Зошто многу луѓе не веруваат во Библијата како Божји збор?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,273
1,183
Disco
Многу поимови од библијата се споредбено- метафорични поимови кој ден денес се присутни, интересно е што и оние кој не се верници ги толкуваат така како што се напишани ,наместо да се дистанцираат со тоа што ќе покажат нов поглед во текстовите.
Очигледно е дека,за да го докажат непостоењето на некаков бог ќе се користат со истите текстови во кој верниците веруваат, при тоа давајќи буквален превод во кој е неразумно да се верува.:facepalm2
Навистина само "мртви" танцуваат во Ерусалим = календар
безгрешно зачнување....постои,но не начин кој што мислиш...зборуваме за духовна книга,не телесна,а ти гледам само телесното ти е на ум.:(

Скрши го мразот за бришење пост, почни со својот!
Кои се метафорични а кои буквални, дали има стандардизирана интерпретација или сите `свети` списи по светот од Сумер наваму се anybody`s bitch? Кој е надлежен да каже што е што и да разграничи? Дали да го слушаме некој православен поп од мпц или некој методист од алабама? Дали јеховашите се во право или мормоните?
Вук Драшковиќ кажал читај како што е напишано па така и неверниците си читаат како шо е напишано. Ако таму си пишува дека лешевите оделе по улица - тоа значи дека оделе по улица. Која е метафората со лешевите?! Каков календар?

Освен тоа ако светата книга е божја објава тогаш секој збор во неа е буквален, божје слово и реч. А тоа значи дека секој обид да се толкува и интерпретира божјата реч е грев. И тоа смртен! Зошто? Затоа што гордоста е смртен грев. А претпоставување на супериорност на човеково толкување вс. божја објава и обмисла како што си постои во светото писмо е бајаги екстремна гордост...или твојот Бог е во право или ти си во право...или методистот од алабама, не може сите да се во право.

Оттука следи еден чуден заклучок, а тоа е дека неверниците имаат поголем респект кон божјата објава него верниците :franticбидејќи не се обидуваат да си го толкуваат во своја корист она кое е јасно наведено во светите списи.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
@alf ако ти избришал пост или се поставил „повисоко“ од тебе само затоа што е модератор некој слободно кажи. Јас во постовите не гледам такво нешто и не гледам некој да избришал мислење само затоа што се коси со неговите ставови. Ако очекуваш затоа што е модератор само да молчи тогаш веројатно погрешна претстава имаш за форумите и нивното функционирање.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
Не си во право. Се и сешто може да се протолкува како навреда или провокација ако гледаме вака. Дали не е навреда на пример тоа што христијаните и муслиманите контекстот "пагански" го користат во деградирачка смисла? Или термините "неверник", " грешник" и слично. Што ако за мене е навреда некој да ме смета за "грешник"? Дали треба да му го избришеме постот или да го казниме?
Или што ако некој коментира дека тројството е смешно и нереално? Или дека Мухамед според денешните стандарди бил педофил? Каде е црвената линија ако секој се навредува за се и сешто?
Сосема е во ред да се поставиш спротивно од тоа што за тебе е погрешно и таков вид на дискусија не само што е корисен туку и е неопходен за меѓусебно доближување на разлики по било која основа, па и да не се доближат битно е да се разменат спротивностите на еден човечки начин.
Спротивно на тоа е она што го промовира нашиот модератор, на негов својствен начин иронично и цинично да се исмејува све она што за него е неразумно , каде наместо да се доближат спротивностите уште толку се продлабочуваат, зборувам за начин на комуникација,начин на изразување и при тоа не се бираат зборови.
Кои се метафорични а кои буквални, дали има стандардизирана интерпретација или сите `свети` списи по светот од Сумер наваму се anybody`s bitch? Кој е надлежен да каже што е што и да разграничи? Дали да го слушаме некој православен поп од мпц или некој методист од алабама? Дали јеховашите се во право или мормоните?
Тебе не ти е до цитатите и како тие се толкуваат , тебе ти се трн во око верниците , сигурен сум дека ти доаѓа и нагон за повраќање со самата помисла на верник,нешто во кое ти не би можел да се идентификуваш.Затоа текстовите се само добро орујже за да ги исмејуваш.
Ејјј модератор на религија...:facepalm2
Вук Драшковиќ кажал читај како што е напишано па така и неверниците си читаат како шо е напишано. Ако таму си пишува дека лешевите оделе по улица - тоа значи дека оделе по улица. Која е метафората со лешевите?! Каков календар?
И да ти напишам и објаснам залудно ќе биде!
Освен тоа ако светата книга е божја објава тогаш секој збор во неа е буквален, божје слово и реч. А тоа значи дека секој обид да се толкува и интерпретира божјата реч е грев. И тоа смртен! Зошто? Затоа што гордоста е смртен грев. А претпоставување на супериорност на човеково толкување вс. божја објава и обмисла како што си постои во светото писмо е бајаги екстремна гордост...или твојот Бог е во право или ти си во право...или методистот од алабама, не може сите да се во право.

Оттука следи еден чуден заклучок, а тоа е дека неверниците имаат поголем респект кон божјата објава него верниците :franticбидејќи не се обидуваат да си го толкуваат во своја корист она кое е јасно наведено во светите списи.
Светата книга е интерпретација на животот и смртта на човек и ништо повеќе, во него се содржани сите спротивности кој произлегуваат од тие две работи.
Се даваат споредби за сите емотивни состојби,сите мисловни работи кој се појавуваат од раѓањето на човекот, па се до неговата смрт и сето тоа во една безвременска приказна која ќе им биде како завеса на луѓето дури не ги доживеат сите свои промени и вклучувајќи ја и смртта.
Отука следи дека додека не доживеете смрт, верник и неверник,грешник или праведник ќе бидат само "камења" со кој ќе фрлате кон вашите спротивности штитејќи го животот(или она што за вас преставува живот).:(
@alf ако ти избришал пост или се поставил „повисоко“ од тебе само затоа што е модератор некој слободно кажи. Јас во постовите не гледам такво нешто и не гледам некој да избришал мислење само затоа што се коси со неговите ставови. Ако очекуваш затоа што е модератор само да молчи тогаш веројатно погрешна претстава имаш за форумите и нивното функционирање.
Во ред е existence , недоволното искуство, очаен од општествениот систем и животот на твојот колега ,секогаш ќе биде настроен на иронија и цинизам,веќе сме навикнати на неговите постови.
Незнам кој го предложил да биде модератор,сеуште му е рано за тоа.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,273
1,183
Disco
@alf ако ти избришал пост или се поставил „повисоко“ од тебе само затоа што е модератор некој слободно кажи. Јас во постовите не гледам такво нешто и не гледам некој да избришал мислење само затоа што се коси со неговите ставови. Ако очекуваш затоа што е модератор само да молчи тогаш веројатно погрешна претстава имаш за форумите и нивното функционирање.
Нема никакво избришано мислење, алф сака да глуми жртва само :zelen

Сосема е во ред да се поставиш спротивно од тоа што за тебе е погрешно и таков вид на дискусија не само што е корисен туку и е неопходен за меѓусебно доближување на разлики по било која основа, па и да не се доближат битно е да се разменат спротивностите на еден човечки начин.
Спротивно на тоа е она што го промовира нашиот модератор, на негов својствен начин иронично и цинично да се исмејува све она што за него е неразумно , каде наместо да се доближат спротивностите уште толку се продлабочуваат, зборувам за начин на комуникација,начин на изразување и при тоа не се бираат зборови.

Тебе не ти е до цитатите и како тие се толкуваат , тебе ти се трн во око верниците , сигурен сум дека ти доаѓа и нагон за повраќање со самата помисла на верник,нешто во кое ти не би можел да се идентификуваш.Затоа текстовите се само добро орујже за да ги исмејуваш.
Ејјј модератор на религија...:facepalm2

И да ти напишам и објаснам залудно ќе биде!

Светата книга е интерпретација на животот и смртта на човек и ништо повеќе, во него се содржани сите спротивности кој произлегуваат од тие две работи.
Се даваат споредби за сите емотивни состојби,сите мисловни работи кој се појавуваат од раѓањето на човекот, па се до неговата смрт и сето тоа во една безвременска приказна која ќе им биде како завеса на луѓето дури не ги доживеат сите свои промени и вклучувајќи ја и смртта.
Отука следи дека додека не доживеете смрт, верник и неверник,грешник или праведник ќе бидат само "камења" со кој ќе фрлате кон вашите спротивности штитејќи го животот(или она што за вас преставува живот).:(

Во ред е existence , недоволното искуство, очаен од општествениот систем и животот на твојот колега ,секогаш ќе биде настроен на иронија и цинизам,веќе сме навикнати на неговите постови.
Незнам кој го предложил да биде модератор,сеуште му е рано за тоа.
Што бре да се доближува, ирационалните пустински фантазии да ги ставиме на исто ниво со научниот метод? Да им дадеме шанса? Пола планета ја сотреа во најтешки маки религиските глупости, еден Џемс Ват повеќе вреди од сите свети книги заедно.

...и од кога ќе умриме ќе дознаеме дека религиите биле во право, афтомацки пред свети петре со тасот коа ќе ги мери гревоите.:kafe Праведните во рајот а грешниците ба дум тссс во казаните. И си веруваш во тоа? Не те навредува самиот концепт како човечко битие? Мене туѓ срам ме мава што постои раја која верува во такви прикаски. И жал ми е, пошто овоземниот живот ви го прават пекол а ве издрилале да ја оставате надежта во задгробна егзистенција.

Доживување смрт бе :facepalm2:x:patos
Ако ти смета иронија имаш опции за игнорирање, ако веќе не сфаќаш како функционира форум како платформа јас не можам да ти помогнам во тоа, мојата модераторска задача е извршена бескпрекорно и феноменално.:showoff
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
Нема никакво избришано мислење, алф сака да глуми жртва само :zelen



Што бре да се доближува, ирационалните пустински фантазии да ги ставиме на исто ниво со научниот метод? Да им дадеме шанса? Пола планета ја сотреа во најтешки маки религиските глупости, еден Џемс Ват повеќе вреди од сите свети книги заедно.
Кој е сега жртвата,се чуствуваш загрозен?
...и од кога ќе умриме ќе дознаеме дека религиите биле во право, афтомацки пред свети петре со тасот коа ќе ги мери гревоите.:kafe Праведните во рајот а грешниците ба дум тссс во казаните. И си веруваш во тоа? Не те навредува самиот концепт како човечко битие? Мене туѓ срам ме мава што постои раја која верува во такви прикаски. И жал ми е, пошто овоземниот живот ви го прават пекол а ве издрилале да ја оставате надежта во задгробна егзистенција.

Доживување смрт бе :facepalm2:x:patos
Ако ти смета иронија имаш опции за игнорирање, ако веќе не сфаќаш како функционира форум како платформа јас не можам да ти помогнам во тоа, мојата модераторска задача е извршена бескпрекорно и феноменално.:showoff
Толку ли е тешко да напишеш -- Во ред алф,тое е твое мислење,иако јас неможам да се сложам со истото,можеби разликите во нашите доживувања не одалечуваат ,но тоа не значи дека не треба да ги споделиме. ... кратко културно без исмејување и понижување кон тоа што другиот верува или му е филозофија на живеење,а при тоа никого не навредува,омаловажува или исмејува,односно е во рамиките на оној правилник кој ТИ треба да го спроведуваш.

Не мислам дека твојата задача како модератор е беспрекорна и феноменална , отстапуваш од самиот правилник , карактерно не одговараш за тоа место , спротивностите ти предизвикуваат гнев, не почитуваш туѓи мисли (тоа е мое мислење).

Не гледам, што е смешно во тоа доживување смрт? Ќе дојде време ќе доживееш,се надевам ќе ти остане време да го споделиш со нас тоа искуство!
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,273
1,183
Disco
Кој е сега жртвата,се чуствуваш загрозен?

Толку ли е тешко да напишеш -- Во ред алф,тое е твое мислење,иако јас неможам да се сложам со истото,можеби разликите во нашите доживувања не одалечуваат ,но тоа не значи дека не треба да ги споделиме. ... кратко културно без исмејување и понижување кон тоа што другиот верува или му е филозофија на живеење,а при тоа никого не навредува,омаловажува или исмејува,односно е во рамиките на оној правилник кој ТИ треба да го спроведуваш.

Не мислам дека твојата задача како модератор е беспрекорна и феноменална , отстапуваш од самиот правилник , карактерно не одговараш за тоа место , спротивностите ти предизвикуваат гнев, не почитуваш туѓи мисли (тоа е мое мислење).

Не гледам, што е смешно во тоа доживување смрт? Ќе дојде време ќе доживееш,се надевам ќе ти остане време да го споделиш со нас тоа искуство!
Ете ти сега пак, на непознат човек, некој лик од форум му посакуваш смрт, мислам сериозно...

Не оди тоа така. Може да имаме различно мислење во тема која дозволува нешто такво, ете на пример кој е појак Арсенал или М.Јунајтед но во случајот имаме мислење вс. факт.
Кога се работи за злосторничка организација која сее зло со илјадиници години (организираната религија) која го намачи човештвото и го зави во црно, тогаш нема простор за тоа. Или си на страната на доброто или злото.
Се е тоа фино, мислења, ставови верувања и слично али фактот кој те вознемири и возбуди останува - а тоа е дека постојат верници кои ја хејтаат научната теорија на еволуцијата поради некомплетност а истовремено веруваат во натприродни сили, духови, ангели, демони и секакви чудесии - си останува факт.
Не оди тоа така, тоа е логичка недоследност која раѓа лицемерие, цензура, едноумие, страв и параноја, а тоа се лоши работи.

Мојата задача како модератор досега е извршена прекрасно, без казни, бришења, опомени и банови, едноставно и елегантно.
Ако тебе не ти се допаѓаат моите писанија тоа не значи дека не чини моето модераторство, сфаќаш? има разлика тука.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
Ете ти сега пак, на непознат човек, некој лик од форум му посакуваш смрт, мислам сериозно...
Не посакав ништо, него ти го разбираш така како ти одговара.
Дали ќе ти биде полесно ако напишам да дочекаш внучиња да шеташ, но тоа не го исклучува фактот дека кога ќе дојде времето секој човек ќе се соочи со смртта.
Тоа го кажував во контекст на темата,една од причините поради кој постојат верски книги и поделби по филозофско - верска припадност е токму смртта, која е непозната и неосознаена од страна човекот,со исклучок на оние кој допреле до неа и на човечки јазик пробале да ја интерпретираат.
На крај краева,смртта е секогаш сенка на животот, колку и да ти звучи смешно, сакал ти или не,ти било смешно или тажно сепак тоа е факт!
Не оди тоа така. Може да имаме различно мислење во тема која дозволува нешто такво, ете на пример кој е појак Арсенал или М.Јунајтед но во случајот имаме мислење вс. факт.
Што е тоа Арсенал? - оружје некое? Ова другово е град!

Кога се работи за злосторничка организација која сее зло со илјадиници години (организираната религија) која го намачи човештвото и го зави во црно, тогаш нема простор за тоа. Или си на страната на доброто или злото.
Се е тоа фино, мислења, ставови верувања и слично али фактот кој те вознемири и возбуди останува - а тоа е дека постојат верници кои ја хејтаат научната теорија на еволуцијата поради некомплетност а истовремено веруваат во натприродни сили, духови, ангели, демони и секакви чудесии - си останува факт.
Не оди тоа така, тоа е логичка недоследност која раѓа лицемерие, цензура, едноумие, страв и параноја, а тоа се лоши работи.
Прво, зло или добро се лични индивидуални интерпретации ,а може да се и наметнати од општеството.
Односно она што преставува зло за тебе ,за друг е добро,зависи како гледаш на работите.
Второ, не можеш сите луѓе да ги ставиш во исти кош,да ги поврзеш со илјадници години од постоењето на некоја религија и да впериш прст кон нив како најглоемо зло.
Трето, можат да веруваат во што сакаат,немаш никакво право тоа да им го забраниш.

Мојата задача како модератор досега е извршена прекрасно, без казни, бришења, опомени и банови, едноставно и елегантно.
Ако тебе не ти се допаѓаат моите писанија тоа не значи дека не чини моето модераторство, сфаќаш? има разлика тука.
Модератор треба да биде неутрален,(со твој речник кажано, да не е навивач на еден тим - или да не покажува симпатии),да не потикнува верска и религиска омраза, да не омаловажува или исмејува верници и она во што тие веруваат.Сигурно се препознаваш,ако имаш едно од ова тоа значи дека твоите судови ќе бидат пристрасни.

Оди пробај се во пдф Спорт или Играчница , тоа се добри места за твојот сарказам.:)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
@alf модератор треба да е неутрален кога станува збор за модерирање. Ако пример ти избрише мислење само затоа што имаш различен став од неговиот тогаш е некомпетентен модератор. Ако дозволува да се шири говор на омраза или лични навреди тогаш е некомпетентен модератор. Ама ако напишал пост со кој си го искажал мислењето ондак не е лош модератор туку како и секој член на форумот си го искажува мислењето.
 
  • Like
Реакции: Abraxas

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
@alf модератор треба да е неутрален кога станува збор за модерирање. Ако пример ти избрише мислење само затоа што имаш различен став од неговиот тогаш е некомпетентен модератор. Ако дозволува да се шири говор на омраза или лични навреди тогаш е некомпетентен модератор. Ама ако напишал пост со кој си го искажал мислењето ондак не е лош модератор туку како и секој член на форумот си го искажува мислењето.
Ако искажува мислење тогаш е ок, незнам за тебе ама за мене, мислење не е исто што и исмејување.
Тоа повеќе кажано да изгледа занимлив, впечатлив, не дека кажа нешто умно ,туку дека - еве можа да ги исмејувам сите верници и никој ништо не ми може.
Многу ниозок пост, за некој кој треба да дели правда во подфорумот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,273
1,183
Disco
Не посакав ништо, него ти го разбираш така како ти одговара.
Дали ќе ти биде полесно ако напишам да дочекаш внучиња да шеташ, но тоа не го исклучува фактот дека кога ќе дојде времето секој човек ќе се соочи со смртта.
Тоа го кажував во контекст на темата,една од причините поради кој постојат верски книги и поделби по филозофско - верска припадност е токму смртта, која е непозната и неосознаена од страна човекот,со исклучок на оние кој допреле до неа и на човечки јазик пробале да ја интерпретираат.
На крај краева,смртта е секогаш сенка на животот, колку и да ти звучи смешно, сакал ти или не,ти било смешно или тажно сепак тоа е факт!

Што е тоа Арсенал? - оружје некое? Ова другово е град!


Прво, зло или добро се лични индивидуални интерпретации ,а може да се и наметнати од општеството.
Односно она што преставува зло за тебе ,за друг е добро,зависи како гледаш на работите.
Второ, не можеш сите луѓе да ги ставиш во исти кош,да ги поврзеш со илјадници години од постоењето на некоја религија и да впериш прст кон нив како најглоемо зло.
Трето, можат да веруваат во што сакаат,немаш никакво право тоа да им го забраниш.


Модератор треба да биде неутрален,(со твој речник кажано, да не е навивач на еден тим - или да не покажува симпатии),да не потикнува верска и религиска омраза, да не омаловажува или исмејува верници и она во што тие веруваат.Сигурно се препознаваш,ако имаш едно од ова тоа значи дека твоите судови ќе бидат пристрасни.

Оди пробај се во пдф Спорт или Играчница , тоа се добри места за твојот сарказам.:)
Не разбираш и си правиш некои филмови, цели сценарија си напиша. Каква пристрасност? Покажи каде, кој пост е избришан, кој е опоменат, кој е казнет или баниран па да видиме за каква пристрасност се работи. Ако не можеш (а не можеш пошто нема такво нешто) тогаш подобро молчи си, за твое арно, чисто ради избегнување бламажа.
Друго, никако не разбираш како функционира една платформа како форум, јас не можам да ти помогнам ете и егзистенс се обиде ама гледам дека не оди.
Не ме мрзи пак да ти објаснам, значи модератор не треба да биде мод или да не биде во зависнот од желбата на некој си јузер, не мора да биде религиозен и може слободно да постира како и секој друг член.

Тебе силно те возбуди постот за кој сеуште ништо не кажа, во кој напишав факти околу логичката неконзистентност на религиозна раја која верувајќи во потполно измислени глупости се ангажира против научна теорија. Наместо да шириш наоколу можеш слободно да го цитираш и да го побиеш тврдењето а ако не можеш, молчи си и верувај си.

А другово, разглабања добро и зло биле интерпретации, да ја доживееш смртта бла бла сето се тоа ирационални искази со кои не планирам да се замарам ниту на виртуелно ниво, познати ми се последиците од целосно предавање на ирационалното, го гледам тоа јасно од твоите постови и мене ми е навистина жал.:(