Дали љубовта се купува со пари?

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Со пари,се може да се купи но вистинска љубов не.Да, жена може да се купи,секс истотака,но чувствата произлезени од срцето,неможе.Исто што неможе вкусот,жедта,и ред други "потреби"поврзани со чувствата.

Оние што не се согласуваме имаме слично,ако не и исто мислење.:)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Леле бре, омладино... што е со фрустрацииве?
Да не се вреѓаме (а ќе се вреѓаме), ама обично муабетов дека љубовта (па и сѐ останато) се купува со пари, иде од народ што нема што да понуди.
1. Немаш многу пари, ама имаш мерак на некоја напукана што очигледно во свои рани 20ти не може да си дозволи капут од 400 евра, па следат фрустрации. Нема врска дали си одговарате и дали карактерно имате што да си понудите еден на друг, битно друг ја шета ко икона, а ти плачеш оти те баталила за истиот.
Просто да се чуди човек како сте изненадени од исходот. Демек до вчера во корито ви бакнувала нозе од љубов, па сега фактор изненаџење удрил.
2. Имаш пари... and that's pretty much it. Можда малце douchebag карактер на кој се палат тинејџерки и теткици заглавени во тинејџерство. Карактер нула, евентуално по некој бицепс и фин изглед, а можда и не пошто богати сте, нема што да се замарате.
По што друго, озбилно, би трчала некоја? Интелектот дека последно сте прочитале формулар во 2008ма кога сте отвориле фирма? Умешноста што случајно ви се погодиле коефициенти во кладилница, па ко оној што пеел „Где си била кад сам био нико?“ да го вртите истиот муабет цела недела? Да ви паѓа некоја на „Цуцо, каква к***а ми се лепеше вчера, али како сум ја одјебал пошто тебе те сакам“, па ко на кученце да ѝ фрлите да си купи некој партал, а она ќе трепка и лета во облаци оти тоа е доказ дека е неодољива и непобедлива риба.
И жените и мажите сте си криви за таквата т.н. љубов.

Амбиција веќе не е да се потрудите, да научите и да заслужите, туку по брза постапка да се дојде до нешто, па макар било и труло.
Овој ќе лиже газови за да дојде до некаква позиција на менаџерче, сѐ со цел да кажува колку е поштуван (хинт: ич) и „да врти п***ња“, оваа сака скапи работи и дома ја напнуваат да најде богат, да им се тргне од врат, па шири нозе ко најбрз начин. Епа Маро, епа чорба.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Свесен е дека служи како крава за молзење $ ама за женско друштво и секс ќе фрла 25,000 MKD кога со тие пари може да си се изнадупи x25, вака само еднаш ко ниеднаш.

Уште шлепери фалат во муабетов...
This is why we cannot have nice things...

Па успевале некои врски на пример Нусе од Албанија за 500 евра хаха :D

Тие мислам дека ги давале за посредништво не за купување на жена per say... е сеа љубаф во тие средини не може да се појави пошто сеуште еволуциски се на ниво на орангутани...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and malo

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Ефтино и просто машко суштество кое не сака да ги покаже своите емоции и се труди да остане рамнодушно многу нормално дека ќе каже дека љубовта може да се купи со пари.
Се додека некој така размислува така и ќе се однесува. На крајот ќе си купи невеста од Албанија, зошто секоја жена ќе го напушта.
Во денешно време не гледаат само жените машкото да стои добро финансиски. За некои мажи најважно е девојката да е добро ситуирана.
Тоа што се купува со пари не е љубов, туку обична сексуална услуга, за тие што се очајни и не можат да си најдат девојка/ партнерка.
Факт е дека парите го вртат светот, ама никогаш нема да можат да ја купат љубовта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Да постои за жал,не сум купила и никој не ме купил и нема страст во тоа тие се за пари
 

love !

Староседелец
7 август 2018
156
34
628
на почеток сите мислат ДА па животот им е пекол. мој одговор НЕ НЕ и НЕ
 

Neverna Mala

Староседелец
21 ноември 2013
123
79
1,038
34
Да, мегу другото и парите се битен фактор при изборот на партнер. Не се пресуден фактор но секако многу би ми помогнало при одлуката дали да бидам со некого ако има добра работа, пари, убав стан... се се тоа фактори кои верувај кај секоја жена носат многу поени при бодувањето. Исто така особено ми е битно нашите сексуални желби и потреби да се ускладени, да има квалитетен алат, да знае да го користи, и да е добро сочуван :)
Шала на страна, сакале ние да признаеме или не парите, убавината, добриот алат... се се тоа одлики кои придонесуваат за квалитетна врска.