Пребирливо магаре сум и тоа многу.
Ко во пеколот на Данте, си имам формирано кругови според кои се раководам колку ја пуштам личноста во мое опкружување.
Прв круг: Невоспитани фаци што користат сељо фрази, имаат тапа смисла за хумор, слушаат турбо фолк, изгледале 2 филма т.е. Тони Монтана и Терминатор и имаат закоравени мислења. Тука спаѓаат и искористувачите.
Ограничен пристап: Здраво е доволно.
Втор круг: Ванаби фраерчиња и јаки џемцки што глумат кул колку да ги прифати рајата и имаат прочитано 2-3 книги.
Ограничен пристап: Здраво и 2-3 реда муабет, некогаш и повеќе, оти интересна појава се.
Трет круг: Лица што си имаат свои сфаќања и карактери, но сепак прифаќаат и туѓо, поразлично, нешаблонско мислење.
Е со овие можам веќе да се дружам и муабетам. Наидуваме на недоразбирања, ама се средува.
Четврт круг: Лица со иста смисла за хумор, ист вкус за музика, филмови и книги и слично хоби.
Со овие можам 24/7 да ломотам.
I'm a bad person, знам, ама ете, многу ми играат улога тие работи. Не можам секој ден да мрсам некому дека музикава не ми е сатанистичка, да ме гледа бледо кога ќе зборам за некој филм, да се кине од смеење на captain obvious „шеги“ итн...
И се’ помалку верувам во она „Битно човек да е“, тоа веќе станува осмо светско чудо.