Даниел Кајмакоски - искрен или позер?

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Со оглед на огромната популарност, барем на Фејсбук (259.000 фанови :eek:) , што ја стекна за многу кратко време, морав да се запрашам што е толку посебен. Супер пее и тоа е ок, ама не е до толку за да ме остава без здив како ниеден друг пејач во светов. Имам мнооогу подобри.Убав или не, прашање на вкус, ама далеку од некоја универзално прифатлива убавина, харизма...не знам, ако ја чувствуваат тие таму во живо, ок. Преку телевизор...ништо толку фасцинантно.
Друго, од самиот почеток е нешто нејасен. Еднаш живее во Струга, еднаш во Охрид. Еднаш нема пеено со години, никогаш не снимил ништо, а тој со настап на фестивал и скоро снимен албум со Токсиколози...наеднаш како добива на популарност, така ги открива работите, ама сите што се веќе полудени не ги ни забележуваат само ги „голтаат“ информациите.
Трето, колку и да сакам да ја избегнам помислата дека добро ја има научено лекцијата од Тоше, како се допира до народот, толку и не можам, затоа што на него и неговата личност, која го издава повремено, не одговара толку тоа „лигавење“.
Тоше беше дете што се трудеше 10 години за да стигне до тоа што тој го доби за 10 дена. Затоа Тоше знаеше секое чекорче да го цени искрено и тоа се чувствуваше. Тоше пренесуваше емоција. Кај Даниел тоа е толку научено, што дури и по малку вештачко, затоа што знае дека така треба. Среќа што е за добро, ама кога не е природно и оригинално, навистина ми е по малу и одбивно. Сите други таму се несвесни и поизгубени од него, а на сите исто им се случува, само тој е тој што знае како да се носи со се`.
Посебно дури и ме иритира кога ги користи истите зборови од типот : “Ве сакам сите, ви благодарам сонциња...последното на неговата страница ми беше врв... среќен роденден на внукот и да станеш пејач :cenzura
Да не ги наведувам сите забелешки, кажете си го и вие вашето мислење или дополнете со некоја ситуација во која се докажува неговата искреност или неискреност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Farfalla

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Темата можеби може да просперира како тема, само во друг подфорум.Коментар малку подоцна.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Секогаш за секоја личност и ѕвезда ќе има поделени мислења. Ниту Тоше го сакаа сите ниту па Даниел ќе го засакаат сите.
Да не зборуваме па за светски ѕвезди што некои ги тетовираат за себе, а други ги плукаат.
Лејди Гага на некого е идол, мене ми е пиши-пропало.
Е сега, кога сме кај Даниел... Од моја гледна точка... Х фактор е место каде што треба да се најдат таленти(огромни таленти) со огромен Х фактор во нив, е сега... На ова шоу... за жал подвалија во наоѓањето со некој таков талент...сите се просечни, Лукијан или како и да се вика човекот, фалшира по 20 пати во просек, ама го сметаат за еден од фаворитите; Тамара, што е патем мој фаворит, а ни јас не знам зошто кога сто пати докажа дека нејзиниот вокал не е толку моќен колку што се чинеше на почетокот; Илма, што има неверојатно добар вокал...ама е мала, нејзините години не ѝ дозволуваат да ги почувствува добро песните па не може секогаш да пренесе моќна емоција...и така до недоглед може да се коментира за сите што се овие лајф изданија и кои не се баш со голем „Х фактор“ во нив.
Од таков недостиг на моќни вокали се навртија на Даниел...кој патем е доста просечен, не е нешто „воу“ колку што го прават. Пее добро, тоа не може да се побие, ама не е за да се дигне толкава фама околу него...
А, ако ги коментираме неговите постапки после тие три минути пеење... тогаш да, има многу нелогичности во неговите искази, ама анализирајќи ги стигнав до заклучок: Дека можеби е од некое од селата околу Охрид и Струга па затоа еднаш кажува Охрид еднаш Струга... ама тука нема што да се замерува или слично, човекот цел живот го поминал во Швајцарија и има изгубено некое чувство за националност...
Мене ме нервира неговото првично „скривање“ на песните кои не му доживеале успех, ама затоа кажа дека на Каролина ѝ напишал песна која е апсолитен Хит конкретно во Србија... Е тоа ме изиритира навистина... ама што е тука е, на Х фактор се коментира пеењето - кое кажав е просечно и не ме воодушевува толку многу, а не неговите вистинити/лажни искажувања - за тоа ќе коментираме на шоуто „Момент на вистината“.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Македончето и неповторливата потреба да анализира и дознава многу, многу повеќе одошто му е потребно...и/или барем корисно.
Ако пее убаво и ако му уживам во песните, може да е и непознат внук на Елизабета II или селанец од падините на Јабланица, мене око нема да ми трепне.
Типот тешко се снаоѓа пред камера, ама вие бре дома да не ќе го носите, па ви е битно да му знаете историја?
И дајте аман. Се појави ли некој добродушен, скромен момак со јак вокал, одма Тоше. Преминете веќе преку тој комплекс, побогу. |-( Досадни сте.
Се појави Лозано, кутриот се погоди со таква боја на глас - Тоше го имитирал.
Се појави Белов да не претставува некаде - Тоше сакал да го имитира.
Сега еве го Даниел - и тој бил ванаби Тоше.
Може па до вас е што не можете да го прежалите откако сте станале фанови по смртта, па во секого си наоѓате замки.
И после немаме ѕвезди. Па ќе немаме, кога имаме раја заинтересирана само за пикање нос во секоја друга сфера освен во музиката на изведувачот. Нормално дека никој нема да сака да се докажува за константно да биде споредуван без да му се даде шанса да се покаже ко свој.
 
Последна промена:

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Прво што сакам да кажам е дека страшно ме нервира кога некого го споредуваат со Тоше, а од смртта на Тоше па навака секој машки вокал кој стекна барем некаква популарност кај нас веднаш го ставаат на кантар со него, беше Лозано, беше друг, трет, еве сега и Даниел.Не ми е јасно зошто не може некого да го гледаме како индивидуа и да го критикуваме(позитивно или негативно) само според она што е тој самиот.
Ако го коментираме Даниел како Даниел, за пеење пее навистина, дека е нешто не знам што не е, ама има нешто специфично во него што крева фама околу него.
Искрено мене ме фасцинира кога пее, комплетно со се настап...Ама надвор од пеењето, ко ќе се симне од сцена..поинаква е ситуацијата :)
Еднаш една многу драга личност ми даде коментар за Даниел од типот „кад се сељо покондури“ и навистина испадна така.Не знае некогаш реченица да сврзе како што треба у пм...
Сметам дека многу 5 напред му дадоа од жирито и затоа и народот толкава фама крена околу него, оти нели ко ќе ни се сервира нешто на послужавник дека е „добро“ од демек компетентни личности во таа област, мора да го прифатиме тоа дека е така.А самото тоа го крена и Даниел, не дека се однесува како ѕвезда, барем јас немам приметено, ама очигледно е дека почна да му годи „популарноста“.
Но како што кажа форумџијата погоре, улогата на икс фактор е да се коментира пеењето и целокупниот впечаток на сцена, а засега тоа од Даниел мислам дека го добива народот, а многу јасно е дека ќе има луѓе што ќе го сакаат и што ќе го хејтаат.Ајнштајн имал а не пак овој :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glory

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мене ми е онака обичен скромен дечко што убаво пее. Нешто посебно да ми задржал внимание не ми задржал, ни па сум размислувала за некои негови постапки или можни намери.

Да се споредува Тоше со секој новопечен пејач мене не ми е ок, зошто треба да се изоди многу пат да се стигне да се прават споредби првенствено како споредба со човек кој долго работел на себе и својата кариера, наспроти три испеани песни во едно шоу кое си има рок на траење. Големи се шансите за месец дена да почне големиот брат и Даниел и неговиот фактор да бидат фрлени во заборав.

Исто и мислам дека тие обожаватели во огромен број се тинејџери кои сакаат се што е моментално ин се додека не се појави нешто ново поинтересно, па ваљда Данчо наш ќе треба повеќе да се потруди за да долго им го задржи вниманието. Инаку, го чека иста судбина како нашиов прв идол :)

И нешто во што највеќе верувам дека ќе се случи:
Каков и да е, од кај и да е, на Даниел веќе не му гледаме очи ни во Охрид ни во Струга
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Стварно бе и мене многу ме нервираат кога сите ги споредуваат со Тоше и од нервоза се јавувам кај Иван Исцелител да ме смири.

Ози би рекол: Who dafuq is Daniel?




Ја па не знам шо толку сите кренаа фама Даниел та Даниел. Уште малку петиција ќе распишат и на евровизија да го пратат и улица во Скопје да именуваат по него. Го слушнав еднаш или два пати и ништо повеќе од тежок просек. А за тоа па „Кад се сељо покондури“ имаше едно меме "watch out we got a badass over here" (да не стаам слика де). Демек ако дошол од некое мало местенце очекувано е тоа однесување, па као немал однесување надвор од сцената а-у јадара јадара мамбо џамбо раткорипнапрекурека. Овие „ѕвездите“ кога зборат и на сцена и надвор од сцена, по три чаши мед и млеко стигаат пред сите што ги слушнале, а обичен смртник коа ќе каже нешто бил сељак и не знаел да се однесува надвор од сцената.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Има нешто ама и фали нешто. Во принцип, лесни песни бира (не знам дали сами ги бираат или им ги даваат) каде што има можеби еден малку потежок дел, кој е недоволен да го покаже целиот талент. А можеби и толку може. Не изгледа кој знае што, не е некаков си манекен, но сепак привлекува со насмевка и скромно однесување. Има мила ѕвезда, како што се вика. Се на се, има доволно за да привлече внимание, но недоволно за да ме фасцинира. А можеби е и до местото, ќе видиме во иднина што ќе направи дечкото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glory