Баба седнува во автобус од Скопје за Прилеп и му вика на возачот: - Синко, кога че стигнеме до Велес, да ми кажеш. - Добро бабо. Патуваа еден саат, патуваа два, возачо го заборавил барањето на бабата а одамна го поминале Велес. - Синко, че стигнеме наскоро во Велес? – прашала бабата. - Наскоро, бабо, наскоро…- Возачо се мава по челото, го врти автобусо и со полна брзина се враќа во Велес.
После 1 саат возење…
- Стигнавме до Велес, бабо, можи да слезиш!
- Не мора да слегнам синко, можам и така. Ќерка ми ми даде нови апчиња и ми рече кога че стигнам во Велес да испија едно…