Дискотеки/барови/кафани

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Каде се чувствувате најпријато и зошто?

Јас сум алергична на рутина, најчесто менувам во една вечер повеќе локации.
Последниот пат бев на рок, во кафана и завршив на транс журка во една вечер.

А вие?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks and parvati

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34
Скопје
Јас сакам на излегување да не шетаме премногу, да седнеме некаде и да уживаме во муабетот (ако сме во кафич некој), а пак ако сме во дискотека нормално нема само да седиме на едно место. Сакам да кажам несакам во една вечер на повеќе места, доволно е на 1,2 места да отидеме :)
 

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Кафана, а после на играње пикадо/пинг-понг. Да видиш дали ќе убиеш некој човек со стрелката/палката (happy)
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Јас сакам на излегување да не шетаме премногу, да седнеме некаде и да уживаме во муабетот (ако сме во кафич некој), а пак ако сме во дискотека нормално нема само да седиме на едно место. Сакам да кажам несакам во една вечер на повеќе места, доволно е на 1,2 места да отидеме :)

Кафуле е супер за чил муабет. Нормално е локација да се бара според потреба.
Само ептен ми е чудно кога посетувам некоја локација денес па по месец и налетувам на исти фаци. Зошто луѓево многу се приврзуваат за еден локал, бар/кафич/дискотека и не менуваат?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
На лето во парк ми е најубаво и најопуштено. Свеж воздух, пивце, грицки, круг од најблиски луѓе, добар муабет.
Најмногу сакам да идам на свирки на нашите локални бендови. Одлично поминати 2-3 саати, добар начин за месечно филтрирање.
Не сум по дискотеки и кафани, слободно можам да кажам дека ги мразам. Наспроти тоа, обожавам барови. Уште ако ми се погоди да пичат рокче и да служат храна како пилешки прсти, похован кромид, помфрит, итн. Мераци...
 
Последна промена:

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
независно лето или зима кафана си е кафана и ми е на прво место. не дека не одам и по барови или кафулиња ама ништо не можи да ја замени кафаната. си седиш, музика си свири , таман можиш муабет да си напрајш, да си се напиш нешто алкохол и никој да не те гледа и убо да си поминиш, и плус то можиш да мезниш нешто..