Дали имате критериум според кој ги бирате другарите?

Ladybug

Нов член
19 ноември 2017
23
12
3
Нормално дека бирам.
Кругот на пријатели, говорам за оние вистинските, се во мал број. Познаници милион, но бидејќи и самата тема кажува дека мора да има критериуми, ги бирам.
Од пред 2 години направив селекција.
Во листа на најблиски ми се оние кои се приближно слични на мене, не може во се да се согласуваме но имаме исти гледишта на работите. Пријатели на кои можам да се потпрам 24/7, доверба но сепак со резерва. Не поднесувам користољубив луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina

Laila

Полноправен Член
18 јуни 2019
30
25
8
За да некој ми биде другар морам да поминам квалитетно време со него, првенствено мора да биде културен, воспитан и лојален, а потоа да имаме ако не исти, барем слични интереси и размислувања. Да умееме да се сфатиме, разбериме, почитуваме меѓусебно.
Имам многу пријатели, ама ретко кој е ДРУГАР.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Пребирливо магаре сум и тоа многу.
Ко во пеколот на Данте, си имам формирано кругови според кои се раководам колку ја пуштам личноста во мое опкружување.
Прв круг: Невоспитани фаци што користат сељо фрази, имаат тапа смисла за хумор, слушаат турбо фолк, изгледале 2 филма т.е. Тони Монтана и Терминатор и имаат закоравени мислења. Тука спаѓаат и искористувачите.
Ограничен пристап: Здраво е доволно.
Втор круг: Ванаби фраерчиња и јаки џемцки што глумат кул колку да ги прифати рајата и имаат прочитано 2-3 книги.
Ограничен пристап: Здраво и 2-3 реда муабет, некогаш и повеќе, оти интересна појава се.
Трет круг: Лица што си имаат свои сфаќања и карактери, но сепак прифаќаат и туѓо, поразлично, нешаблонско мислење.
Е со овие можам веќе да се дружам и муабетам. Наидуваме на недоразбирања, ама се средува.
Четврт круг: Лица со иста смисла за хумор, ист вкус за музика, филмови и книги и слично хоби.
Со овие можам 24/7 да ломотам.
I'm a bad person, знам, ама ете, многу ми играат улога тие работи. Не можам секој ден да мрсам некому дека музикава не ми е сатанистичка, да ме гледа бледо кога ќе зборам за некој филм, да се кине од смеење на captain obvious „шеги“ итн...
И се’ помалку верувам во она „Битно човек да е“, тоа веќе станува осмо светско чудо.
Боже.... You stupid "oh, so special" fuck.

Додека навистина уште не се пронаоѓам со првите и вторите, не ми пречи да поседам во нивно друштво ако морам. Секогаш учиш нешто ново. :zelen Сега битно ми е луѓето со кои навистина се дружам да се неискомплексирани и малку на број.
Мирно море, чисти сметки и долга љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider