Десерти

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Баклава.
Ја обожавам...Посебно онаа со афион...њам њам :D

Како може да одбереш еден десерт од толку многу убавини?....Па крем пита, торта со хопла и јагоди, штрудла со јаболко и цимет, пудинг од ванила, рафаело....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Hip.Hop_MKD

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не сакам торти, повеќе сум по пудинзи, сладолед, кремасти колачи... обожавам Бајадера, и онаа дома што се прави како колаче, и онаа како бомбоњера. Исто Ресана ми е врв, а и cookies.
Chocolate Chip Cookies.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не сакам торти, повеќе сум по пудинзи, сладолед, кремасти колачи... обожавам Бајадера, и онаа дома што се прави како колаче, и онаа како бомбоњера. Исто Ресана ми е врв, а и cookies.

Ме мрзи да преведувам, но изгледа божествено!!!
For the Chocolate Tart Dough
  • 8 tablespoons (1 stick) unsalted butter, room temperature
  • 1/2 cup plus 1 tablespoon confectioners’ sugar
  • 1 large egg yolk
  • 1 teaspoon pure vanilla extract
  • 1 1/4 cups all-purpose flour, plus more for rolling
  • 1/4 cup unsweetened Dutch-process cocoa powder
For the Caramel Filling
  • 1/2 cup water
  • 2 cups granulated sugar
  • 1/4 cup light corn syrup
  • 1/2 cup heavy cream
  • 8 tablespoons (1 stick) unsalted butter
  • 2 tablespoons crème fraîche
For the Chocolate Ganache
  • 1/2 cup heavy cream
  • 3 1/2 ounces extra-bittersweet chocolate, finely chopped
  • img_72441.jpg
  • img_7131.jpgimg_7146.jpg img_7170.jpgimg_7177.jpgimg_7232.jpg
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Шишарки, сте чуле? :)
Леле човече кај ме потсети:gladen
Имав ставено рецепт за овие. Можам секој ден да ги јадам(happy)

Леле човече кај ме потсети:gladen
Имав ставено рецепт за овие. Можам секој ден да ги јадам(happy)


Ај да се самоцитирам. Не можев да најдам каде сум пишала, ама го најдов овој рецепт, ист како оние што ги правам јас.
Има и едни други што ги викаат шишарки. И двата вида ги обожавам:rofl


Потребен материјал :

Една кеса чоко попс, 100 грама чоколадо за готвење, 1 маргарин, 150грама шеќер во прав, 4 големи лажици какао, 6лажици мед, 50грама сусам.

Подготовка :

Се става на загреана ринга да се стопи маргаринот, потоа се додава чоколадото и тоа да се стопи, но постојано се меша за да се растопи побрзо, ринглата не треба да биде многу топла, зошто сместа не треба да врие туку само да се растопи, откако ќе се стопат маргаринот и чоколадото се додаваат шеќерот, медот, какаото и сусамот и се тоа се меше. Се остава да се олади и потоа во еден сад се ставаат чокопопсот и смесата која претходно е изладена и се меша за да се соедини. Потоа, цедалката за лимон се врти од внатрешната страна и се користи како калап за колачињата да изгледаат како шишарки. Одозгора може да се стави врз нив и кокос, тоа е по желба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and Hip.Hop_MKD

КрисТина К.

Истакнат Член
2 март 2012
527
1,654
393
Скопје
cokoladni-banani1-615x272.jpg
Има линк за како се прават. Многу се вкусни ( Банани во чоколадо со бадеми ), вреди да се проба :)
http://popara.mk/2011/recepti/chokoladni-banani-so-bademi/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jana and Hip.Hop_MKD

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Најлесна чоколадна торта :smug​
Потребно:​
-4 лажици брашно​
-4 лажици шеќер​
-4 лажици какао​
-2 пецива (мислам на прашок-пециво :D )​
-1 јајце​
-малку масло (3-4 големи лажици)​
-1 чоколадо​
Подготовка:​
Брашното, шеќерот, какаото, пецивата, јајцето и маслото се ставаат во еден сад и се миксираат. Откако ќе се соедини смесата (треба да се направи како шлаг отприлика (за густина)) се додаваат коцки чоколадо. После се става во сад за во микро печка и се става на 600-700 степени, на 3 минути. Кога ќе го извадите ставете го на чинија и пресечете.​
(каква ќе биде формата зависи од чинијата за во микро-печка)​
Јас сега направив во четвртаста форма.. :D
SOjNf.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Една од најлесните и највкусните лесно-приготвувачки тортички :Р
ја имам опишано најдетално, дури и за оние кои првпат ќе пробат да направат било што во кујна.

clip_image004.gif




Потребни состојки:
· 4 јајца
· 16 супени лажици шеќер
· 1 ванила
· 1 пециво
· 16 супени лажици пресно млеко
· 16 супени лажици зејтин
· 16 супени лажици брашно
· 16 супени лажици кокосово брашно
За глазура:
· 250 мл вода
· 16 супени лажици шеќер
· 1 супена лажица какао

Начин на изработка:
совет: Ако јајцата се во фрижидер, се вадат да се згреат на собна температура околу 10мин.
Ако на рерната е постара или и е потребно подолго време да се загрее се вклучува пред да се почне со изработката на 200степени целзиусови.
Потребни се: еден поголем сад (може да се искористи и постолјето на миксерот), една поголема чаша или шолја од чај и еден помал сад.
1. Во поголемиот сад се ставаат јајцата, шеќерот и ванилата. Се матат до одредена густина.
2. Во помалиот сад се ставаат брашното, пецивото, кокосовото брашно и се мешат со лажица да стане еднолична смеса.
3. Во чашата се мешаат течностите т.е. зејтинот и млекото.
4. Откако се изматени јајцата, се додават останатите состојки од другите два сада и се мешат со лажица или кратко со миксер.
5. Се става смесата во округло тавче со број 30.
6. Во меѓувреме додека се пече, се прави глазурата.
7. Се мешаат состојките за глазурата, и се ставаат во мало тенџерче или канче да зовријат.
8. За да се провери дали е испечена, отворете ја рерната, со крпа или фаталки фатете го тавчето и доколку се „тресе“ уште не е испечена.
9. Ако не сте сигурни проверете со дрвена чачкалица. Боцнете во погачката, ако има остатоци по неа значи уште не е испечена, а доколку е чиста, значи погачата е испечена.
10. Ставете ја на рамна, тврда, студена подлога, пожелно на плочки.
11. Исечете ја на парчиња.
12.Полијте ја со глазурата.
13.Почекајте DSC04044.JPGда се излади.
2. Уживајте!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Милка чоколадна торта
milka-615x272.jpg

Потребни состојки:
2 милка чоколади од јагоди
2 милка бели чоколади
2 чоколади за готвење
200 гр. лешници
800 гр. шлаг
300 гр. плазма
2 маргарина
10 јајца
2 дл. млеко
15 лажици шеќер во прав
10 лажици шеќер
1 кг. бисквити
100 гр. млечно чоколадо.
Припрема:
За прв фил: Изматете 10 белки со 10 лажици шеќер и во изматената смеса додадете ја мелената плазма.
За втор фил: Изматете 10 жолчки со шеќерот во прав, па додадете ги маргарините кои претходно сте ги изматиле со миксер.
Спојте ги двата фила, измешајте ги и поделете ги на три еднакви дела. Во првиот дел додадете една растопена чоколада од јагоди и една изрендана. Во вториот фил додадете една растопена бела чоколада и една рендана. Во третиот дел додадете го исецканиот лешник.
Загрејте го млекото и во него додадете го растопеното чоколадо за готвење. Бисквитите потопете ги во топлата чоколада.
Шлагот изматете го со вода или со млеко.
За филување: ред бисквити-фил од јаоди-бисквити-фил од лешник-шлаг-гил од бела чоколада-бисквити-шлаг.
Тортата премачкајте ја со растопено млечно чоколадо и украсете ја со мелени бисквити. Добар апетит!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeker