Денес ме насмеа...

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Постирајте вицеви, случки, сè она што е опфатено од насловот :)

Мујо и Фата во Лондон. Влегуваат во такси.
Возачот прашува:
“Where are you coming from?”
Мујо вели: “From Bosna!”
Фата: “Што прашува?”
Мујо: “Праша од каде сме и јас му реков од Босна.”
Возачот: “Which town?”
Мујо: “Сараево.”
Фата: “Што прашува?”
Мујо: “Прашува од кој град сме, а јас му реков Сараево.”
Возачот: “I had the worst sex in Sarajevo!”
Фата: “Што прашува?”
Мујо: “Маа рече дека те познава да ти е*** матер!”
 

iskra

Староседелец
21 октомври 2011
204
300
1,063
Отишла плавуша со исчукана кола во сервис на пеглање.
Сервисерот решил да се пошегува, па и рекол: - Не ти треба пеглање, само ти дувај во ауспухот, самата ќе се исправи.
Се вратила плавушата дома и почнала да дува, ама ништо не се случило.
Поминала друга плавуша и ја прашала: - Што правиш, ма?
Објаснила оваа што прави, а другата со смеење искоментирала:
- Па, како ќе се исправат дупките, си ги оставила прозорците отворени

Селанец продава петел на пазар.
Доаѓа купувач:
- Леле колку убав петел! Им се качува ли на кокошките?
- Да да, им се качува! И не само на кокошките, и на гуските, патките, козите... Еднаш дури и на кучето му се качи!
- Тогаш зошто го продаваш?
- Од вчера нешто чудно ме гледа...
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Влегува Цветко во ресторан и седнува на една слободна маса. Доаѓа келнерот, го прашува што сака, а Цветко му вика:
- Го сакам тоа што го јаде оној господин.
По неколку минути се враќа келнерот со модринка на едното око и вели:
- Жалам, не го дава.

 

iskra

Староседелец
21 октомври 2011
204
300
1,063
Таа ми рече дека сум она нешто без кое цвеќето не може да живее.
Подоцна разбрав дека тоа е ...ѓубре.

Трајче и Трпе отишле на патување со брод.
Трајче вели:
-Трпе, знаеш ли дека кога патуваш со брод може да те фати морска болест? Освен тоа, на бродот има еден куп жени. Затоа трк до аптеката и купи апчиња против повраќање и кондоми. Се враќа Трпе со едно пакување апчиња и едно пакување кондоми. Трајче намуртено го гледа и му вели:
-Трпе ти да не си болен? Знаеш ли колку трае едно патување со брод? Оди земај уште! Трпе се враќа со две пакувања од двете. Трајче пак му се лути:
-Трпе! Патувањето ќе трае цел месец бе, ќе има и да се луламе и да повраќаме, а жени, жени… Оди купи уште!
Трпе се враќа во аптеката и и вели на аптекарката:
-Дајте ми еден пакет апчиња против повраќање и еден пакет кондоми!
Аптекарката му одговара:
-Абе момчиња, ако толку ви се повраќа од неа, зошто продолжувате да ја дупите?
 

Cristian

Нов член
14 февруари 2012
5
6
3
Kicevo
Таа: - Денес ги испратив децата кај мајка ми. Цел ден дома бев сама, се истуширав, се средив сегде,како девојка од 18 години, мазна и нежна. Облеков тенок, проѕирен и секси корсет, проѕирни стреч гаќички со нежна чипка на краевите, облеков црна свилена наметка и ставив црна маска на очите.Пуштив добра музика, и се потпрев на ѕидот онака провокативно застаната со секси поглед во очите, во кој само се гледа ''дојди и земи ме''.
И така го чекам маж ми од работа секој момент да се врати и пријатно да го изненадам. Тој влегува и се врти накај мене и ми вика: - Што има за ручек, Бетмен? :D
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
7288b2c41a64490.jpg


ХАХААХАХАХАХАХА... е да беееее.... дај да се поврземе на некој далековод...
http://www.sky.mk/ljubovisex/13884-%D0%96%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D1%98%D0%B0.html