Игрите можат да бидат зависност, но не кај сите. Зависи од тоа кој-колку е посветен на игрите, какви се игрите и дали личноста Х има слободно време.
Повеќето игри во денешното време имаат потенцијал да бидат многу зависни. Големи светови, добра графика, шанса да запознаеш луѓе и (со помош на анонимноста) шанса да биде некој друг. Бидејќи никој не те знае на играта - тоа ти дава шанса, на некој начин, да започнеш нов живот во нов свет. Свет каде што си посилен, свет каде што полесно се добиваат работи, па тоа на некој начин го привлекува играчот. Може да дојде до степен каде личноста ќе биде целосно внесена во играта. Да не излегува, да отсуствува од училиште, да останува до раните утрински часови за да игра. Целосно да се наруши социјалниот живот и здравјето.
Големите игри, а и multi-player игрите бараат време и посвета. Големите single-player игри можеби не до толку бидејќи додека ти си отсутен - тој свет е стопиран и додека не играш ништо не се случува. Но multi-player игрите бараат многу време и голема посвета бидејќи во тие игри има постојана конкуренција, па ако заостанеш - дури и некој краток период, сите твои пријатели ќе те престигнат и ќе продолжат со играта одејќи кон потешките делови од играта каде ти (доколку заостанеш) не си воопшто корисен.
Некој што привремено игра игри/игра игри кои се кратки/нема многу слободно време (или било која комбинација од овие три) нема да има никаков проблем со тоа умерено да игра игри и кога ќе одлучи да престане да игра да го нема оноа "Ајде уште 30 минути, ништо страшно!", бидејќи сите знаеме колку брзо тие 30 минути ќе станат неколку часа.
А има професионални гејмери, кои заработуваат пари од тоа. На YouTube има многу гејмери (HuskyStarcraft, TotalBiscuit, Yogscast, OMFGcata, etc.) кои заработуваат пари на овој начин. Играат игри и со тоа привлекуваат внимание, гледачи и subscribers.
Доколку на момците од YouTube им се допадне што некој (гејмер) има да понуди, стануваат партнери - што за нив (и YouTube и гејмерот) значи публицитет и пари. Со тоа, гејмерите ги повикуваат и на разновидни настани, конференции, отварања, екслузивен достап до игри кои сеуште не се излезени, итн. Но ова е нивна работа, не нивно хоби.