Е косата ми се крева кога ќе прочитам за ова „слабеење“ со апчиња. Па уште и нивна препорака.
Добро бе девојки, зарем навистина мислите дека слабеете всушност?
Се истоштувате, го шокирате организмот. Тврдам дека по престанување со пиење ќе си ги вратите килограмите, за 2-3 месеци преку сила.
Тие килограми не сте ги добиле преку ноќ, па нема да ги симнете со некоја магична таблетка која во меѓувреме партал ви ги прави хормоните.
Тие килограми се таложеле месеци и месеци, години можеби, па затоа ви требаат и месеци за да ги симнете.
Здраво може да ослабете со внимавање на исхрана и ВЕЖБАЊЕ. Впрочем, досадна сум си, имам веќе пишувано за ова.
Сите сакате преку ноќ резултати, евентуално за еден месец. Соочете со реалноста, спознајте си го организмот, видете што ви годи.
А насловов пак на темава „Итно ми треба да ослабам“
Е ајде де, превземете нешто итно, ама не очекувајте итни резултати. Не се уништувајте со хемикалии.