Депресија (и како да се справите со истата)

  • Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
150
256
1,063
Често пати знаеме да кажеме „Во депресија сум“ кога не сте расположени, кога не ви тргнало нешто од рака...Но, за жал депресијата е многу повеќе од тоа и само оние кои ја почувствувале навистина на своја кожа можат да кажат што значи.
Немате желба да излезете, не ви се разговара со никого, се плашите дека ќе ви се случи нешто страшно кое ќе ве усмрти...
За почеток најдобро е да сте свесни за проблемот и да се обидете да го решите сами или со помош на психијатар. Неколку добри статии на темава:

http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/7538-kako-da-se-spravite-so-depresijata

http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/10975-kako-da-komunicirate-so-depresivna-licnost
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
150
256
1,063
Хм, напротив. Кога станува збор за сериозна депресија ( не за она што си мислиме дека е) цигари и алкохол не се препорачливи бидејќи предизвикуваат анксиозност.
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
150
256
1,063
Ок. Темава е отворена за луѓе кои навистина се соочуваат или се соочиле со депресија. На сите им е јасно дека животот е пред нас, но сепак не бираме што ќе ни се случува.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
641
93
Депресија. Ја мразам..или ја сакам. Не знам. Битно често запаѓам во нејзини прегратки.
А тогаш немам желба за ништо. Се затворам во соба, туркам завеси и потонувам во темнината и целосната тишина. И размислувам како сето тоа што ми се случува нема смисла, дека немам причина да живеам и поминувам низ мизерни периоди кога на крајот ќе завршам уште помизерно. Се прашувам која е целта на животот и уште милион такви прашања. Се обидувам да заспијам мислејќи дека кога ќе се разбудам депресијата ќе ја нема, но само се залажувам. Се будам уште подепресивна и не можам сама да се поднесам, па се трујам со апчиња за успивање. Во собата не пуштам никој, не сакам никој во моја близина. Само сакам тишина. Тогаш може да ми помогне само присуство на некое малечко детенце покрај мене. Таа прегратка, тие очи полни со невиност и тие зборови и прашања Што ти е? Зошто даде плачи? Ајде насмеј се и Ела да си играме ме враќаат во нормала. Некако како да го бркаат мракот и ми даваат желба да ја видам светлината и да бидам меѓу оние кои искрено ме сакаат.

Ретко се случува да излезам и да шетам се дури ме држат нозете, па така самата си помагам да излезам од депресијата. Шетајќи по парковите и улиците можам да заприметам некои луѓе уште помизерни од мене кои сепак сакаат да живеат. И се смеат, па така им го разубавуваат денот на останатите кои ќе ги сретнат. И тогаш се запрашувам што правам јас со тоа што сум таква..Не само што си го правам погрд својот, туку и животот на тие околу мене кои не знаат како да се однесуваат. И доаѓам до заклучок дека без разлика што животот знае да биде суров и без разлика што сите исто ќе завршиме, вреди да се радуваме додека живееме.
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
455
650
1,093
Unknown
Па јас најчесто си пуштам музика и пробувам да се опуштам. Зборувам и со пријателите, ама со оние за кои знам дека навистина ќе ме разберат и ќе направиме еден озбилен разговор.
Инаку, имало денови да ми било до толку тапа што сум излегол сам надвор и по еден два саати сум шетал.