Bohren & der Club of GoreГермански contemporary/ambiental jazz бенд. Имаат издадено седум студиски албуми, 3 EPs (Extendedn Play) и еден демо албум. Нивната музика е мрачна, атонална, со многу бавно темпо и понекогаш се јавуваат неартикулирани гласови, изобилува со неопределени звуци, но сепак не звучи толку одбивно како што изгледа и јас им се восхитувам како успеале да создадат такви хармонии со неодредени тонови. Моментално се четворица инструменталисти, но интересното за овие музичари е тоа што порано свиреле во HardCore бендови, за во 1992 да направат бенд за кој велат дека прави непријатен микс на амбиентален џез со музиката од Black Sabbath но спуштена за неколку степени и многу успорена. Еве нешто од нив, кој милува да експериментира со својот музички вкус слободно нека слушне.