Данок за кучиња

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Владата реши да стави „ред“ и кај домашните животни - во најава е изготвување на закон со кој сопствениците на животни ќе плаќаат данок доколку нивниот миленик е категоризиран во групата на опасни. Државата ќе удри по џебот на газдите на змии, опасни влекачи, егзотични животни, како и на крволочните кучиња (се „шушка“ дека во предлог законот во оваа група меѓу другите биле ставени и пудлиците и пинчовите). Властите процениле дека овие животни се опасни за безбедноста на луѓето. Истовремено се отвора прашањето колку од сегашните сопственици, поради се поголемите трошоци ќе одлучат на улица да го пуштат својот миленик. Тогаш проблемот со бездомните животни ќе стане уште поголем, а нашите улици веројатно ќе станат мини зоолошка градина.
Што мислите за овој закон на владава?
Според мене ова се глупости на квадрат :mad:
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
добро сега не ми е јасно според кој критериоум ке се одлучува дали кучето е опасно? и шарпланинецот има заби и пекинезерот има заби и двете кучиња можат да нападнат не кого и да го каснат. е сега колка штета може да направатзависи и од чоекот.. малку глупа ецелава работа.. и башка владат го среде проблемот со скитниците и со вардариште па најде сега ова да го средува .. живи глупости...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alex M.

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас дома чувам еж. Тој не се декларира како опасен, освен ако го наљутиш. Ај нека дојдат да земат данок да ги видам. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alex M.

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
јас чувам шарпланинец и питбул па ете нека дојдат да земат данок..... ( мајтап ...)
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alex M.

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Не знаат веќе на кој друг начин пари да земат од народот, и тоа е... Абе Македонија :banghead не се согласуваам воопшто со овој закон, што има потреба да плаќам јас данок за моето кутре кога од дома не излегува, ниту лае, домашно куче е, боже мили... катасрофа сме цццц :mad
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alex M.

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Глупост невидена е законов..ако некој има опасно куче и сакаат да го контролираат тој сопственик треба да се пропишат правила у какви услови треба да се одгледува тоа куче и кој може да одгледува такво куче а нормално за таква операција државата нема ни можности ни средства..а ова со данокот е чиста глупост..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alex M.

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
И јас имам заби и и мене ако ме налутиш ќе „касам“. Дали треба татко ми да плаќа данок за мене бидејки во Х ситуации можам да бидам опасна??

Ајде бе, глупости. Прво нека воведат ред кај уличните кучиња после кај домашните.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah, iva89 and Hexasto