Зошто многу луѓе не веруваат во Библијата како Божји збор?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
А зошто не би можел да си каже тоа што мисли ако е модератор? Ако веќе упати лични навреди тогаш да разговараме за компетентност.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,273
1,183
Disco
:facepalm2 кого ставиле да биде модератор:facepalm2
Верувај ти во што сакаш,припаѓај каде сакаш, тоа е твој личен избор,но барем како модератор воздржи се од цинични и иронични изјави.
Ако си заземал страна,во ред е,сакаш биди секташ,за мене е ок,исто како што е во ред (барем за мене) да имаа спротивни,односно верници.
Овде сме да дебатираме за разликите, а не со разликите да омаловажуваме секој што е споротивно од она што си ти.

Преиспитај ги твоите ставови,ако не умееш да балансираш, тогаш на твојот цинизам ќе треба да реагира некој админ.(ако сеуште постои човечко во некој)

п.с. иднината нека биде ваша(handshake)
Не се нервирај, изгледа имаш опсесија за критикување на клетата администрација, не знам оти така :^)
Модерирањето не подразбира припаѓање на религија. Како што модерирањето во музика не значи дека некој треба да е бубњар или во филм - студент на драмски. Модерирањето е алатка за одржување ред и ништо повеќе а ставовите на модераторот се независни од тоа, се додека се држи до правилата, како и сите други. Може да е и неверник и секташ и рисјан и алаху-акбар и чифут и како таков да постира свои мислења.
Дали некому смета или го иритира реална или замислена иронија или сарказам е тотално неважно.
Мојот став е логички конзистентен а ако логиката и фактите некому сметаат - тоа е негова ствар.

Многу нежни ова верниците бе, дај нешто противаргумент, факт, дискусија едно друго а не веднаш со емоции, не е добро тоа, милиони години требаше да се научиме да контролираме емоции и инстинкти.

Факат е дека религиозните кои ја хејтаат теоријата на еволуција веруваат истовремено во натприродни чудесии, тоа ти е...
 
  • Like
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87

Очигледно си пропуштил да ги прочиташ правилата на форумот, да те потсетам.

9. Кога пишувате пост на некоја тема особено обрнете внимание на начинот со кој се обраќате кон останатите членови на форумот. Коментирајте ги ставовите на членовите, но не навредувајте ги. Закани, навреди, понижувања, уцени и расправии нема да се толерираат, а најстрого ќе бидат санкционирани навреди од расна, национална, или верска природа кон некој од членовите на „Црнобело форум“ .

Дали некому смета или го иритира реална или замислена иронија или сарказам е тотално неважно.
Мојот став е логички конзистентен а ако логиката и фактите некому сметаат - тоа е негова ствар.
Логичен или не логичен, се изрази на неадекватен начин,омаложувајќи,исејувајќи го секој што е верник,можеше истот да го кажеш и на поинаков начин.
Многу нежни ова верниците бе, дај нешто противаргумент, факт, дискусија едно друго а не веднаш со емоции, не е добро тоа, милиони години требаше да се научиме да контролираме емоции и инстинкти.

Факат е дека религиозните кои ја хејтаат теоријата на еволуција веруваат истовремено во натприродни чудесии, тоа ти е...
Факт е дека прекрши правило,а другото е лично сваќање.
А зошто не би можел да си каже тоа што мисли ако е модератор? Ако веќе упати лични навреди тогаш да разговараме за компетентност.
Секој може да искаже свој личен став кој што е во рамките на правилникот на форумот.Независно дали е член или модератор.
Имате правило имате член/модератор кој го прекршил,очекувам да се санкционира според правилата.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
@alf како е навреда тоа што некој кажал дека за него е логична еволуцијата и не му се јасни луѓето кои не ја прифаќаат поради приказни кои имаат претворање вода во вино, враќања од мртвите итн? Да затвориме религија форум или да го направиме да владее едноумие и да биде забрането да се пишува против?
 
  • Like
Реакции: Abraxas

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,273
1,183
Disco
Очигледно си пропуштил да ги прочиташ правилата на форумот, да те потсетам.

9. Кога пишувате пост на некоја тема особено обрнете внимание на начинот со кој се обраќате кон останатите членови на форумот. Коментирајте ги ставовите на членовите, но не навредувајте ги. Закани, навреди, понижувања, уцени и расправии нема да се толерираат, а најстрого ќе бидат санкционирани навреди од расна, национална, или верска природа кон некој од членовите на „Црнобело форум“ .

Логичен или не логичен, се изрази на неадекватен начин,омаложувајќи,исејувајќи го секој што е верник,можеше истот да го кажеш и на поинаков начин.

Факт е дека прекрши правило,а другото е лично сваќање.

Секој може да искаже свој личен став кој што е во рамките на правилникот на форумот.Независно дали е член или модератор.
Имате правило имате член/модератор кој го прекршил,очекувам да се санкционира според правилата.
Нема навреда ниту од расна ниту од национална ниту од верска природа, уште помалку `кон некој член на црнобело форум`
Тоа што ти си се нашол навреден од констатација која е факт е твој и само твој проблем. Фактот дека религиозните веруваат во безгрешни зачнувања, ерусалимски зомби (тоа е денот после воскресението, така си стои во библијата, кога мртовците излегле од гробовите и се шетале наоколу), претварања вода во вино и секакви чудесии а од друга страна им сметале некои ситни недоследности во научната теорија околу еволуцијата, наоѓале маани бе :rofl:patos Тоа ти е како некој лик со 250кг да му е непријатно да излезе со женска која има 72кг да речеме... пошто му била ептен дебела :rofl
Значи имаме лажни обвинувања, а лажењето не е добро...

А може ти е троа досадничко и сега ќе се глупираме на форум, како многупати до сега ќе се закачиме со некој мод или админ и ќе кукаме како се неправедни и зли :kafe
 
  • Like
Реакции: Idiot

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Очигледно си пропуштил да ги прочиташ правилата на форумот, да те потсетам.

9. Кога пишувате пост на некоја тема особено обрнете внимание на начинот со кој се обраќате кон останатите членови на форумот. Коментирајте ги ставовите на членовите, но не навредувајте ги. Закани, навреди, понижувања, уцени и расправии нема да се толерираат, а најстрого ќе бидат санкционирани навреди од расна, национална, или верска природа кон некој од членовите на „Црнобело форум“ .
Баш ме интересира да видам со кој тоа тост виде навреда од “верска“ природа?
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
@alf како е навреда тоа што некој кажал дека за него е логична еволуцијата и не му се јасни луѓето кои не ја прифаќаат поради приказни кои имаат претворање вода во вино, враќања од мртвите итн? Да затвориме религија форум или да го направиме да владее едноумие и да биде забрането да се пишува против?
@existence , луѓето може да веруваат во што сакаат се додека не ја загрозуваат личната определба на секој друг кој не се согласува со нивната.
Секој човек има право да живее и верува на начин за кој мисли дека е исправен , од таа причина и самиот правилник на форумот става до знаење како и на кој начин требад да се водат дискусиите со што секое отстапување ќе биде санкционирано.

Во случајов,твојот колега кој што е и модератор на пдф религија си зема за право да ги омаловажува и исмејува сите оние кој веруваат во воскресение,танц на зомби во Ерусалим,безгрешни зачнувања итн. Се е до начинот на кој гледа секој поединец, што и овие нешта кој за него се неразумни за друг се реални.

Да беше составено како што ти го постави -( мене не ми се јасни оние кој веруваат во тоа и тоа) ќе беше сосема во ред.
Но како што гледам атеисти го окупирале форумов!:(
Нема навреда ниту од расна ниту од национална ниту од верска природа, уште помалку `кон некој член на црнобело форум`
Ако си сестран и неутрален ,како што те преставуваа , ќе уочиш дека има понижувања.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,738
5,273
1,183
Disco
@existence , луѓето може да веруваат во што сакаат се додека не ја загрозуваат личната определба на секој друг кој не се согласува со нивната.
Секој човек има право да живее и верува на начин за кој мисли дека е исправен , од таа причина и самиот правилник на форумот става до знаење како и на кој начин требад да се водат дискусиите со што секое отстапување ќе биде санкционирано.

Во случајов,твојот колега кој што е и модератор на пдф религија си зема за право да ги омаловажува и исмејува сите оние кој веруваат во воскресение,танц на зомби во Ерусалим,безгрешни зачнувања итн. Се е до начинот на кој гледа секој поединец, што и овие нешта кој за него се неразумни за друг се реални.

Да беше составено како што ти го постави -( мене не ми се јасни оние кој веруваат во тоа и тоа) ќе беше сосема во ред.
Но како што гледам атеисти го окупирале форумов!:(

Ако си сестран и неутрален ,како што те преставуваа , ќе уочиш дека има понижувања.
Ете ти сега, некој сака да ја злоупотреби мојата добрина и наивност, пошто немам избришано ниедно мислење во религија, неам казнето ни опоменато ни банирано :(
Никој не загрозува ничија определба. Се дисктутира и тоа е све. А ако некому смета тоа, ако неговата вера е толку слаба или ако верува во толку љубоморен и злопамтило бог (ставозаветен да речеме) па се плаши и реагира панично, тоа е негов проблем.

Не се атеисти, уште полошо - i`am Legion for we are many :gjavol
Нема ништо навредливо во поимот `Зомби`. Така си стои во библијата, дека мртвите станувале од гробови и танцувале по градот. Тие не биле воскреснати како Исус него мртви се движеле наоколу. Walking dead по дефиниција е зомби.
Не е се до начинот на кој гледа поединец, можеби ќе те изненади ова што ќе го напишам ама не, не е можно масовно станување на лешеви од гробишта и нивно движење по град, макар бил и Ерусалим, значи не е можно такво нешто, срам ми е што го објаснувам ова на возрасно лице ама ајде нека биде, ние секташите сме познати по својата саможртва.
Не е можно ни безгрешно зачнување, не постои такво нешто и никогаш не постоело. Не знам кои биле мотивите на Јосиф при таа наводна случка но без разлика - жена не може да зачне безгрешно.

Тоа се фактите.

А верувањата се друго, може да се верува во било што, илјадници религии имаат милиони чудесии. Ама не им чинела еволуцијата пошто пази, имала извесни недостатоци :patosНе е можно бе :rofl го пишувам ова и ми паѓа смешно :rofl.
Па уште и алтернативата која ја даваат, универзум создаден за една недела од семоќно битие (кое на седмиот дел седнало да одмори) чоек напраен од кал а жена од реброто на чоекот....напраен од кал :rofl

Значи тоа е, или ќе бидеме рационални или нема да бидеме. Ако е второво тогаш anything goes, секоја измислица, сечија небулоза, сите фантазии и мечти стануваат вистинити.
Нормално не е на арно да се биде 100% рационален, тоа е погрешен пат но мора да се држи рамнотежа меѓу рационалното и ирационалното без да се штети на другите.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,559
2,090
1,133
87
Многу поимови од библијата се споредбено- метафорични поимови кој ден денес се присутни, интересно е што и оние кој не се верници ги толкуваат така како што се напишани ,наместо да се дистанцираат со тоа што ќе покажат нов поглед во текстовите.
Очигледно е дека,за да го докажат непостоењето на некаков бог ќе се користат со истите текстови во кој верниците веруваат, при тоа давајќи буквален превод во кој е неразумно да се верува.:facepalm2
Навистина само "мртви" танцуваат во Ерусалим = календар
безгрешно зачнување....постои,но не начин кој што мислиш...зборуваме за духовна книга,не телесна,а ти гледам само телесното ти е на ум.:(

Скрши го мразот за бришење пост, почни со својот!
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
791
1,133
41
www.oto-mk.net
@existence , луѓето може да веруваат во што сакаат се додека не ја загрозуваат личната определба на секој друг кој не се согласува со нивната.
Секој човек има право да живее и верува на начин за кој мисли дека е исправен , од таа причина и самиот правилник на форумот става до знаење како и на кој начин требад да се водат дискусиите со што секое отстапување ќе биде санкционирано.

Во случајов,твојот колега кој што е и модератор на пдф религија си зема за право да ги омаловажува и исмејува сите оние кој веруваат во воскресение,танц на зомби во Ерусалим,безгрешни зачнувања итн. Се е до начинот на кој гледа секој поединец, што и овие нешта кој за него се неразумни за друг се реални.

Да беше составено како што ти го постави -( мене не ми се јасни оние кој веруваат во тоа и тоа) ќе беше сосема во ред.
Но како што гледам атеисти го окупирале форумов!:(

Ако си сестран и неутрален ,како што те преставуваа , ќе уочиш дека има понижувања.
Не си во право. Се и сешто може да се протолкува како навреда или провокација ако гледаме вака. Дали не е навреда на пример тоа што христијаните и муслиманите контекстот "пагански" го користат во деградирачка смисла? Или термините "неверник", " грешник" и слично. Што ако за мене е навреда некој да ме смета за "грешник"? Дали треба да му го избришеме постот или да го казниме?
Или што ако некој коментира дека тројството е смешно и нереално? Или дека Мухамед според денешните стандарди бил педофил? Каде е црвената линија ако секој се навредува за се и сешто?