш излози и не можеш да одолееш да не влезеш во некоја продавничка и да си купиш сувенирчи, зошто, хелоууу во Амстердам си. Го наоѓаш и тој авион, го издржуваш и тој лет и после 36 часа поминати во немирно непроспиено патешествие, ја започнуваш наредната авантура од животот и едвај чекаш да го повториш истото. Јас се надевам, значи прашање е на финансии, дека во ноември годинава со маж ми ќе летнеме до Милано и тоа не со цел да го разгледаме градот, океј не е главната цел, туку на еден концерт кој ќе ми ја исполни животната цел на моето постоење. Добро, ај претерувам, али еден од моите животни соништа. :sram
 

red dragon

Староседелец
27 март 2013
140
129
643
35
Дестинација Софија - Париз - Вашингтон Дс и обратно со авион одлично искуство и многу убави фотографи од авион се прават кога имаше можност секогаш седев до прозор и разгледував. :cool: Немам проблем не ми е страв од височина и пак би летал со авион.
 

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
34
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
Јас сум возена 4 пати со авион.
Првиот пат кога седнав во авионот бев многу возбувена. Кога полетува авионот и слетува е најстрашно бидејќи се се тресе, ама најубаво е кога си во облаци... има прекрасна глетка... Ако имате можности за да одите на одмор со авион немојте да сте пропуштеле :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Првото искуство на кое се сеќаам беше коа имав 10 години релација Скопје-Измир-Скопје. Не ми претставуваше некоја промена, дете бев, можда малку поразличен ентериер,дугмиќи, седишта, стјурадеса...
Првото искуство кое би го нарекол дека сум почувствувал некоја разлика, возбуда, итн беше сам кога патував релација Скопје-Белград-Франкфурт и назад. Тогаш ја осетив таа моќ на поттисок, воздушни џебови, помали турбуленции. Малку непријатно, ама така си праев муабет со еден господин до мене (србин со големо искуство) што летот од саат и дваесет минути (Белград - Франкфурт) ми изгледаше како епизода од sitcom комедија. Како и да е, таму кога бев, имаше во местото пуштање со едрилица (оние авиончиња на катапулт што ги ставаат). Е тоа е адреналинско летање. Буквално пред самото полетување се полниш со страв, при самото пуштање (тоа е енормно забрзување) викаш ко демек спремен си да истураш црева. Затвараш очи и за секунда коа се будиш гледаш полиња и куќички како кибритчиња доле. Буквално го осеќаш воздухот како струи, друго ништо. Чат пат пилотот што седи пред тебе нешто збори на радиото, прави некаков маневар, неколку кругови и после тоа кога слетува, оди сосема полека надоле. Кога слетуваш, ја осеќаш грубоста на земјата но на етапи. Последното застанување веќе осеќаш желба за уште едно пуштање.
Искуството кога одев од Тиват за Москва како и да е, беше негативно поради лошото време. Летот е подолг (некои 3 часа), самото полетување претставуваше мал проблем (Тиват е мал аеродром и проблемот е што откај Котор секогаш има некои црни облаци). Чекавме доста за да се расчисти троа. После некаде во воздушниот простот помеѓу ЦГ и Србија имаше јаки турбуленции. Дури кога стигнавме кај Романија, се потсмири работата. Враќањето назад беше смрт исто при слетувањето во Тиват, поради лошото време. Бевме во некој облаци, алармираа да не искачаме од седиштата, чак што и стјуардесите седеа на место. Коа се симнавме подоле малку, од прозорот ја видов глетката што уште ден денес ми е зацртана. Очекувајќи да летаме под хоризонтална права линија прв пат го видов морето и дел од заливот ама анфас. Значи авионот беше за некои 45-50 степени со клунот надоле и свртен на десната страна со едно од крилата вуквално да го пресече морето под агол од 70 степени. Језиво.
Коа искочивме, псуев у себе дека никад нема да стапнам.

Демек...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И најскромниот авион од нискотарифна компанија каде давање чај или кафе на патниците е ерес - е бескрајно подобар од најдобриот автобус со веце,клима и тв. Или пак воз.

Најдобар момент - полетувањето, of course :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: red dragon