Деловна облека М/Ж

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
,,Деловна,,малку ми звучи не македонски збор?
Но како би ја напишале,униформа?
Или пак работна?
Ниедна не ми звучи баш како што треба од она што ми текнува,но деловна не ке да е.
Ете Emma.T Nighty ?
Искрено веке ми е здосадено за да мислам што да облечам за на работа.
Па мора да е ем пригодно,ем доволно комфорно за работење,ем во соодветен сооднос на временските прилики за надвор и за внатре.
Понекогаш дури посакувам да имам соодветна униформа за да не му ја мислам,ама да можам сама да си ја одберам :)

Со оглед на професијата што ја работам,кога би можела би избрала нешто вакво но да би ми било униформа за да немора да мислам секој ден да биде различно.
Вакво нешто едноставно и удобно,без задолжителни елеци и сакоа :D
TopHatCasino034.jpg
TopHatCasino035.jpg


TopHatCasino054.jpg
TopHatCasino085.jpg


Исто би препорачала и дека пренатрупеност со накит не е пожелно за било која професија.
Нападната шминка исто така.
Се друго одприлика е опфатено во самиот вовед на темата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Не мора се да се ограничи на костими и еднобојност , се разбира доколку не извршувате некаква јавна и висока функција. Младите вработени можат да си дозволат да експериментираат со класичното, додавајќи нивни примеси во рамки на пристојноста. Мене сериозно одвратно ми изгледа сатенот без разлика како е искористен и сандалите со отворени прсти. Неуредните нокти и фризура исто така допринесуваат еден да изгледа тотално непрофесионално. Многу пати се случува да здогледате деловна жена која навидум изгледа убаво облечена но притоа ги утнала хулахопките и облекла светликави , ги утнала модните додатоци и изгледа како фараон, или најлошо употребила неквалитетна шминка што се разлева по лицето. Мислам дека не само што треба да се обрне внимание на гардеробата треба истовремено да се обрне внимание на целовкупниот изглед. Вие можеби носите Прада чанта но во истовреме косата ви е страшно неуредна итн. Односно сакам да кажам се што е уредно , чисто, не нападно, едноставно а сепак со вкус избрано изгледа одлично.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Оф топик ама морав да напоменам...она што го гледам по факултетите (студенти до душа повеќе студентки ) облечени со нИшто на нив и метли од коси...само сакам да порачам дека ниедна шестка не е достојна до толку голи да шетате мајка му стара....извади шо имаш да извадиш и ајде академски граѓани .... многу многу ефтино ...жал ми е навистина!
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Со годините се менува вкусот, барем мене ми се менува.
Сега колку обожавам женственост и елегнација не сте свесни... порано не можев да замислам класични пантолони, сако или сукња, сега сите овие слики кои ги имате прикачено ми се преубави и секое од тие парчиња облека би го носела со задоволство.
Сеуште сум студент, па затоа освен сако, и можеби еден пар елегантни пантолони немам облечено ништо толку класично.
Сеуште фармерки намбр уан облека во мојот шкаф : ))
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Кај мене на работа е лежерно.Си доаѓаат во униформа или кратко кажано комбинизон, шлем и појас околу половина како и заштитни чизми.Кој не е облечен така ако налета инспекција ем јас го јадам стапот, ем тој го јаде стапот.До сеа сум немал проблем околу нив, туку околу мене.

По правило морам и јас да носам таа заштитна облека, ама зашо идам по набавки, нарачки итн итн не можам да си дозволам да одам така облечен.Така да до сеа на 2 пати ме има репнато инспекција затоа што не носам заштитна облека.
Али ме научија сеа си пијам кафе со нив, т.е ги частам у гркљан да им застане :D
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Кај мене на работа сите имаме исти униформи и машки и женски, црни панталони, црни патики/кондури, шанкерите имаат црни кошули а келнерите кремасти, со тоа што девојчињата имаме и црвени марами плус, а тие од кујна ми се најтоп облечени, горе бели кошули а доле панталоните у коцки црни бели, многу им се штосни и бели капчиња :giggle Шефиците и шефовите т.е. само еден си го имаме, си носат класика панталона, црни обувки и горе кошулки и сакоа. Само хигиеничарките ни немаат униформи :D
А до сега секаде кај што сум работела сум си носела што сакам јас, сега барем не се думам што да облечам секој ден ;)