Конечно некој и мене да ме разбере за тоа негово "лигавење".Се согласувам делумно со тебе мене не ме интересира дали е од некое село од Струга или од градот едноставно не ми се допаѓа како он се лигави на секое интервју (со она "ве сакам сите" , "благодарам,фала многу") .Гледам x-фактор ама немам некој посебен фаворит. Излишно е да се споредува со Тоше. Мислам дека и ние самите го споредуваме него па и сите други пејачи кои се појавија со Тоше бидејќи Тоше беше и секогаш ќе остане идеал како еден пејач треба да се однесува,да пее целокупно неговата појава.Даниел додека пее е супер има некоја харизма , но откако ќе заврши сето се губи.Мене лично не ми се допаѓа може сум само хејтер ама има нешто во него што едноставно не ми се допаѓа.Би сакала да победи само затоа што е Македонец.