1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Дали имате критериум според кој ги бирате другарите?

Дискусија во форумот 'Социологија' започната од Hip.Hop_MKD, 11 април 2012.

  1. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Дали имате некој критериуми според кој одбирате тоа дали ќе се дружите или не се одредена личност?
    [​IMG]
    Кој се тие, што очекувате од другарот и најважно за што ве интересира највеќе кај него? =)

    Јас ги бирам на следниве начини:
    • Да имаме повеќе заеднички работи
    • Да бидеме во близина за да може да се држиме повеќе во живо
    • Да слушаме ист тип на музика ( во мојов случај рап)
    • И исто така обврнувам дали личноста е физички активна (мислам како би имал и друштво доколку спортувам)
    • Да има повеќе слободно време како би се дружеле повеќе
    Знам дека сум многу специфичен.. :D
     
    На Avona Vi, Maks, Saladin и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Прв впечаток што би се рекло, стекнувам од музиката што ја слушаат. Особено ако на таа личност и е омилен мојот омилен бенд... доволно е за мене да продолжам да се дружам. :biggrin
    Исто и други работи кои ми се омилени (звучам нарцосоидно, знам), како на пример, уметност, серии, фотографија, книги... Но на крајот на краиштата, да има слога е најважно.
     
    На Hip.Hop_MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nightmare_f

    Nightmare_f Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    1,358
    Допаѓања:
    2,204
    нормално ...сите ние имаме по некој пресуден критериум

    еве на пример јас...
    .сакам другарка ми да нема предрасуди код одреден тип на луѓе...
    .да слушаме ист тип на музика...со тоа заедно би излегувале и оделе на концерти...за мене мн битна работа
    .да е малце крејзи ако не скроз :D
    .и секако да се согласуваме на многу теми, да ме почитува колку толку, да не ме оговара зш не оговарам ни јас и тоа би било се.
     
    На The puss in boots, Electra, Гонзо и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Секако дека имам критериуми. Не се дружам со сите. Само што моите критериуми се малку повеќе и моментално ме мрзи да ги наведувам сите. Најбитно ми е да можам да разговарам на несекојдневни теми и да не е тип кој сака да се вклопи во општеството.
     
    На Dorina, Scars, Avona Vi и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dr.Gonzo

    Dr.Gonzo Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 февруари 2012
    Мислења:
    651
    Допаѓања:
    1,915
    специфичен си, ова за слободно време посебно. значи сеа дека слушам јас турбофолк не можам другар да ти бидам? :rofl се шалам слушам рап, турбофолк мрзам:) е сеа критериуми мора да се има, секој си има свои интереси, ама некои работи како што се моралните вредности мислам дека се над сите критериуми без разлика дали другарот спортува или гледа турски серии
     
    На N|ghtmare_f му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Фала богу дека нема да се дружам со некој што слуша турбо-фолк или немам многу заеднички работи што ќе правиме заедно и немаме заеднички јазик? :D
     
  7. Dr.Gonzo

    Dr.Gonzo Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 февруари 2012
    Мислења:
    651
    Допаѓања:
    1,915
    фала богу дека не сакам да се дружам со турбофолкери :D поентата ми беше дека ретко може да се најде некој што ќе ги исполнува сите критериуми, посебно ако ги имаш многу и се високи, ама некој кога ќе ти помогне во невоља и ќе ти направи добрина, а не ги исполнува повеќето критериуми?
     
    На Ludaca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    шо е битно шо музика слуша или каква мода брка?
    битно е да е човек
    од секој можеш да научиш нешто, а некогаш во животот може да ти помогне најмногу тој кој најмалку очекуваш
    а шо муабет би праеле?
    таа ќе ме убедува зошто треба да слушам турбо фолк, а јас ќе ја убедувам зошто не треба :biggrin
     
    На melpomena, Luckky, redhead и уште 6 други им се допаѓа ова.
  9. Hexasto

    Hexasto Истакнат Член

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    1,082
    Допаѓања:
    1,631
    Па не дека пишувам на лист кој какви квалитети има туку едноставно или си другар и се дружите или не си :)
     
    На Avona Vi, Гонзо и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.
  10. LadyInPink

    LadyInPink Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    1,239
    Допаѓања:
    1,758
    Тоа дека треба да имаме заеднички интереси и работи е нормално, инаку за што би разговарале?!
    Покрај тоа, моите критериуми опфаќаат:
    -убаво и воспитано однесување: не сакам во друштво некој кој се однесува како вчера да слегол од планина да не речам како дивјак.
    -морални и етички вредности
    -да е љубител на животните и по можност нивен заштитник и борец за нивните права
    -да нема некои пороци од типот на дрога и алкохол, цигари толерирам
    -да знае да почитува
    А кога се работи за другарка пожелно е да има развиена љубов кон штиклите, ама нормално дека ова не е задолжително.:)
     
    На Caci и Hip.Hop_MKD им се допаѓа ова.

Сподели: