Депресија (и како да се справите со истата)

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Навистина треба да имаш цврст карактер за да можеш да се смееш над проблемите :)
Мене некогаш ми доаѓа да вриснам и да се изолирам тотално, што тоа го посакувам многу.. Ама сепак.. зашто? Јас би рекла- подобро да се зафркавам со животот и низ смеа и убавина да го поминам ( не мора да значи дека ќе се луксузирам), отколку да се затајувам зошто е ова вака, зошто е ова онака, зошто баш мене ми се дешаваат вакви ствари..
Не е вредно, ради самата личност :)
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Се надевам дека темава не е дупла и ако е можите слободно да ја избришите. Дали некогаш ви се случило некогаш да паднете во депресија? Да ви е смачено од се... да не ви е по кеиф факултетот,пропаднати љубовни врски,и да немате веќе желба за ништо,да немате никаква цел...Се тешите дека се ќе биде во ред,се смеете,ја придучувате тагата,болката...Мислите дека се ќе заборавите,но ете иако сте во полна дискотека со многу луѓе околу вас,за момент чувствувате дека сте сами на цел свет,и ви доаѓа да вриштите на цел глас... Како ќе се справите со сето тоа,што понатаму?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mAcIkA

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Се надевам дека темава не е дупла и ако е можите слободно да ја избришите. Дали некогаш ви се случило некогаш да паднете во депресија? Да ви е смачено од се... да не ви е по кеиф факултетот,пропаднати љубовни врски,и да немате веќе желба за ништо,да немате никаква цел...Се тешите дека се ќе биде во ред,се смеете,ја придучувате тагата,болката...Мислите дека се ќе заборавите,но ете иако сте во полна дискотека со многу луѓе околу вас,за момент чувствувате дека сте сами на цел свет,и ви доаѓа да вриштите на цел глас... Како ќе се справите со сето тоа,што понатаму?
Дупла е, споена е сега продолжете слободно со дискусија. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
тешко
некогаш многу тешко
особено во зима, а особено оваа зима
чување во себе, потиснување на мислите, тагата, болката само прави да е полошо
едно врз друго сѐ си се собира
се смееш кога ти се плаче, не покажувајќи никому како всушност си
од една страна не сакаш да ги растажуваш, од друга страна не сакаш да те сожалуваат
најмногу зашто не сакаш да си се наречеш слаба и да си признаеш дека не можеш да си помогнеш сама
и се вртиш во круг...
пишувам, кога чувствувам дека не можам да дишам седнувам и пишувам
колку ми е потешко толку ми се поведри текстовите
хуморот ми е прибежиште и спас
но и тоа не помага секогаш
во последно време се трудам да бидам поотворена и да разговарам
не е нималку едноставно
за жал кој не почувствувал на своја кожа не може ни приближно да насети, а камоли да разбере...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Ludaca and Scars31

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако збориме за депресија како моментална состојба тогаш не е ништо страшно. Но депресијата е болест која сериозно може да наштети на човековата психа. Колку што јас сум се сретнал со луѓе кои страдаат од депресија, обично прво е обична депресија за подоцна да прерасне во биполарна депресија и честопати води кон шизофренија (@TheKitten поправи ме ако грешам, ова е твоја област).

Депресијата се лекува со долготрајни терапии и антидепресиви (ако е биполарна колку јас се сеќавам и стабилизатори)

Лично мене ми се премногу занимливи луѓе кои страдаат од депресија и познавам неколку со кои активно се дружам и разговарам. Имаат многу интересни погледи кон светот, многу поразлични од секојдневните.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and melpomena

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Често се предавам на депресијата... а кога сум под неа, не сакам никој да има околку мене, сакам да сум сама, најубаво се чуствувам... ќе почнам да плачам, ќе си пуштам музика... порано проблемите му ги кажував на дечко ми, знаеше да ми помогне... но сега не сакам ни тој да знае... со плачење и музика ќе се опуштам малце и утре е нов ден, подобар од вчерашниот ;)
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
се затварам у мојата соба...и ако ми се плаче ..плачам...медитирам или слично...најчесто си слушам музиче...
и знам дека ќе помине...секогаш поминува...само треба да се издржи тој миг на слабост.