Се надевам дека темава не е дупла и ако е можите слободно да ја избришите. Дали некогаш ви се случило некогаш да паднете во депресија? Да ви е смачено од се... да не ви е по кеиф факултетот,пропаднати љубовни врски,и да немате веќе желба за ништо,да немате никаква цел...Се тешите дека се ќе биде во ред,се смеете,ја придучувате тагата,болката...Мислите дека се ќе заборавите,но ете иако сте во полна дискотека со многу луѓе околу вас,за момент чувствувате дека сте сами на цел свет,и ви доаѓа да вриштите на цел глас... Како ќе се справите со сето тоа,што понатаму?