Дали имате критериум според кој ги бирате другарите?

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Ќе го кажам она до кое се држам стално.
СЕ ИЗДАВАТ КАКО ОЧИТЕ КАЈ ЦУРА ЉУБОМОРНА !
Кој е и каков е ;)

Ах СТРАЈК ебате многу ме научи во живтото.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Секое пријателство што сум го имала до сега со некоја личност се случило спонтано без критериуми не сум совршена па да барам таков пријател кој не постои затоа сите си имаме мана и треба да си се прилагодуваме на истата.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Да имаме заедничка тема муабет
да не се лажеме
во вистински смисол да сме другари, а не се од корист

со еден збор луѓе со кои ќе си помагаш, дружиш и споделуваш
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
И тоа какви критериуми ...
Другар не може да ти биде секој. Другар е некој што го знаеш од мали нозе, заедно сте играле, сте поминале низ се, сте си помагале, сте се тепале и карале и пак сте се смирувале. Другар е тој што знаеш дека кога ќе му ѕвониш во 5 сабајле нема да ти го исклучи телефонот па макар и за банална работа.
Треба да помине многу време за некој да го заслуже епитетот другар во мојот живот.
И баш така... Другарите си помагаат, се дружат и си ги споделуваат битните и небитни работи од животот.
За некој да ми биде другар пред се треба да биде доверлив, добар соговорник и добар слушател. Се друго е ствар на навика.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Сакам кога се дружам со некој да можам за се да си разговарам, а не да внимавам да не навредам некој или не. Сакам луѓе што може да зборуваат на секоја тема, што знаат да прифатат шега на нивна сметка, а и да се шегуваат на моја, не ми смета, нели шега е.
Не сакам луѓе што цело време молчат и не се трудат да се вклопат во муабетот, ако седиме како друштво. Не сакам луѓе што се прават мистериозно и премногу филозофираат мислејќи дека се препаметни и сл.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Тешко дека денес може на некој да се потпреш онака баш за се , барем јас во животот имам многу познаници блиски , никогаш не сум со такво гледиште кон нив со кое сум према неколку другари другарки од детството на кој знам дека можам се да им кажам и тие мене , па фунмкционираме така повеќе од 25 г :) ;)
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
За мене е најважно да имаме разбирање,интеракција еден со друг,и да се стремиме кон имање и одржување на добра комуникација
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Мене ми е важно да не се со предрасуди, да не оговараат, оти со такви навистина не знам каков муабет да правам. Имав пред некоја година едно такво друштво што излегувавме заедно навечер, се забавувавме, инаку (во други околности) само сплетки, оговарања, критикувања и толку беше дружењето, заврши. Не се пронајдов и си се повлеков :) Не ми е важно колку ги имам, нека се малку, ама да се искрени, да можам доверба да имам во нив, кога ќе им кажам нешто , да знам дека последно напамет им паѓа да прекажат на други. Да бидам искрена моментално една имам другарка/пријателка и доволна ми е :) Се „туркаме“ напред, а не се влечиме на назад. Споделувам со неа скоро се’ оти знам дека ќе ми го кажи нејзното мислење, без разлика дали се согласувам или ќе се навредам. Важно е да биде нејзиното вистинско мислење, а не правење лице. Различни карактери сме, не сме ни од оние што се слушаат секој ден или да „висиме“ на телефон, или по кафиња итн итн., ама знам дека е од оние и во 3ч да ја побарам, ако не и’ се зборува ќе кажи. Нема на сила да ме слуша :)))(Не сум пробала да и се јавам во „ниедно“ време, хм... ) :)
Епа тоа е, изгледа со годините попребирлива сум и не ми се муабети со секој, па од големи друштва сега имам една пријателка „за стално“ и неколку другарки за чат-пат кафе колку да се видиме до каде сме со животот (што значи ретко се гледаме). Оние што упорно ме бомбардирале мене или другите со прашања од типот „ајде кога мажење/дете/второ дете/дечко“ им давав одговор што не дозволува понатамошно муабетење на таа тема. Ама има упорни, па така од другарки/другари со време ми станале само познаници и така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Секако дека имам.
Мора да е кул, да сака да се опиваме, да зборуваме за тоа како сме се опиле, да правиме селфиња со мотори коли и тако даље, да ми стиска лајкови и да ми коментира од типот на 'ѕверуууууууу', 'тооо пијаницо една', да застане позад мене кога изнервиран пошто баба не ми рекла Добар ден сакам да претепам некој од улицата зошто ме погледнал накриво или пошто онака ми се сака, да носе златни ланци часовници марки за да бидиме у склад да не ми го руши имиџот, да сака брза вожња и нели да има пријатели и познајници ако не застане милиција не мислам само ја да ги користам моите извори :cool:
Се разбира ова е само мал дел од квалитетите кои треба да ги поседувате доколку сакате да се дружете со овој кул дечко, ако сакате нашироко слободно аплицирајте ќе ви објаснам се накнадно, не е проблем, тука сме наши сме се знаеме де хехе #бестфрендззз
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Да имаме слични гледања на нештата со мене, да сака ноќен живот, излегвања, пиење и сл :D да сака коли, да гледа хорор филмови аххахаха оти ми се најинтересни и така :D