Дали имате критериум според кој ги бирате другарите?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Пребирливо магаре сум и тоа многу.
Ко во пеколот на Данте, си имам формирано кругови според кои се раководам колку ја пуштам личноста во мое опкружување.
Прв круг: Невоспитани фаци што користат сељо фрази, имаат тапа смисла за хумор, слушаат турбо фолк, изгледале 2 филма т.е. Тони Монтана и Терминатор и имаат закоравени мислења. Тука спаѓаат и искористувачите.
Ограничен пристап: Здраво е доволно.
Втор круг: Ванаби фраерчиња и јаки џемцки што глумат кул колку да ги прифати рајата и имаат прочитано 2-3 книги.
Ограничен пристап: Здраво и 2-3 реда муабет, некогаш и повеќе, оти интересна појава се.
Трет круг: Лица што си имаат свои сфаќања и карактери, но сепак прифаќаат и туѓо, поразлично, нешаблонско мислење.
Е со овие можам веќе да се дружам и муабетам. Наидуваме на недоразбирања, ама се средува.
Четврт круг: Лица со иста смисла за хумор, ист вкус за музика, филмови и книги и слично хоби.
Со овие можам 24/7 да ломотам.
I'm a bad person, знам, ама ете, многу ми играат улога тие работи. Не можам секој ден да мрсам некому дека музикава не ми е сатанистичка, да ме гледа бледо кога ќе зборам за некој филм, да се кине од смеење на captain obvious „шеги“ итн...
И се’ помалку верувам во она „Битно човек да е“, тоа веќе станува осмо светско чудо.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
1. Забавна личност, некој со смисла за хумор.

2. Искреност и храброст. Некој кој не е кукавица, што ќе си каже тоа што има да си го каже. Ако те прашам нешто - одговори искрено, дури и да не ми се допадне ќе те ценам. (И обратно! Само затоа што си ми пријател нема да ти ублажувам работи или да те лажам дека си во право ако не си).

3. Способност да социјализира.. Сега.. седиме повеќе луѓе и некој си го вади телефонот и почнува да си игра Angry Birds, Temple Run или се става на Facebook. Ако толку сакаш да играш игри или да дремеш на Facebook - оди си дома.

4. Самодоверба. Ако ти кажам дека изгледаш убаво, значи дека изгледаш убаво. Ако не изгледаш убаво - ќе ти кажам.

5. Не! за егоцентричноста! Не гледаат сите во тебе, не сите девојки/момци ти завидуваат, не се сите заљубени во тебе. Не секогаш ме интересира твојата автобиографија. Понекогаш не сакам да зборуваме само за твојот живот, твојот партнер, што си јадел/а или да ми раскажуваш случка по 28ми пат. Има и други теми.

6. Култура, манири.

7. Разбирање, толеранција, прифатливост. Не сите се исти како тебе, не сите го делат твоето мислење. Тоа не значи дека ти мислат лошо, не значи дека сакаат да ти наштетат, не значи дека сакаат нивните мислења и верувања да ти ги набутаат во грло, не сакаат да те премислат. Едноставно - различни се. Имај малку почит. И веќе кога сме кај ова - оpen-mindness! Разбуди се. Погледни наоколу - во 21от век сме. Некои работи се сменети, некои работи треба да се сменат. Можеби ќе се сменат, можеби нема. Но, биди малку поотворен кон други идеи и пробај да ги прифатиш тие со различни мислења и гледања кон животот, без разлика за што се работи.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
  • Да биде кумукативен
  • Да се дружи
  • Да не биде со предрасуди
  • Да има слободно време за дружење
  • Да имаме заеднички јазик и работи
  • Малку така откачени
  • Искреност
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Апсолутно немам никакви критериуми, секој кој би сакал да ми биде другар ако има желба за тоа му се гледа по очите, дали сака да ти биде другар или да те искористи за нешто, така да би го проценил што му е целта со мене дали дружењето или нешто од корист, само барам иксреност, да не лаже :) Јас ќе бидам тој што сум, а негово е дали ќе остане да се дружи со мене или ќе си најде друг/и, а мене тоа не ми е битно кој и каков е се` додека е искрен е океј.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Немам некои посебни критериуми,освен пред се-да биде човек, да има добра душа,да биде нормален тип, да не ми глуми лудило на мене,да не лаже, и да знае да се дружи- а тоа значи да биде секогаш уз мене во добро и лошо(како што јас ќе бидам уз него) да знае да ми ги чува тајните и да дели по некој совет.Пред се,најбитно ми е да се чуствувам пријатно во негово друштво.
Не ми е битно каква музика слуша и дали е убав/грд , дебел/слаб дали има пари или нема :)
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
немам критериуми...

биди добар/а со мене и јас ќе бидам !

п.с. според повеќето критериуми не би се сложила и значи на никој од вас не можам да му бидам другарка :zesko
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Ги бирам по карактер, најчесто тие ми наоѓаат мене бидејќи сум една од ретките личности кои не се лицемерни и амбициозни, не сум себична и не се карам( освен ако не ме изнервира некој).
Во мое друшство никогаш нема да има место за лицемерни и нафурани особи, дигнати девојки или момчиња.
Со такви особи не сакам да си имам работа. На кој му одговара нека седи на кој не му одговара не е ни прв ни последен чао пријатно.
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Немам некое правило за бирање пријатели.Едноставно сами си се селектираат со текот на дружењето.
Колку повеќе време се дружам толку повеќе го осознавам и сами си приметуваме дали сме за дружење или не.
Имам две другарки со кои се дружам од прво одделение.А што е најинтересно со двете имам сосема различни муабети.
 

zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
29
  • Да не е себичен
  • Откачен, но не претерано
  • Да слушаме барем сличен тип на музика
  • Комуникативен, отворен
  • Да ми ја разбира логиката некоја моја чудна за да не морам да пофторвам по 100 пати едно исто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Eva

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Обично тоа е багра слична на мене...со тенденција сите да не промени :)