Каде денес најчесто се запознаваат младите?

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
699
93
и коа небил чичко зукенбер имало неверства, така да кој си е пот ој пат ќе тера :cool:
а инаку јас до сега сум запознал многу девојчиња од фб или форуми али сум немал до сега врска од тој тип
сите врски ми биле со девојки кои сум ги запознал во живо (кафулina, парк, кеј дискотеки )
а што ако некои не излегуваат од икс причини?ја како што гледам за мене виртуелно и реално запознавање исти ми се.ако е некој ѓубре секако е ѓубре
 
parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,697
13,878
973
Ваљда наише се запознааф на факинг ејбзбук, ама ја неам фејсбук и не познаам никoга : )
Ма не е битно куде ке се запознаете, ако ви падне некој у око за запознавање ич да не му мислите и ич да не се срамите
 
  • Like
Реакции: Trajche and The Tramp

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,220
1,747
253
Интересна тема и баш ме потсети на младоста,едвај чекавме да дојде петок,па и сабота понекогаш да идеме во дискотека,обично одев во Мусандра(кај Гранд хотел).Не излегувавме секој ден како денес младиве.Тоа време сите чекавме да пуштат танго,па диџејот да извести "ајде женски бирајте партнер"па така срам не срам,срце во пети лупа,одиш и го каниш тој што ти се допаѓа,можеш и корпа да добиеш но битно си се обидела за да не ти биде криво.Додека трае музиката имаш време да го видиш убаво,да направиш некој моабет,го гледаш колку е висок,дали мириса или смрди,какви заби има ,ке ги собереш сите податоци,а можно е и да се заебеш во смисла ау овој бил глуп.Е сега,незнам на младите како може да им игра срце ,кога се овие нетовиве,ни се гледаат,ни мирисаат,незнае каков е,дали дебел, слаб,убав,идр.а се возбудуваат,си праќаат се живо и диво на невидено.Па уште кога ке слушнем и дека си договарат да се видат и излезат.Е тоа ние немавме,прво добро ке го видевме,анализиравме,ке се распрашавме кој е и што е па потоа на рандеву.
 
Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753

Озбилно мислиш дека ние денешниве млади ко што не викаш, немаме никаква допирна точка со светот, не сме излегле надвор воопшто, не сме ни трошка социјализирани, не знаеме како ни мириса партнерот зошто никогаш не сме го виделе и имаме сајбер врски и сексуалниот однос и односот воопшто ни е сведен на праќање сликички и гифови?

А и како подобро ќе запознаеш потенцијален партнер, во три минути за време на тангото каде што е стросан, нашминкан, предвреме спремен и навежбан или во долги разговори на нет кога има моменти кога ќе го начекаш и ранлив и разочаран, и во мигови кога и ќе ти ја отвори и душата...
Јас па ти/ви се чудам и дивам на способноста за време на еден танц да го анализираш човек и добро да го запознаеш.
 
  • Like
Реакции: Y1K991

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево

А јас пак тебе ти се чудам на способноста да проценуваш некој толку добро на нет. Демек е многу тешко да излажеш во живо, па на нет луѓето се најискрени.
 
Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
А јас пак тебе ти се чудам на способноста да проценуваш некој толку добро на нет. Демек е многу тешко да излажеш во живо, па на нет луѓето се најискрени.
Не дека јас можам, ја прашав каде подобро колку толку би го запознал карактерот на човек. Со триминутен танц или со долг разговор на нет. Кога човек сака да е искрен или не, не гледам разлика дали бил тука или разговарате очи во очи.
И јас лично верувам, можеби и грешам, дека особините што човек ги поседува не може да ги сокрие на нет, посебно ако долго време пишува некаде.
 
  • Like
Реакции: Y1K991

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Не дека јас можам, ја прашав каде подобро колку толку би го запознал карактерот на човек. Со триминутен танц или со долг разговор на нет. Кога човек сака да е искрен или не, не гледам разлика дали бил тука или разговарате очи во очи.
И јас лично верувам, можеби и грешам, дека особините што човек ги поседува не може да ги сокрие на нет, посебно ако долго време пишува некаде.
Тој триминутен танц е многу повеќе од доволен за старт. Можеш да видиш изглед (ако се лажеме тогаш Гвазимодо е најсекси маж во историјата), можеш да чуеш говор, можеш да видиш изрази на лице кои кажуваат многу повеќе од обичниот говор, можеш да почувствуваш допир кој исто така значи многу. После тој триминутен танц, средбата и разговорот би бил многу поубав отколку цепидлачење по нет и претпоставки за нечии чувства.
 
  • Like
Реакции: MoonFairy and diva orhideja

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Тој триминутен танц е многу повеќе од доволен за старт. Можеш да видиш изглед (ако се лажеме тогаш Гвазимодо е најсекси маж во историјата), можеш да чуеш говор, можеш да видиш изрази на лице кои кажуваат многу повеќе од обичниот говор, можеш да почувствуваш допир кој исто така значи многу. После тој триминутен танц, средбата и разговорот би бил многу поубав отколку цепидлачење по нет и претпоставки за нечии чувства.
Се тоа освен допирот и мирисот што го спомна орхидеја, можеш да го видиш и на камера..
Мада и триминутен танц и разговор на нет се малку за анализирање и носење заклучоци за некого, ама споредено едно со друго, мене разговорот и запознавањето на нет ми се за нијанса посоодветни за запознавање него три минути измешани емоции и поматен мозок.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Се тоа освен допирот и мирисот што го спомна орхидеја, можеш да го видиш и на камера..
Мада и триминутен танц и разговор на нет се малку за анализирање и носење заклучоци за некого, ама споредено едно со друго, мене разговорот и запознавањето на нет ми се за нијанса посоодветни за запознавање него три минути измешани емоции и поматен мозок.
Сериозно споредуваш средба тет-а-тет со гледање преку камера и разговор преку микрофон-звучник? Кој поматен мозок бе дејче? Зошто би имала поматен мозок ако некој те викнал на триминутен танц? Не те викнал на веридба, веројатно нешто му привлекло внимание и сака да ти пријде за да те запознае. Преку тие камери и нетови никогаш нема да увидиш искреност.
 
  • Like
Реакции: diva orhideja

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Сериозно споредуваш средба тет-а-тет со гледање преку камера и разговор преку микрофон-звучник? Кој поматен мозок бе дејче? Зошто би имала поматен мозок ако некој те викнал на триминутен танц? Не те викнал на веридба, веројатно нешто му привлекло внимание и сака да ти пријде за да те запознае. Преку тие камери и нетови никогаш нема да увидиш искреност.
Јас колку што разбрав онаа личност што ја бирале за танц им бил дечкото што го меркале. И од тука тој поматен мозок, идеализирање на моментот, посебно кога си женско...
И пак ќе речам не дека е подобро да запознаеш некого на нет, него кога веќе го раздлабочивме муабетот и правиме споредби, ти кажувам дека тој вид запознавање си има предност пред моментот со танцот. Не воопшто предност пред запознавањето во живо.