Депилирани машки

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Како што се ближи новиот милениум некогашната оштра граница помеѓу машките и девојките опасно се намали, па поради тоа некој од модната индустрија го измисли зборот, по малку и озлогласен, метросексуалец("урбано машко од било која сексуална ориентација, кој има јак осет за естетика и троши огромен дел од своето време и своите пари на својот изглед").
Козметичките салони во државата веќе на редовна база се занимаваат освен со женски и со машки козметики, нудат секаква депилација на мажи и им овозможуваат на луѓето да го подобрат своето его, или да практикуваат подобра хигиена.
На форумите на кои се зборува за машка хигиена мислењата се најразлични, од крајности дека оние со влакнести тела се заостанати личности од ерата на неанерталците, до тоа дека депилираните мажи се хомосексуалци кои сакаат да бидат мазни за да личат на девојки и да бидат поубави за своите дечковци.
Има девојки на кои не им смета нивното машко да биде природно, се разбира доколку тој има слушнато за сапун, шампон и дезодоранс, но има и девојки кои ќе се загрозат од самата помисла на истото и не би замислиле да бидат во физички контакт без партнерот да биде целосно мазен.

Која е вистинската средина?
За девојките,каков е вашиот вкус,сакате момци со мазни гради,нозе,раце,насекаде или сакате влакнести мажиња? :D
За момците, водите ли сметка за вашиот изглед, се депилирате или не сте од тој тип на момци?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
За депилација - не. Дегутантно ми е ако се работи за вадење на телесни влакна. За лице - освен брада веѓи кубење (освен ако не се у меѓусебна врска) исто ми е смешно. Сеа општо за хигиена, мора минимум секојдневен туш со стик. За другото не е толку задолжително. Инаку да. Водам сметка за брич. Друго, не. Освен хигиенски навики.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Aquarius

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Да е жив Ленон, сигурно ќе беше веќе полуден од луѓето.
Какви депилации бре, какви бакрачи. Никогаш не би се депилирал.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Увек!
Посебно во комбинација со недепилирана џемцка што држи суџук брк, екстра пар ќе се.
Ако има веџа едињача, тогаш простено му е ако меѓупросторот го тргне со лентичка.
Ама да легне да го депилираат...петел еден.
Кај мојата козметичарка врие од такви мажиња. Еднаш еден ќе се степаше на незакажано да му издепилира груда, и во чекална пред 4-5 жени мораа да го депилираат. Вол.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Увек!
Посебно во комбинација со недепилирана џемцка што држи суџук брк, екстра пар ќе се.
Ако има веџа едињача, тогаш простено му е ако меѓупросторот го тргне со лентичка.
Ама да легне да го депилираат...петел еден.
Кај мојата козметичарка врие од такви мажиња. Еднаш еден ќе се степаше на незакажано да му издепилира груда, и во чекална пред 4-5 жени мораа да го депилираат. Вол.
Веројатно бил некој „биди болдер“ со јака машка груда, фризура јебо факич и мачо став.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and Electra

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Реално ги оправдувам тие што се апла влакнести, па се средуваат, ама за останатите не гледам потреба.
Машко си е машко :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and 048

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Не сакам депилирани машки, особено коа ке видам некој летоска со мазни нозе па уште му светат на сонце :rofl ми се гади