Какви искуства имате при патување со авион?

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
Јас имам патувано и при полетување и слетување имав болки во ушите. Дали на некој друг му се има случено ова или нешто слично или да имал некои проблеми?
И јас имав болки во ушите.Исто така се извадив од памет од тоа воздушните дупки,ќе почнев молитви да читам уште малце:ladno
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
И јас имав болки во ушите.Исто така се извадив од памет од тоа воздушните дупки,ќе почнев молитви да читам уште малце:ladno

Затоа следен пат мастика ќе си џвакаме при полетување и слетување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Се имам качено 8 пати во авион,преубаво чувство....уживав додека авионот полетуваше и слетуваше....мн адреналин...едвај чекам повторно да се возам... се надевам летово (happy)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Немам никакво, а многу сакам да се возам!
Годинава ќе имав, ама се смени планот и ништо од вожњата со авион.
Се надевам дека наскоро ќе имам што да споделам на темава.:)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Сум се возела 10ина пати, од кои летово 4. Порано како мала идев на лето во Германија, а летово во Америка. Бидејќи многу имам страв од височина, имав огромна трема, се препотував, мислев секој момент дека ќе се онесвестам. Но морам да признаам, моментот на полетување... уфф неописливо! Единствен проблем ако патуваш подолго, да речеме, 7/8 саати, нозете ќе те умрат. Јас последниот пат толку патев, ми се плачеше од болка во колениците, здрвен седиш, само 2/3 пати ќе станеш до веце. :eek Иначе, се друго супер е, храната преубава (јас во тие што се возев), ти носат 3/4 јадења/закуски, колку сакаш сок, вода, имаш пред тебе мало екранче со најновите филмчиња... супер! :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
8 правила за пакување кога летате со авион

1. Без што не можете да тргнете?
Секогаш кога патувате треба со себе да си понесете будилник бидејќи хотелот можеби не нуди услуга за будење, фен за коса со соодветен адаптер (ако летате преку океан), чешел и секако, четка за заби и паста. Доколку патувате како турист, сигурно ќе сакате со себе да понесете фотоапарат, а доколку одите на службено патување, не заборавајте дека ништо нема да сработите доколку ги заборавите полначите за мобилен телефон, лаптоп, таблет...

2. Што да понесете за вашето бебе?
Секогаш постои веројатност дека ќе поминете неколку часа на аеродром, поради одложувањето на летовите, така што едно од правилата за пакување кое новите родители мораат да го почитуваат, е да спакуваат доволно пелени за бебенцето. Во ранецот кој ќе го качите со вас во авионот, ставете и шишенце млеко, тегличка со храна и медикаментите кои му се неопходни на вашето бебе.

3. Занимација за по пат
Доколку одите на далечна дестинација, летањето со часови сигурно нема да ви биде многу забавно. Мобилниот телефон мора да ви биде исклучен додека сте во авион бидејќи сигналот од мобилната мрежа може да ѝ смета на навигацијата. Но, лаптоп или таблет смеете да понесете, па затоа не заборавајте да ја наполните батеријата пред да патувате и да обезбедите неколку интересни филмови или серии за занимација. Нив најчесто можете да ги користите во текот на летот, но не при полетувањето и слетувањето, односно додека е вклучен знакот за задолжително врзување со појасите. Доколку не сте љубители на електронски уреди, не заборавајте да понесете некоја интересна книга и списание.

4. Колку храна можете да понесете во рачниот багаж?
Не знаете каква храна ве очекува вклучена во авионската услуга, па не би било лошо доколку понесете малку со себе во рачниот багаж. Битно е да знаете дека сите течности кои ќе ги внесете со вас во авионот, не смеат да бидат спакувани во шишенца поголеми од 100 мл и нив треба да ги собере во една пластична кеса со средна големина. Ова значи дека не можете со вас да понесете шишенце со вода од пола литар, ниту многу храна. Еден сендвич не би претставувал никаков проблем, но шишенце јогурт е преголемо на пример. Ако имате поголеми шишенца од дозволеното или доколку носите поголема количина храна, обезбедувањето ќе ви ја конфискува. Дури и шишето да ви е пола празно, но е поголемо од 100 мл, пак ќе ви го одземат. Битно е да знаете и дека не треба да носите облека со премногу метални додатоци на неа, бидејќи ќе активирате многу аларми.

5. Колку облека и обувки да понесете во куфер?
Пред да тргнете на пат, проверете на интернет каква ќе биде климата на дестинацијата до која патувате, за да знаете колку дебела облека ќе ви треба за таму. Врз основа на тоа каде планирате да одите, пожелно е да понесете екстра јакничка, а по можност и некој практичен чадор на склопување. Ќе ви биде паметно и да понесете некое парче облека во вашиот рачен багаж, за секој случај. Во однос на типот на обувки, размислете какви активности ве очекуваат на патувањето. Ако планирате да пешачите или планинарите, ќе ви требаат удобни патики, за на топлите места неопходни ви се лесни папучи/сандали, за на снег чизми кои не пропуштаат, а за на службено патување или за вечерно излегување ви треба нешто поелегантно. Во секој случај, гледајте да не понесувате повеќе од два пара чевли за да не го преполните куферот. Најпрактично за пакување е да се водите според правилото „еден пар чевли на себе и уште еден во багаж“.

6. Козметика и лекарства во рачниот багаж
Можете дел од вашата козметика да ја понесете во вашиот рачен багаж, но секако, во шишенца со големина од максимум 100 мл. Што се однесува до лекарствата, најдобро ќе биде да ги понесете во нивното оригинално кутиче, бидејќи на тој начин, доколку се разболите, странските доктори ќе можат да проверат кои медикаменти сте ги консумирале.

7. Смеете ли да носите алкохол во багаж?
Забрането е внесување оружје или запаливи течности со вас во авионот. Дезодорансите треба да ви бидат сместени во чекираниот багаж и воопшто не понесувајте абразивни средства за чистење, бидејќи тоа може да ви направи проблеми кај обезбедувањето. Што се однесува до понесувањето алкохол во чекираниот багаж, најверојатно нема да ви прават проблеми ако понесете фабрички затворени алкохолни шишиња, чија вкупна тежина не надминува повеќе од 5 литри и не содржи повеќе од 70% алкохол, бидејќи во тој случај се смета за запалива течност. Спакувајте го во кеса со патент за да ја заштитите облеката ако ви се скрши шишето и пријавете го пред обезбедувањето кога ќе ве праша.

8. Каков е градскиот превоз на посакуваната дестинација?
Пред да тргнете на пат, информирајте се на интернет за метро, железнички, автобуски и трамвајски линии кои ќе треба да ги користите за да се движите од хотелот до посакуваните дестинации и назад. Ова е добро да го направите пред полетувањето, бидејќи не нуди секој хотел бесплатна интернет услуга.

Правилата се менуваат, а и постоечките не важат за сите земји во светот, така што доколку имате некоја недоумица во врска со дозволите и забраните при летување, најдобро е да се консултирате со авиокомпанијата пред патувањето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Да, имам патувано еднаш со авион, и од тоа патување добив многу трауми. :giggle

Минатата година патував за Цирих, и се беше во ред се додека не стасав во Цирих и не се загинав во аеродромот. Повеќе од 3 саати барав начин да излезам, па после не можев куферот да си го најдам.. живи бруки, страм ми е да кажувам во детали, мислам дека ме разбирате. :ladno
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sagittarius

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
29
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Да, имам патувано еднаш со авион, и од тоа патување добив многу трауми. :giggle

Минатата година патував за Цирих, и се беше во ред се додека не стасав во Цирих и не се загинав во аеродромот. Повеќе од 3 саати барав начин да излезам, па после не можев куферот да си го најдам.. живи бруки, страм ми е да кажувам во детали, мислам дека ме разбирате. :ladno
Не си единствен :D И на нас се деси нешто слично првпат коа одевме :giggle за срамоти
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Имам патувано со авион и немам лошо искуство,убаво чувство,поготово при полр
етубање и слетување кога ти се преобрнува се во стомакот.]:)