Многу поимови од библијата се споредбено- метафорични поимови кој ден денес се присутни, интересно е што и оние кој не се верници ги толкуваат така како што се напишани ,наместо да се дистанцираат со тоа што ќе покажат нов поглед во текстовите.
Очигледно е дека,за да го докажат непостоењето на некаков бог ќе се користат со истите текстови во кој верниците веруваат, при тоа давајќи буквален превод во кој е неразумно да се верува.
Навистина само "мртви" танцуваат во Ерусалим = календар
безгрешно зачнување....постои,но не начин кој што мислиш...зборуваме за духовна книга,не телесна,а ти гледам само телесното ти е на ум.
Скрши го мразот за бришење пост, почни со својот!
Кои се метафорични а кои буквални, дали има стандардизирана интерпретација или сите `свети` списи по светот од Сумер наваму се anybody`s bitch? Кој е надлежен да каже што е што и да разграничи? Дали да го слушаме некој православен поп од мпц или некој методист од алабама? Дали јеховашите се во право или мормоните?
Вук Драшковиќ кажал читај како што е напишано па така и неверниците си читаат како шо е напишано. Ако таму си пишува дека лешевите оделе по улица - тоа значи дека оделе по улица. Која е метафората со лешевите?! Каков календар?
Освен тоа ако светата книга е божја објава тогаш секој збор во неа е буквален, божје слово и реч. А тоа значи дека секој обид да се толкува и интерпретира божјата реч е грев. И тоа смртен! Зошто? Затоа што гордоста е смртен грев. А претпоставување на супериорност на човеково толкување вс. божја објава и обмисла како што си постои во светото писмо е бајаги екстремна гордост...или твојот Бог е во право или ти си во право...или методистот од алабама, не може сите да се во право.
Оттука следи еден чуден заклучок, а тоа е дека неверниците имаат поголем респект кон божјата објава него верниците бидејќи не се обидуваат да си го толкуваат во своја корист она кое е јасно наведено во светите списи.