Итно ми треба да ослабам

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Само со правилна исхрана и доста вежбање ќе дојдеш до вистинскиот резултат. Секако овој режим си бара и посебно внимание,а и голема упорност. Се се може ако се сака :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Iskra*-*

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас бев ептен тешка категорија, од почеток на декември до сега имам поинаков начин на исхрана. Го исфрлив брашното и компирот од употреба. Во почетокот ми беше многу тешко, затоа што јас без тестенини и леб не можев да опстанам па знаев да се скријам и да јадам скришно. Исто жена ми знаеше да дојде да ме фати за уши и да ме испотепа. (шала :) )
После тој тежок период почна да ми доаѓа навиката. Денес јадам без леб без проблем. Јадам буквално се’ друго, и тоа количниски. А слабеам. Од декември до сега имам симнато 20 килограми. (заокружив инаку се 24) :)
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Сакам да ослабам толку само за да ми биде рамен стомакот бидејќи тоа единствено ми смета..За кг не знам колку би било точно тоа бидејќи ако речам 10кг многу ќе ми бидат барем 6-7..Со диети не сакам да се окупирам знам многу случаеви кај што завршиле на раб на анорексија и затоа сум голем противник на диети а и од дома како уште поголеми противници на диетите кога ќе ме приметат дека држам диета веројатно едвај ќе се извлечам ..
Не ми треба диети само здрав начин на исхрана ..лебот и прженото веќе го изоставив,ја намалив количината на храната која ја внесувам...чекам целта да ми се исполни иако знам дека ќе чекам ама барем знам дека ќе се испалти :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and Bibi@

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Е косата ми се крева кога ќе прочитам за ова „слабеење“ со апчиња. Па уште и нивна препорака.
Добро бе девојки, зарем навистина мислите дека слабеете всушност?
Се истоштувате, го шокирате организмот. Тврдам дека по престанување со пиење ќе си ги вратите килограмите, за 2-3 месеци преку сила.
Тие килограми не сте ги добиле преку ноќ, па нема да ги симнете со некоја магична таблетка која во меѓувреме партал ви ги прави хормоните.
Тие килограми се таложеле месеци и месеци, години можеби, па затоа ви требаат и месеци за да ги симнете.
Здраво може да ослабете со внимавање на исхрана и ВЕЖБАЊЕ. Впрочем, досадна сум си, имам веќе пишувано за ова.
Сите сакате преку ноќ резултати, евентуално за еден месец. Соочете со реалноста, спознајте си го организмот, видете што ви годи.
А насловов пак на темава „Итно ми треба да ослабам“ |-(
Е ајде де, превземете нешто итно, ама не очекувајте итни резултати. Не се уништувајте со хемикалии.
 

MountainMan

Активен Член
29 јануари 2013
96
151
33
K2 Pakistan
ти итно не си се здебелила па сеа итно и да ослабиш, заборави на такви работи. Ако планираш 10кг за месец дена ОК ама после оди одма на болница ;) Среди тоа исхраната, физичка активност (теретана или ако имаш дома орбитрек/собен велосипед), не јади Junk Food и тоа среди го не само за матура сеа после ај по старо, туку за секогаш. Еден ден ке бидеш горда на целата пот што си ја дала за добар изглед и здравје. Толку од мене, а брзо слабеење заборави одма! Не си се здебелила преку ноќ па сеа и да ослабиш преку ноќ ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
1недела 3 килограми ослабев!! Без диета, туку друг режим на храна... Која сака да ослабе писете ПП

Бројката одма ми кажува дека начинот на која си ослабела за 1 недела не штима, така да кај и да е ќе си вратиш од тие 3, 5 назад...
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Мислам дека имам некаде пишано за апчињата на слим лине, ги имам и јас пиено, од едни капсули, ослабев 12 кг... немав никакви штетни последици, секако си ги следев правилата по кои треба да се пијат... и не си ги вратив килограмите, ма ни килце, сега накачив пак, 10 кг сигурно, за некој месец ќе почнам повторно со нивна употреба, така да воопшто не се секирам од таа страна :D
 

Sara.Be

Нов член
15 февруари 2013
13
7
3
Prilep
Да ви кажам само дека ако држете диета нема да ослабете! Сестра ми држеше едно време и никако да ослабе ама подоцна почна да внимава на исхраната, не јадеше ништо мрсно и ослабе.. А ја никако па да ослабам и еднаш се скаравме со татко ми и не можев да јадам и ослабев малку.. :)