Има и една друга црта што е позната во нашево мало никакво општество.
Ете, можеби сте си другарчиња верни, можеби и има одредена блискост и гаење симпатии... Но дотука се става реска граница.
Е проблемот настанува после тоа - кога блиските, другите пријатели ќе почнат да влијаат прво на шега а подоцна и на сериозност со муабетите - па како тоа они си се другарчиња а не се сакаат ко дечко и девојка. И притисокот тука почиња... До таа мера се крева што едниот кој можеби има стаено реска граница, ја преоѓа и прави тоа што другите му сервираат да прави и најчесто се завршува целата ствар као папала маца.
Имав таква ситуација. Имам другар кој што воедно ми е и некој роднина, некој четврти, петти, десетти братучед, се дружиме одсекогаш, сме седеле заедно во клупа и сл. Никогаш не сум го видела со девојка, а и таков е малку е срамежлив, некои би рекле дека е смотан, ма да моето мислење е дека дечкото не е од оние кои би биле со секого само за да не бидат сами...
Пред неколку години некој ми рече дека тој мене ме сакал, нешто како - па ти зарем не приметуваш како те гледа и дека само со тебе се дружи. Прво не обрнував внимание, а подоцна навистина почнав да се филмам. Одсекогаш се случувало да се гушкаме кога ке се поздравиме, ама одеднаш тоа почна да ми смета, се оддалечував од него, на пример не поднесував кога ке сака да се доближи, да ме допре, да ми шепне нешто, мразев ситуации кога ке се кара со мене за тој да плати сметка во кафич, кога ке посака да ми подари нешто или да направи било што добро за мене... подоцна кога пораснавме малку и секој си фати свој правец, малку се одалечивме, ама пак комуницираме од време на време. Она што можев да го приметам е дека тој цело време се дружи со девојки, секогаш има многу блиски пријателства, сеуште не зборува за женски и најверојатно немал некоја посебна врска, со други зборови истиот си е, исто се однесува со сите кои му се блиски, па дури и со мене го има истиот однос кога ке се видиме и сфаќам дека сето тоа немало врска и криво ми е што тогаш дозволив да не уживам во едно искрено и добро пријателство поради страв дека тој ме гледа со други очи.
Можеби и имал некои чувства за мене, што знам, неможам да кажам ништо со сигурност, ама се додека тој не ми го кажеше тоа не требаше така да постапувам или кпжеби требаше јас прва да го почнам тој муабет, незнам.
Во секој случај и денес сме пријатели.