Другарство помеѓу машко и женско? Постои ли?

scarstone

Староседелец
15 април 2013
22
25
603
Мој најдобар другар на сите времиња којшто сега за жал е во странство веќе неколку години и изгубивме контакт, беше машко.
1. Двајцата бевме сингл или у небитни шеми во 90% од времетраењето на нашето другарство така што ако имаше емоции, немаше никакви пречки у сите тие години досега 200 пати ќе се фатевме.
2. Не си бевме тип, ни јас на него ни он на мене.
3. Исто бевме ориентирани.:giggle
Шега на страна, тоа беше едно од најчистите и најискрените другарства коишто сум ги имала у животов. Дури и родителиве наши кон другиот се понашаа како да им е уште еден член на семејство.
Така што, постои. Ретко е, впрочем како и секое искрено другарство, без никаква корист, но постои.
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,186
1,132
1,133
Абе обични пријателства да... Али најдобри пријателства, од мое лично искуство НЕ (иако иам пример што го гледам секојден али сепак за мене Не.
Од лично искуство НЕМА.. Кога тогаш се раѓа искра. Особено ако се повеќе и повеќе се запознавате. Еден без др не сакате за излегувате.. Нз кај мене не успеа да остане само пријателство. После и се плашев ке биде, ама ако се скараме ни како пријател нема да го имам ама ете.. Најсикреното пријателство ми беше, двајцата имавме ,,скриени намери,, и еве сеа 4 год сум во среќна врска со Најдобриот пријател.. :giggle:giggle колку ми е чудно сега :rofl
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,212
2,301
1,153
Skopje
www.facebook.com
Има кога се сака да има. :) Некои луѓе просто многу подобро се разбираат со спротивниот пол отколку со истиот но тоа не значи дека еден ден едниот ќе се заљуби во другиот. И да се случи тоа ја не верувам дека баш тоа е љубов повеќе мислам дека е заблуда која самата личност си ја прави и завист да не се има нешто подобро ок ова второво не секогаш ама првото дефинитивно да.
 
  • Like
Реакции: Priroden

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,761
785
1,133
Skopje
Нема можи или не , тоа ти е исто како ај не цел секс само главчето малце , мислам начинот како ти размислуваш ?!
 
Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Нормално дека постоии иако сите критикуваат али тоа е
 
WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
209
131
653
До сега сум се дружела со повеќе машки од женски . Само еден остана другар без други намери и тоа беше ром по националност . Све друго се сјеба :facepalm2
 
BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
До сега сум се дружела со повеќе машки од женски . Само еден остана другар без други намери и тоа беше ром по националност . Све друго се сјеба :facepalm2
Сакаш да кажеш другите типови имале “лоши“ намери? (wasntme)

Постои другарство меѓу машко и женско на кратки стази во тоа сум сигурен. На долг рок е осудено на пропаст заради појава на емоции или желба за секс од едната страна. На долг рок машко-женско другарство успева ако едната страна е геј или лезбо. Во тој случај можат да бидат доживотни пријатели. Нормално има исклучоци, ама стварно права реткост се машко-женски другарства. Што е поентата на тоа? Или фаќаш девојка или пријателка со бенефити и се си е како што треба, нема потреба машко да биде другар(ка) на женско и обратно. :D

И под машко-женско другарство подразбирам редовно дружење секоја недела, а не еднаш у 2 месеци ако се видиш со некоја девојчица и испиеш кафе. Тоа е повеќе познанство.
 
Зависи што подразбираш под " лоши намери " . Во мојте случаи , секогаш " искрснуваа " емоции од едната или другата страна . За мене тоа не е лоша намера ама па никогаш не сум можела некој кој сум го гледала како брат , утре да го гледам како дечко . И тука завршувало пријателството :facepalm2
Инаку , постојат , ама во " загрозен вид " се . Или се претвара во френдс вит бенефитс или завршува тотално или пријателите започнуваат љубовна врска која некогаш завршува со брак :rolleyes:
 
  • Like
Реакции: BadBoy007

BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
Зависи што подразбираш под " лоши намери "
Лоши намери = да сака да те буричка. :patos

Во мојте случаи , секогаш " искрснуваа " емоции од едната или другата страна .
Искри има помеѓу 2 камена кога ги удираш еден од друг, а камоли помеѓу луѓе. Нормално и природно е.

За мене тоа не е лоша намера ама па никогаш не сум можела некој кој сум го гледала како брат , утре да го гледам како дечко . И тука завршувало пријателството :facepalm2
Game over, a? lol

Инаку , постојат , ама во " загрозен вид " се . Или се претвара во 1) френдс вит бенефитс или 2) завршува тотално или 3) пријателите започнуваат љубовна врска која некогаш завршува со брак :rolleyes:
Немам што да додадам 100% се согласувам. Не се загрозен вид туку осудени да завршат со една од трите опции.
 
  • Like
Реакции: WolfGirl