Дали сте задоволни од нашето здравство?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас од државните ич не сум задоволен. Пред 1 месец се повредив, и одам на доктор, кога таму невидена гужва, се расправаат луѓе гледам, докторот да не бил на работа. Човекот прстот си го повредил и не е на работа цела недела. (така е зборот, ми кажа докторката што ја знаев од таму што му било но заборавив, не беше којзнае што, барем можел да дојде на работа и да ги прегледа пациентите)
После тоа отидов во државна, таму не се жалам, добро завршив. Но имало моменти кога ме ваделе од такт и сум сакал да станам и да си отидам и од таму.

А за приватните е друга прича. Таму па и за консултација се наплаќа 1.000-1.500 денари. Али знам дека се подобри од овие државните.

Дали вие имате некое лошо или добро искуство со нашето здравство?

Дали сте задоволни од услугата на лекарите/докторите, болничките соби итн.....

Ако сте незадоволни, зошто?

А најлоши искуства имам, т.е. не јас туку многу близок член на фамилијата, во Гевгелија во нивната ако можам да ја наречам и болница, поради нивното нула искуство и непрофесионализам, го оставија човекот да умре. :mad::place

Ако живее некој во таа област, строго ја препорачувам Струмица како боље варијанта од Гевгелија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and TIGERWOMAN31SK

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Лоши искуства....ееех еден куп. Болни спомени. Другпат ќе напишам нешто. Сега сум позитивно расположена за вакви теми.

Само ќе кажам... НЕ, не сум задоволна.
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Не...Никако не сум задоволна. Здравството е катастрофа. Пациентите ги третираат како животни. Тек-тук се најдува некој со приватна ординација кој навистина е посветен на пациентите ама ќе те соголи од пари земање. За во иднина најповеќе се плашам за бременост и пораѓај се повеќе новороденчиња и доилки умираат на пороѓај (:|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Не...Никако не сум задоволна. Здравството е катастрофа. Пациентите ги третираат како животни. Тек-тук се најдува некој со приватна ординација кој навистина е посветен на пациентите ама ќе те соголи од пари земање. За во иднина најповеќе се плашам за бременост и пораѓај се повеќе новороденчиња и доилки умираат на пороѓај (:|

Епа толку искуство имаат. Не знаат да ги породат.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Пред 4 години добив гној на грло и бев кај матичната и ми даде само инекции и тоа гарамицин што се за обична настинка а состојбата мене ми беше прилично лоша и примав 7 инекции ама никако ефект немаше потоа отидов на ушно и докторот(што за жал сега е во пензија ) ми даде инекции пеницилин што ми помогнаа многу некако помина и тоа ама после 2 години пак добив гној на грло ама и пеницилин инекциите не ми помогнаа тогаш и бидејќи ми дадоа сабајле и навечер да примам инфузија требаше да лежам на инфективно одделение ама таму беше толку нехигиенски (сега го реновираа одделението и е многу похигиенски отколку што беше) што ми беше грозно да седам во такви услови и да се лечам затоа дома се вратив ама пак одев навечер и сабајле да ги примам инфузиите..друга случка кога бев на пракса во интерно одделение лежеше еден човек кој имаше доживеано инфаркт во скоро време и човекот почна да се гуши од не знам која причина ама во собата немаше ниедна сестра и јас одма истрчав да викнам некоја сестра и кога влегов во сестринска соба кај што седат имаше една сестра само и и викам да дојде во 4-ка дека еден пациент почна да се гуши и таа ми вика чекај да се налакирам викни друга сестра .. знам дека ме испровоцира многуу :mad .. затоа огромно НЕ!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
најголемото НЕ на цел свет (worried) никакво здравство, никакви болници, додека да дојде брзата помош, луѓето умираат абе ајде... тоа е здравство, тоа се доктори, абе ајде... те шетаат од таму на таму, не си за таму, одиш таму, не си ни за овде, е добро бре за кај сум?? луѓето на мака, тие надвор цигари си пушат, е на што личи ова?? често сум по болниците за жал, и гледам какво е и што е... еве пример: примам трансфузија, чекав лекар пола саат да ми ја извади иглата (facepalm) зошто, затоа што гледал серијата, ќе ја испушти како така :x се пораѓа братучетка ми и има болки и вели на сестрата: дајте ми нешто за да ми се намалат болките и оваа знаете што и вели па кога си се е...а сега трпи си болки :banghead уффф се изнервирав право кога ја видов темата :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Во никој случај.
Стварно има исклучоци, ама мнозинството е катастрофа. За државниве зборам, јасно.
Што е бе ова со болниве, ко паразити ги третираат. Го гледаш некој стар седнал у фаза на полураспад и чека, чека и чека ред дури не се распадне сосема, а иде некој коњ и од прва се мушнува внатре со медицинска сестра што се кикоти.
Го видат ли некој постар, понесреден и/или посиромашен, и го третираат ко говедо. Се знае, нема мито од таков, што па да се понашаат спрема него ко спрема човек?
Вратите си ги чуваат заклучени, дали пола од работното време работат.
Не можеш еден рецепт за неопходен лек да земеш, а метадон за богаташки деца фрчи секојдневно.
Искрено, мене ми е страв да одам веќе по државниве. Се наоѓа некој ставен со врски, полуписмен што едвај знае да се потпише, македонскиот го разбира колку јас кинескиот, и оди објасни му бе што ти е, па уште и верувај му дека ќе ти помогне?

Ко мала имам лежено 10 дена во Козле. Од обичен грип, ете така.
Ко низ сон што се сеќавам, ко експериментално глувче бев. Врска немаа што ми е.
Навечер бре, сред ноќ им текне и ме будат за испитување. Ме сечеа по раце, ми вбризгуваа свашта, ми правеа дренажи, плешките ми ги одлепија. Така се ударало 6 годишно дете.
И на крај - бронхитис. Вау, ептен тешко да се воспостави таа дијагноза.
Среќа се погоди некоја познаничка на мама, па и’ рекла: Земај таму детето, само кревет пополнуваат со неа. Ќе ти закачи некоја тешка инфекција, па со месеци нема да може да ја извлечеш.
И господин доктор барал ни мање ни више, туку кило кумановски суџук, кафе и вино, за да ми даде отпусна. :D
Гниди бе, гниди.

Човек само да се моли да не навее со некоја болест, оти таму ќе го докусурат.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Значи не не не не не и не!!!!! Катастрофа услови и катастрофа персонал. Господ да не те однесе во болница затоа што ако си дошол болен, ќе излезеш доразболен а може и да не излезеш . Едни обични зафати па и прегледи често завршуваат фатално. Ужас!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK and Legioner