1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Десерти

Дискусија во форумот 'Готвење и рецепти' започната од efederer, 12 февруари 2012.

  1. efederer

    efederer Админ
    Член на администрација

    Зачленет на:
    2 октомври 2011
    Мислења:
    150
    Допаѓања:
    256
    Кој е вашиот омилен десерт? Споделете кој е најдобриот начин на подготовка. Добредојдени се и фотографии од финалниот производ :)
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. efederer

    efederer Админ
    Член на администрација

    Зачленет на:
    2 октомври 2011
    Мислења:
    150
    Допаѓања:
    256
    toplo ladno.jpg
    Рецепт за Топло Ладно

    Освен наведените состојки потребни ви се калапчиња со форма во која сакате да ви биде колачето и секако сладолед од ванила.
    Потребни состојки
    • 500 гр чоколадо​
    • 10 јајца​
    • 125 гр путер​
    • 200 гр брашно​
    • 10 лажици шеќер​

    Начин на подготовка
    Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади.​
    Јајцата се матат заедно со шеќерот. Потребно е јајцата малку да се изматат, односно да бидат пенести. Потоа, јајцата и шеќерот се додаваат на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното го додаваме постепено, со постојано мешање.​
    На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се попрскуваат со брашно, пред да се налее смесата во нив.​
    Во меѓувреме, се загрева рерната на 250℃. Се пече само 5 минути.​

    Или ако ви е мака да испробувате многу - многу, купете спремна смеса од Dr. Oetker (Lava Kolac) и следете го упатството ;) за половина час сте готови!​
     
    На Alley3112, Hip.Hop_MKD, Smiley_1996 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. Smiley_1996

    Smiley_1996 Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    344
    Допаѓања:
    802
    Десерт: Рецепт за „Црна торта“Потребни состојки:

    Тесто за торта:
    3 малечки јогуртчиња
    300 гр брашно
    120 мл масло за јадење
    25 гр какао
    2 лажички сода бикарбона
    путер за премачкување

    Глазура:
    150 г путер
    150 г чоколадо за готвење
    120 гр шеќер
    120 мл млеко
    250 г шеќер

    Начин на подготовка:
    Во поголем сад ставете ги јогуртот, брашното, шеќерот, маслото, какаото и содата бикарбона се мешаат со електричен миксер за 2-3 минути. Истурете ја смесата во тава која претходно сте ја намрсиле со путер и печете во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути. Ставете го путерот во сад на жешка рингла и мешајте додека не зобрие, потоа тргнете го на страна а во него додајте ги чоколадото за готвење, шеќерот и млекото и мешајте додека не се изедначи смесата. Откако ќе го испечете тестото, оставете го да се излади и потоа прелијте го со чоколадната смеса. Послужете торта со шлаг крем, или со овошје по желба.[​IMG]


    Десерт: Чоколаден мус од бело и темно чоколадо!
    Потребни состојки:


    125 гр црно чоколадо
    100 гр бело чоколадо
    3 јајца
    2 дл слатка павлака
    20 гр шеќер во прав
    малку сол
    изрендано чоколадо за декорација

    Начин на подготовка:
    Во мало тенџере ставете ја слатката павлака. Нека зоврие, а потоа додајте го белото чоколадо, искршено на коцки. Земете едно јајце и додајте ја само жолчката во претходната смеса и мешајте постојано додека не се стопи чоколадото и не се спои смесата. Потоа, оставете ги настрана малку да се оладат, па ставете го во фрижидер. Истата постапка направете ја и за кремот од темно чоколадо.

    Земете три белки од јајца и ставете малку сол на врв на кафена лажичка, па изматете ги со миксер додека не добиете шлаг. Потоа, додајте го шеќерот во прав и додајте го кремот од црно чоколадо. Матете додека смесата не се изедначи. Ставете ја потоа во високи и широки чаши или стаклени садови и кремот од бело чоколадо изматете го повторно со малку слатка павлака, па ставете го врз првиот крем. Ставете фолија врз чашите и оставете ги во фрижидер околу четири часа, а потоа декорирајте ги со рендано чоколадо и послужете
    .
    [​IMG][​IMG]

    :trepka:giggle:gladen:kafe . . .
     
    На Hip.Hop_MKD, КрисТина К., Glorry и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. Libra

    Libra Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    208
    Допаѓања:
    327
    [​IMG]
    Тирамису

    Потребно е:
    5 жолчки
    60 гр. шеќер
    100 мл. десертно вино, поделно по 50 мл
    400 гр. маскарпоне сирење
    200 мл. слатка павлака
    50 мл. сварено нес кафе, без шеќер
    1 лажиче екстракт од ванила
    200 гр. пишкоти
    какао во прав за посипување

    Подготовка:
    Во мало тенџерече загреано на средна температура ставете вода(2 чаши). Оставере водата да зоврие. Во огноотпорен сад, одвојте 5 жолчки и ставете го шеќерот. Убаво матете додека не побелат и да се згуснат жолчките. Садот ставете го врз тенџерето со вода и додавајте го виното(50 мл.) мешајќи со жицата. Ставете го екстрактот од ванила. Гответе 5 мин додека да се добие убав и густ крем. Покријте го садот со пластична фолија и ставете го во фрижидер 45 мин. Во сад настрана ставето го маскарпонето измешајте со лажица и додадете ја слатката павлака со 3 лажици шеќер. Целата смеса со маскарпонето и слатката павлака измешајте ја убаво. Кремот ставете го во фрижидер да остстои 1 час. Измешајте го виното(другите 50 мл. со нес кафето).
    Земете правоаголно тавче. Секоја пишкота натопете ја во миксот од кафе и вино и наредете ги во еден слој од тавчето. Врз нив намачкајте од филот рамномерно. Врз филот посипете од какаото. Потоа истата постапка се повторува.
    Се става во фрижидер да се олади неколку часа и спремно е за јадење.:gladen

    [​IMG]
    Чизкејк

    Состојки:

    Пандишпан:
    2 шолји трошки од чајно пециво
    3 с.л. топен путер или маргарин
    3 с.л. шеќер

    Фил:
    800g. крем сирење
    1 шолја шеќер
    3 с.л. пченкарно брашно
    1 с.л. екстракт од ванила
    1 шолја кисела павлака
    4 јајца
    свежо овошје(јагоди, боровинки..)

    Подготовка:
    1. Во длабок сад измешајте ги трошките од чајно пециво со топениот путер и додајте 3 с.л. шеќер. Наместо трошки од чајно пециво, можете да издробите бисквити или пак кекс.
    2.Обложете правоаголна тава за печење со едно големо парче алуминиумска хартија, чии што рабови треба да излегуваат надвор од тавата за да можат подоцна да послужат како рачки за лесно подигање на тортата.
    3.Истурете ја смесата со трошките во тавата, распоредете ја подеднакво насекаде и со помош на дно на чаша притискајте за да оформите пандишпан
    4.Еден од триковите за правењето на чизкејк е јајцата и крем сирењето да бидат на собна температура. Уште подобро е пред да го употребите крем сирењето, да го омекнете во микробранова печка 15 секунди.
    5.Во длабок сад ставете го крем сирењето, додајте 1 шолја шеќер, 3 с.л. пченкарно брашно, 1 с.л. екстракт од ванила и 1 шолја кисела павлака.
    6.Мешајте со миксер додека смесата не стане хомогена, без грутки.
    7.Додавајте ги јајцата едно по едно. По секое додадено јајце мешајте со миксерот додека не се соедини со смесата. Но, не претерувајте со мешање, затоа што при печењето така може полесно да испука горниот дел.
    8.Претурете ја смесата во тавата за печење и разнесете ја рамномерно.
    9.Печете 40-45 минути во претходно загреана рерна на 180°C, додека рабовите на тортата не започнат да ја менуваат бојата. Центарот може да ви изгледа како да не е доволно печен, но кога ќе олади ќе изгледа одлично.
    10.Оставете ја да отстои во фрижидер минимум 4 часа пред сервирање. Најдобро е да стои во фрижидер 1 ден.
    Buon apetito ;-)
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Baronessa

    Baronessa Истакнат Член

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    524
    Допаѓања:
    753
    ЧОКОЛАДНА ЛАВА

    [​IMG]


    СОСТОЈКИ

    120g
    чоколадо за готвење
    120g
    путер
    1 шолја
    шеќер во прав (100g)
    2
    јајца
    2
    жолчки од јајца
    6 лажици
    брашно
    ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ


    1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
    2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
    3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
    4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
    5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
    6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
    7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.
     
    На Hip.Hop_MKD и Sugar им се допаѓа ова.
  6. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,528
    На мимис, Hip.Hop_MKD, Sugar и уште 1 член му се допаѓа ова.
  7. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,071
    Браунис со крем
    2 големи лажици крем
    1јајце
    4-5 големи лажици брашно
    ореви/бадеми по желба

    Во еден сад изматете ги кремот и јајцето и додадете го брашното. Смесата ставете ја во модли за печење и печете на 200-250 степени 10тина минути или додека се убаво испечени. Испечени се кога ќе ставете стапче за заби и нема да има тесто по стапчето.
    Јас ги правев неколку пати и превкусни се, а и многу брзо се прават.
     
    На Alley3112 и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  8. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Шишарки, сте чуле? :)
     
    На КрисТина К., Bum-Bum, Lady* и уште 6 други им се допаѓа ова.
  9. Davidovic

    Davidovic Активен Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    166
    Допаѓања:
    62

    кога кажес малли јогуртчиња мислиш на они во мало канче (може да казам и чашка) од 0,25 мл ?
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Praetorian

    Praetorian Староседелец

    Зачленет на:
    24 февруари 2012
    Мислења:
    325
    Допаѓања:
    395
    Пудинг е права ствар, али кога би бирал како најомилен би го истакнал рецептот- Руски капи
     
    На littleblackdress, Hip.Hop_MKD, Smiley_1996 и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели: