Имав другарка која барем еднаш неделно зборуваше за тоа како сакала да биде машко, како на машките животот им бил полесен, бла бла... Па кога ќе почнеше да зборува за јаките причини: машките можеле да одат на плажа кога сакаат, тие секогаш биле весели, не се замарале за ништо...
Сестро бе брат, па кој те спречува тебе да бидеш весела? Не сум знаела дека полот ја одредува среќата.
Јас сакам да бидам женско(тоа и сум). Можеби не сум женствена, но тоа не значи дека сакам сакам да бидам машко.