Даниел Кајмакоски - искрен или позер?

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Според мене човекот си е “ѕвездајлија“...
Јас го гледам шоуто само заради Даниел...
Пее, има настап, зрачи со позитивна енергија особено кога пее песни со некој побрз ритам, слободен е на сцена, не се напрега кога пее...не знам мене едноставно ми е дете на место...а кога зборува надвор од сцената не ми остава впечаток воопшто...значи по мое мислење на сцена го бива и знае како...
А бај д веј се разбира дека ќе се пофали со песната што ја напишал за Каролина зашто стана хит, како да се пофали со некоја пропадната песна? Што има тука за фалење...еј напишав песна ама не стана хит? Нормално дека ќе си се пофали со хитот...
Ама како што кажавте погоре, некој ќе го сака некој ќе го мрази...прашање на вкус...ништо друго...
А дека детето пее и си има вокални способности и сенс за музика тоа е неспорно...
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Очигледно Даниел само на мене ми е така малку мутав?
Не ми се допаѓа како пее, премногу пискаво гласче за мој вкус, не ми се допаѓа ни како изгледа кога пее. Јас сакам гласиште бре, од мажиште, а не пеење лимонатки од Бруно Марс и останатите од тој калибар. Тешки песни дефинитивно не му лежат и не знае како да се носи со нив.
Далеку е од Тоше, далеку е од многу просечни пејачи.
И да, се мислам дека е лага таа негова скромност. Некако во очите му гледам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glory

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Очигледно Даниел само на мене ми е така малку мутав?
Не ми се допаѓа како пее, премногу пискаво гласче за мој вкус, не ми се допаѓа ни како изгледа кога пее. Јас сакам гласиште бре, од мажиште, а не пеење лимонатки од Бруно Марс и останатите од тој калибар. Тешки песни дефинитивно не му лежат и не знае како да се носи со нив.
Далеку е од Тоше, далеку е од многу просечни пејачи.
И да, се мислам дека е лага таа негова скромност. Некако во очите му гледам.


tumblr_lymu3n28hc1roz60ho1_r2_400.gif

малку шала де :D

Не дека се работи за боја на глас, еве и тоа може да се каже дека е прашање на вкус. Ете мене пример бојата на гласот на Тамара не ми се свиѓа и ми нема некоја спецификација која би ме навлекла, освен тоа што кога ја слушам на долги интервали, делува млако - синдромот на Долорес од Кренберис. Но ете како и Даниел така и Тамара, имаат свое место на емисијата, и двајцата се етаблирани за таков тип на шоу. Кога било кој од нив би го надминале оноа за кои некои други ѕвезди беа етаблирани да бидат мајстори во истото, земено дека овие двајца не поработеле повеќе да се усовршат, тогаш треба човек да се запраша.
И споредувањето со некои ѕвезди па уште и починати е крајно патетично. Треба време и искуство. А и квалитет.
 

*Mina*

Нов член
13 февруари 2014
19
9
3
Скопје
Тоше беше дете што се трудеше 10 години за да стигне до тоа што тој го доби за 10 дена..

Што добил за 10 дена? Фанови на фејсбук..мислам дај.....Дечкото ми е страшно иритантен и после секое шоу сите овие се забораваат после недела дена...Така и Даниел може да си се врати да работи што и пред тоа...Тоше и неговата популарност на Балканов не се споредува со ниеден пеач......Даниел брзо ќе биде заборавен..ја нема таа харизма.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glory

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Ја фаќа 30ката... на негови скоро 30 години му се посреќува и излегува на бина и се собира круг на луѓе што го сакаат. Тогаш настанува еуфорија и стварно мислам дека е благодарен за таа поддршка.
Енивеј, скоро целата таа група што го поддржува се девојчиња до 16 години, кои такоџе се во еуфорија... исто како за Кико, исто како за Лозано, исто како за Драги Шпага! Фил кој трае, поминува и бум... одеднаш сето го снемува!
Универзален начин е „Ве сакам сите!“ откако умре Тоше. Проверен начин кој 100% пали.

За вкусот мој во однос на пеењето, релативно просто се просудува... Појава, мажественост, понашање.... Tony Curtis , Gene Kelly... гласот на Sinatra како репер за машки глас... Универзални идеи според кои ги рангирам сите машки изведувачи. Даниел не содржи такви елементи!
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Не го гледам тоа реално шоу или како се нарекува, а и Даниел го имам слушнато само 2-3 пати на јутуб и од моја гледна точка вака изгледа.
Даниел е просечен пејач, нема потреба да се споредува или рангира во класата вокали како Тоше, Андреа Бочели, Чолич или кој било друг, прва разлика е што тој е баритон ( среден машки глас ) а Тоше беше тенор (висок машки глас), тенорите секогаш можат да фатат 2-3 скали повисоко од баритон и секогаш подобро изгледа за уво. Исто така се препознава школован вокал и уличен, него би го споредувал со тоа детето што победи на идол од Гевгелија не ми текнува како се викаше.
Но од друга гледна точка, јас би сакал да победи Даниел или било кој македонец/македонка одколку србин, босанец итн. Се надевам дека некој ден ќе излезат и многу други како Тоше што ќе ја претставуваат оваа наша мала земја насекаде во светот.
Македонците се желни за навиваање, бараат оргиналност и мразат споредби.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Се надеваме дека нема да заврши во отпадот наречен македонска естрада. каде што завршија сите 'ѕвезди' на македонското музичко небо. А за поистоветување со Тоше, тешко. Ако самиот се поистоветува со него, тогаш лесно ќе падне од облаци. А ако го поистоветуваат некои, тогаш тие ја познаваат музиката, само преку YouTube.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *Mina*, Electra and Yvette

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Мене озбилно ми се темне кога ќе го споредат секој човек кој пее поп музика со Тоше. Тоше го имитирал. Значи со самото тоа што се пеат песните на Тоше, се одржува неговиот спомен. И треба да се пеат, треба тие песни да останат живи. Исто како и песните на Витни Хјустон, Ејми Вајнхаус, Фреди и многу квалитетни музичари.

Пред некое време ги слушнав едни колешки како тоа Даниел се правел скромен а се сликал со две девојки, па што се не друго. Мислам, сериозно луѓе? Сериозно, имате време со тоа да се замарате? И како побогу тоа влијае на фактот дали него го бидува или не на сцена?

Фреди беше п***р. Витни тешка наркоманка, Ејми исто. Тоа не го оспорува фактот дека правеа музика од која се намовнуваш целиот. Каков сака нека е, ако добро пее, нема да го земате за зет дома. Оставете го човекот на мир. Џон Маер е најголемиот кретен што постои на музичката сцена, па човекот растура.

Македонија си има еден таканаречен ж.к синдорм. Ако е скромен, лажен скромен, ако не е оти не е, ако победи некој анонимен местено е... Убаво рекле, најлесно е во Македонија да живееш, сите гајлето ти го берат.

Ви завидувам на животот, каде имате време да правите проценки дали некој вчерашен пејач во Македонија е "скромен" или не. Најискрено.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Македонче како македонче.Наместо да си го браниме своето ние замерки му бараме..Тој може не се споредува со Тоше но медиумите го споредуваат со него и тука се прави тотална збрка.Јас се надевам дека ќе дотурка многу подалеку и од икс фактор ..И нормално сите се засилени на фејбук се прават којзнае колку големи фанови а искрено тоа е само за еден глуп лајк и ништо повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Тоа шо пее добро пее, неможи никој да оспорва, а дали на некој му се допаѓа како се однесва и дали било тоа за да стекне фанови и сл. секогаш ќе има такви шпекулации, зошто ? Ова е Македонија, Ова е Балкан неможе да биде поинаку !