Со оглед на огромната популарност, барем на Фејсбук (259.000 фанови ) , што ја стекна за многу кратко време, морав да се запрашам што е толку посебен. Супер пее и тоа е ок, ама не е до толку за да ме остава без здив како ниеден друг пејач во светов. Имам мнооогу подобри.Убав или не, прашање на вкус, ама далеку од некоја универзално прифатлива убавина, харизма...не знам, ако ја чувствуваат тие таму во живо, ок. Преку телевизор...ништо толку фасцинантно.
Друго, од самиот почеток е нешто нејасен. Еднаш живее во Струга, еднаш во Охрид. Еднаш нема пеено со години, никогаш не снимил ништо, а тој со настап на фестивал и скоро снимен албум со Токсиколози...наеднаш како добива на популарност, така ги открива работите, ама сите што се веќе полудени не ги ни забележуваат само ги „голтаат“ информациите.
Трето, колку и да сакам да ја избегнам помислата дека добро ја има научено лекцијата од Тоше, како се допира до народот, толку и не можам, затоа што на него и неговата личност, која го издава повремено, не одговара толку тоа „лигавење“.
Тоше беше дете што се трудеше 10 години за да стигне до тоа што тој го доби за 10 дена. Затоа Тоше знаеше секое чекорче да го цени искрено и тоа се чувствуваше. Тоше пренесуваше емоција. Кај Даниел тоа е толку научено, што дури и по малку вештачко, затоа што знае дека така треба. Среќа што е за добро, ама кога не е природно и оригинално, навистина ми е по малу и одбивно. Сите други таму се несвесни и поизгубени од него, а на сите исто им се случува, само тој е тој што знае како да се носи со се`.
Посебно дури и ме иритира кога ги користи истите зборови од типот : “Ве сакам сите, ви благодарам сонциња...последното на неговата страница ми беше врв... среќен роденден на внукот и да станеш пејач
Да не ги наведувам сите забелешки, кажете си го и вие вашето мислење или дополнете со некоја ситуација во која се докажува неговата искреност или неискреност.