„А, имаш ли пробано да шеташ повеќе, слушај си весела музика, мисли позитивни мисли, најди си дечко/девојка да ти биде весело.“
А не знам дали вие сте пробале да бидете депресивни?
Посебно е срамота да се каже тоа на човек со клиничка депресија. Појак муабет од ова е само оној „Не сте тепани и на нива да работите. Ние сме немале време да бидеме депресивни.“
И оттаму е она дека луѓето што земаат лекови поради проблеми со менталното здравје, го прават тоа поради оние што не земале апови кога требало.
Јас страдам од анксиозност, но не знаев колку сум и депресивна (за жал, често одат рака под рака) дури не станав поактивна, позаинтересирана, повесела, итн. Мислев дека сум само таква „природно безживотна“ и дека фактот што немам енергија и волја се должи на лековите за смирување што ми ги даде првиот психијатар.
Не дека истите не успиваат и не ја убиваат секоја желба за живот во тебе, но мора мноооогу полека да се работи на себе. Макар успех било и ако сте се избањале денес и сте го наместиле креветот.
Намалениот серотонин е сериозна работа, не е нешто што се средува со ќотек и позитивна мисла.
Не би препорачала клукање со апчиња освен ако е неопходно (во тој случај обавезно консултирајте се за секоја ситница што ве интересира, не ко мојот што не ми објасни што и како функционира, колку време се зема, дека ништо нагло не се прекинува, па морав да откријам на потежок начин), но еве на природна база добри се Неолексан за покачување серотонин, банани, јаткасти плодови, јајца, ананас, сирење, месо. Серотонинот 90% се прави во дигестивниот тракт.
Кога ќе се подобри ситуацијата, тогаш може да се пристапи кон вежбање/пешачење и попозитивните мисли сами идат. Башка, после вежбање почастете си се благо. И двете помагаат при лачење на допамин, што е „среќа“ плус, иако е пократкотраен т.е. е хормон/невротрансмитер што се лачи дури чекаме и во моментот кога ќе добиеме награда, пофалба, оценка, кога сме задоволни од себе поради нешто што сме направиле, итн.
Дотогаш, пробајте (иако е претешко) да ги рационализирате критиките кон себе и живејте од ден за ден, час за час, минута за минута. Клишето е дека евентуално минува и се подобрува. Секако дека може и пак да се наврати, но пак и ќе мине.