Јас море луѓе во живо ги запознавам. Прво седам на шанкот, порачвам пиво гледам лево-десно, и посматрам околината како е. Ако немат некој расположени поднапиени (група од 5-6 девојки мислиш на моминска вечер се), го пијам пивото и бегам.
Ако имат пак од тие пианите цело време што скокаат се посипуваат со алкохолите, ги туркаат другите, пцујат , пушат цигари иако е забрането- е тие се мој тип. Ги гледам и страф ми е да им се вклопам во друштвото да не ме испотепаат (шо ги знаеш пијани што може да направат). Знаеш предизвик е цел кафич да ги мрази и оговара а ти да ги сакаш.
Јас цело време ококорен со очите према нив и само да се сврти некоја одма и намигнувам, е сега ако се насмее добро е, ама ако ми го покажи средниот прст тука ме закопува, дури и незгодно ми паѓа од шанкерите. Ама оној дискретниот знак ако ги преврти очите, не знам како да го сватам? Дали ме шармира или си вика "ех сељандура ми намигнува што му е него"- никако не можам да го разберам.
Е ако ми се насмее барем една од сите, јас набрзина се правам ѓубре, порачувам една тура текили или б52 за цело друштво и атак. Тогаш ги заборавам луѓето со кој сум излезен а и не ми се лутат зш претежно со другарките излегувам, така да ги разбираат моите потреби.
Кога им приоѓам можи нема да им биде мило кога ќе ме видат мене , ама кога ќе ја видат келнерката со табаката е тогаш полудуваат. Е натака летаат пијачки, кисови,љубов на сите страни, денсање, смеење без повод и присилно смеење- абе како некој сељандури шо прв пат се во цивилизација. Е после кога ќе помине еуфоријата, одам да се мочам во тоалетот да се средам малку на огледало и размислувам кај која сигурно ќе ми успее. Тука дур мочам ги класифицирам: најпијаните што не можат по пат да одат и повраќаат- дирекно ги исфрлувам, не пијаните кои се грижат за мортусите и тие отпаѓаат, тука само полупијаните заслужуваат внимание. Одбирам една од нив ја носам на некое интимно сепаре и рафално ги изговарам еротски фрази и некој љубовни романтични стихови преземени од книги шо ги знам,па и кажувам колку се големи моите чувства за неа (некогаш во пијанство дури помислувам дека и стварно тоа го мислам). Ги избегнувам темите за бивши и минато, бидејќи тука може да и се раздразнат нервите па и шамари да ми намава а во најлош случај и да не ми даде. Чисто само за провод и колку е убав животот и дека еднаш се живее само за тоа и зборувам и дека андреналинот и ужувањето се правите насоки на кој треба да се базира нашето постоење. Е кога ќе ја убедам за натаму не ви кажувам, ништо повеќе- што би рекла лејди блу и мали деца читаат.
Иначе секаде се запознаваат луѓето , само треба да не се срамиш да се грижиш за својот изглед и нормално да знаеш што зборуваш сепак си излезен за забава а не да напнуваш со глупави муабети.