Зошто многу луѓе не веруваат во Библијата како Божји збор?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Многу луѓе не веруваат во Божјите зборови затоа што мислат дека тоа се само празноверија и глупости, заслепени од сопствената горделивост која не им дозволува да погледнат околу себе и да ја согледаат вистината која што Бог им ја дарува. Истите тие луѓе имаат постојана потреба да ги исмејуваат луѓето кои што всушност веруваат во Бога и успеале да ја спознаат Божјата љубов но кога ќе дојде судниот ден и нивните гревови ќе бидат вагани тогаш можеби и ќе покажат некое покајание за се` она што го правеле во својот живот.
Се` ова е точно што го кажуваш за исмевањето.
Има такви верници ни криви ни дужни, си веруваат но не сакаат да си ја експонираат таа верба во својата вера. Таквите ми се многу по ок од некои атеисти кои константно за да се докажат во друштво на секакви, почнуваат со исмевање без да погледнат лево-десно.
А има и онакви верници дам-бетер од секаков атеист, закрепостени во своите верувања... но тие не застануваат тука. Тие забегуваат во дискусии, (најчесто дебати кои завршуваат со монолози) во кои нема никаков простор за докажување дека бог не постои. Значи тие си ја фураат својата вера, се нетолерантни на се` што е против нивното тесноградо согледување на религијата воопшто, бараат влакно во јајцето, не се запознаени буквално никако со својата религија која им проповеда да бидеш толерантен кон окружувањето. Тие ми се најконтрадикторни личности кои икад сум ги запознал.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Saladin мене па најјаки ми се атеисти што постојано ми кажуваат цитати од Карлин, Докинс и сл. Јас тие ги рамнам со закоравени верници.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Saladin мене па најјаки ми се атеисти што постојано ми кажуваат цитати од Карлин, Докинс и сл. Јас тие ги рамнам со закоравени верници.
Ај Докинс, Карлин. А оние кои мешаат баби и жаби?
Ги има и такви атеистички „верници“ кои без сопствен рационален ум, слепо веруваат во пишани туѓи зборови.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Јас Докинс не го обичам пошто не сакам луѓе кои се трагично родени без смисла за хумор. Не знам како го живее животот со толку негативен поглед врз светот ама тоа си е негова работа. Му ја прочитав The God Delusion но јас сум повеќе Live and let live тип на чоек.

Карлин од друга страна е цар.

Постојат иначе и други причини зошто човек не верува во напишаното во библијата, покрај горделивоста. Мене на пример, и кога бев верник, едноставно ни немаше смисла. На повеќето луѓе не им е потребна ни смисла ни логика, јас сум рационален лик и во еден период кога решив дека треба конечно да го дефинирам својот поглед на светот, во мене преовлада рационалното.

Постојат разни причини да се биде атеист, исто како што постојат разни причини да се биде верник. Никогаш не можеш да ги ставиш сите во ист кош.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас немам читано ништо апсолутно од Докинс, нити пак имам мерак да го читам/гледам Карлин и слични ним. Не ми пречат воопшто тие затоа што си имаат некој свој поглед, туку ме нервираат луѓе што од нив прават богови и ако Карлин рекол нешто овие го сфаќаат тоа ко света реч. Исто ми е дали е заслепен верник или квази-атеист кој само ми проповеда Карлин или Докинс или рандом Петкан.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За кого, за Карлин и Докинс? Немам став за нив, велам дека не ми пречат за да не дојде до забуна дека уствари ги хејтам нив двајца. Мојот став е за луѓе кои што се колнат во нивните зборови.
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
И јас бев верник и тоа голем,често сум се молел,во црква сум одел,и Библијата ми е прочитана и за се сум му се молел на Бог де боже здравје, де боже успех,боже воа боже ноа...арно ама една ден ми скурчи на некој начин да се навалувам на некој т.н Бог пишан во книга стара 2000 години помината низ секакви раце,и си реков:Чекај малце успори со богов помагај си сам.И сега самодовербата ми е уште поголема,научив дека "Бог" е уствари во мене.Научив да не го правам тоа што не сакам да ми го прават мене,научив да ги ценам другите луѓе и различните ставови и да учам од нив за погледот кон животот.Ама најголема причина зошто сум станал атеист,фактот кој што мора да го признаете "верниците" е дека религијата само ги дели луѓето на вакви и такви.Никој не е роден ни христијанин ни муслиман и никој не е должен да верува во (за мене апсурди) што му ги наметнува околината.За мене животот претставува само престој на планетава и сакам да го зграбам тој живот ама не според некоја си книга за некој си бог.После животот кај одиме никој не знае,затоа си се сакам сам себе си на прво место,ги сакам другите без разлика дали спијат со маж или со жена,дали се црни или бели,дали се атеисти или верници,ја почитувам природата у глобала,го сакам и животот и за мене Бог е Земјата.
 
Последна промена:

Priroden

Староседелец
4 октомври 2012
140
95
1,038
Јас Докинс не го обичам пошто не сакам луѓе кои се трагично родени без смисла за хумор. Не знам како го живее животот со толку негативен поглед врз светот ама тоа си е негова работа. Му ја прочитав The God Delusion но јас сум повеќе Live and let live тип на чоек.
https://en.wikipedia.org/wiki/Richard_Dawkins#Documentary_films
The Root of All Evil ти е документарецот за God Delusion
Изглеај ги сите документарци, феномен е човекот ќе видиш и смисла за хумор :D Иако не знам каква смисла за хумор ти е потребна за да сфатиш наука.
Да не се објаснувам ми се спие сеа, ќе пишам утре поголемо мислење.


Јас немам читано ништо апсолутно од Докинс, нити пак имам мерак да го читам/гледам Карлин и слични ним. Не ми пречат воопшто тие затоа што си имаат некој свој поглед, туку ме нервираат луѓе што од нив прават богови и ако Карлин рекол нешто овие го сфаќаат тоа ко света реч. Исто ми е дали е заслепен верник или квази-атеист кој само ми проповеда Карлин или Докинс или рандом Петкан.
Го неам читано Карлин, али за Докинс можам до утре да ти дискутирам.
Разликата е што тој е врвен научник, животот го поминал во истражувања за еволуција и настанок на светот. А верниците цитираат мислења од библија?
Како биолог, срам ми беше на дискусија на предавања креационизам вс еволуција, да седам во иста просторија, со луѓе без став, без навреда такви беа, со ништо не придонесуваа за дискусијата. Верувале пошо правело да се осетат добро? За промена книга да прочитаа добро ќе беше.

Стварно верувате дека светот постои 5000-6000 години како што тврдат голем број од креационистите?

Ќе пишам подолго мислење.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Priroden да си бидеме на чисто, јас се противам на креационизмот и сметам дека еволуцијата е она кое не` води, но имам многу против кога луѓе кои ми зборат за атеизам од уста не го вадат Карлин. Ни јас ги немам читано нити Докинс, нити Карлин, отприлика знам што биле нивните ставови. Не мора да читаш Докинс или Карлин за да оформиш став (или рандом Петкан).