Љубовта не се купува со пари.
Со парите можеш да купиш нечие тело, нечие време, нечие внимание... можеш да купиш разговор, бакнежи, секс... можеш да купиш домакинка, мајка на твоите идни деца, жена за пред друштво,
но не и љубов, не и нечии мисли и чувства, неможеш со пари да влезеш во нечии соништа, да запалиш искра во нечии очи, да бидеш причина за нечија среќа...
Сепак секој си има приоритети. Некои радо би ризикувале телото да им гладува за да ја почувствуваат најголемата маѓија на животот, други пак, би носеле празнина цел живот во себе за да трупаат минливи и лажни богатства.
Да мислеа сите ко тебе, во светов од асфалтите ќе изникнуваа ружи, цвекиња во најубави разно, шарени бои... Рај за очите и душата ќе беше.
Ќе беше местото подобро за живеење, ќе си ја ситевме душата со само еден фрлен поглед кон асфалтот полн со најубави ружи...