Дали љубовта се купува со пари?

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Љубовта не се купува со пари.
Со парите можеш да купиш нечие тело, нечие време, нечие внимание... можеш да купиш разговор, бакнежи, секс... можеш да купиш домакинка, мајка на твоите идни деца, жена за пред друштво,
но не и љубов, не и нечии мисли и чувства, неможеш со пари да влезеш во нечии соништа, да запалиш искра во нечии очи, да бидеш причина за нечија среќа...

Сепак секој си има приоритети. Некои радо би ризикувале телото да им гладува за да ја почувствуваат најголемата маѓија на животот, други пак, би носеле празнина цел живот во себе за да трупаат минливи и лажни богатства.

Да мислеа сите ко тебе, во светов од асфалтите ќе изникнуваа ружи, цвекиња во најубави разно, шарени бои... Рај за очите и душата ќе беше.
Ќе беше местото подобро за живеење, ќе си ја ситевме душата со само еден фрлен поглед кон асфалтот полн со најубави ружи... :)
 

rikica01

Истакнат Член
19 ноември 2015
58
20
118
28
има една поговорка цитирам: ,, Парата врти каде бургијата не може" така да со ова мисла сакам да кажам дека на некоја девојка ако сакаш да и свртиш внимание мора да имаш пари ако немаш пари не верувам дека некоја ќе те погледне
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
има една поговорка цитирам: ,, Парата врти каде бургијата не може" така да со ова мисла сакам да кажам дека на некоја девојка ако сакаш да и свртиш внимание мора да имаш пари ако немаш пари не верувам дека некоја ќе те погледне
Ти само лажи се со ова.
Ако сакаш да и свртеш внимание на некоја доволно е само да знаеш да ја насмееш.
Што се однесува до темата јас не можам да разберам како може некој да ти ги купи емоциите, чувствата или по ваше љубовта, ма како воопшто може тоа нешто да се продава? Предмет ли сме ние женските? Или не купувате или сме во нечија сопственост. Па мајка му стара животните имаат поголема слобода.
Иако да постојат исклучок на жени па и мажи кои живеат за пари но и тие личности да се прашаат дали се среќни одговорот би бил не (кога тогаш).
Јас во љубовта не верувам поточно поинаку ја толкувам и тоа нешто дефинитивно не се купува со пари.
Да би можела да бирам меѓу некој намќор тежок милиони и некој скромен, фин и полн со разбирање дечко би го избрала вториот.
Предметите секогаш можат да се купат некогаш порано некогаш подоцна но моментите поминати во добро друштво со прекрасни личности едвај дека некој за пари може да ти ги овозможи и многу е глупо што воопшто правите споредби едно со друго, а има огромна разлика.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Нема жена или девојка што ќе ми каже и докаже дека љубовта не се купува со пари односно од некаква си корист , ако нема корист каква и да е не постои ништо ,а се режира и глуми љубовта додека се има корист од личноста ..
Не може никој да ме убеди дека не е така , еве ни Паско Кузман нема најдено некој/а што не е во овие преко 90% за жал :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: rikica01

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Види @Mnogo Bitno ако ти се на такви си налетувал не значи дека сите се такви, еве пример за мене сите мажи се идиоти но реално не се сите мажи идиоти, недај боже да беа. Ама ете тоа искуство таква лажна слика ми дава па ете и тебе исто. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Ито ај не туку ме карај од сабајле , јас кажав 99 посто ,а тоа не се сите , знаеш и ти дека на прсти се бројат ..
Јас имам и убави искуства и лоши ,а сега убави пак се надевам , дај стави по едно кафе и не туку викај само ;)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Извини ама си рекол 90% не 99 :D
Човек да не може од сабајле убаво да се искара, одма се вадиш, еве сега горко кафе за тебе :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па уште по убаво сум рекол , значи па ич тогаш не се сите баш ,ајде стави ,само без тацна ;):cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Проблемот со ваквите ставови е дека оние кои ги имаат - немаат емоции појаки од запек или нагон за парење. За кои пак често мислат дека се љубав или нешто така. Не се. Тоа само ви се сере. Или пенетрира. Што верувам дека е слично искуство кај мнозинството популација тука. А такви емоции секако дека се на тезга. Ма какви, за 200 еура месечно може да изнајмиш цел чоек, топтан сосе сиромашните му емоции и нагони.
Да се нагнете ракија со сланина, сомун и ајвар е исто така врвот на естетските доживувања меѓу машка раја, а меѓу женска да се изоговара до смрт рандом лик и да се излакираат нокти со кинески лак дури се вари рефус каве од 19 денари полно со пепел. Не може да се очекуваат причи како Un homme et une femme во такви средини.

За нешто покомплицирано - тешко. Можеби ако пукне реактор во Козлодуј.
Дотогаш рајата нека сере и нека се е*е, по можност и двете истовремено.
 

BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
Може све да се купи со пари. Нема жена што ќе одбие љубов + секс за $1,000,000, готово крај на дискусија. :D Ќе си сака и ќе си љуби. Колку само девојки и жени се мажат за некој што не го сакаат 100% туку го земаат за маж заради финансиска стабилност и сигурност и после со текот на годините го засакуваат колку можат. :D

Ете класичен пример.
Апсолутно се купува, сум работела во ЗАРА, неколку дена, не сум можела да си поверувам на очите кога влегоа еден Албанец во подоцнетите год,со пивско меше, ќелав, неубав нос и очи, со една 22,23 годишна девојка, максимум 24 имаше, висока, згодна, ко манекенка, коса - надградба имаше ко свила. Можеше ќерка да му биде, ама не му беше ќерка туку девојка. Македонка иначе. Се облече од глава до пети, во ЗАРА, оставија кеш 25 илјади денари, му се заблагодари девојката на човекот, срцка,мрцка, се лигавеја, дали и стоело убаво, дали не...
Човекот видно несреќен, дека остава у ден колку две просечни Мк,плати... Но, нема врска, кога ја гледаше очите му светкаа од љубов кон неа.
Си ја сака, си ја купува. :)
Тој чиче е глупав без разлика на вера, националност, раса, што ли ти знам. Свесен е дека служи како крава за молзење $ ама за женско друштво и секс ќе фрла 25,000 MKD кога со тие пари може да си се изнадупи x25, вака само еднаш ко ниеднаш. Можеби стварно се сакаат, решил да ја почасти малку за роденденот. :rofl И таа девојка е за тепање, права спонзоруша, барем да нашла некој згоден да не се приметува толку дека заради пари оди со овој. Некои девојки немаат ни срам, ни перде!

Јас не би купувал љубов со пари, никогаш! Да си прашам к** да служам како банкомат на некоја која нема да ме цени како личност. Која ќе ме цени и сака заради карактерот и изгледот кои не се за потценување, ќе го добие правото да ужива во кешот подоцна. Но, љубовта мора да дојде прва и да биде вистинска пошто ако е лажна ќе препознаам! :D

Да нема глупави машки кои се спремни последниот денар да го потрошат на девојка мислејќи на тој начин она ќе ги сака повеќе или ќе биде со нив, ќе нема толку спонзоруши. Како може само да се толку глупави да не сфатат дека девојката ги молзе, а веројатно се свесни, ама додека е околу нив се прават наудрени и си ја оправдуваат глупоќата. Тоа не е љубов, туку бизнис трансакција. Молзење до последен цент! Milking till the last drop! Плаќаш и имаш имагинарна љубов + реален секс. Си има наши спонзоруши и си ја наплаќаат младоста и убавината во Малта, Дубаи итн. Кеширање на љубовта бе! Фала богу не се сите такви си има супер девојки, ама од кај да знаеш, едно однесување има девојката кога е заробена во малограѓанските граници на Македонија, сосема друго кога ја минува границата и ја чувствува таа слобода да си прави што сака без комшиите да ја оговараат. :D

За крај би рекол: fuck fake love! Fake love може да се купи со пари, real love не може.