Некаде во коментариве прочитав дека имаш и напади на паника, што ме наведува да мислам дека патиш од анксиозност.
Тоа може да ти биде голем проблем, зашто анксиозноста всушност ја креира депресијата и ако не се третира навреме може да дојде до стадиум кој ќе стане вистински неподнослив, па дури и опасен.
Пробај со Гештал (чинам така беше) терапија, ако си од Скопје, распрашај се или изгуглај си, знам дека има докторка која ја применува оваа терапија. Батали ги сите медикаменти, да не се доведеш до ситуација да станеш имуна на нив, и освен тоа знаеме дека сите тие апови се само залажување на организмот и подлога за зависност.
И труди се да се социјализираш, ама не по секоја цена. Значи биди во средини каде ти се чувствуваш удобно, не се форсирај само да бидеш помеѓу луѓе, а уствари едвај да чекаш да си заминеш дома.
Јас имам блиска особа, која две години патеше баш од овој проблем, дури дојде до дереџе да има самоубиствени нагони. Се влечеше по сите можни доктори, од врата на врата, направи снимки, испитувања на буквално секој дел од телото, се си беше во ред ( зашто на почетокот имаше главоболки, гушење, вртоглавици), за на крај КОНЕЧНО да констатираат дека проблемот е од психичка природа.
Сега е се во ред, а тоа најмногу почна да се осеќа кога батали Хелексот и останати тралалајски медикаменти.