Дали игрите создаваат зависност и го затупавуваат мозокот?

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Дали можат игрите да создадат зависност до тој степен, што еден гејмер може да почне да го поминува цел ден играјќи игри? Овде не зборувам за гејмање за забава, овде зборувам за вистинско, професионално гејмање.
Јас мислам дека можат да создадат зависност, доколку се играат прекумерно. Но, не се согласувам со тоа дека го затупуваат мозокот. Напротив, играта бара да се внесеш во неа и многу концентрација и размислување. Потребно е да имаш план и стратегија за победа. Што мислите вие?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Имам една игра на телефон, ај што е многу досадна, многу е заразна..Треба се` повеќе и повеќе топчиња да испукаш по парови, абе препредосадна е, ама препрезаразна.
Можат да создадат зависност да, ама некои игри и го преоптеретуваат мозокот... :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не. Игрите чак што више ако се сфатат како игри, можат да потпомогнат во развиток на мозокот. Рефлексот, чувствтото за ориентација, систематиката.... Се` може да се научи благодарејќи на игрите. Се` додека не се сфатат пресериозно и не се главна преокупација во животот.
 

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
Игрите се 80 % лоши за мозокот не да отупуваат ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Па кој како си ја нареди. За мене знаат да бидат интересни но и сепак да научам нешто. Затоа највеќе сакам игри нешто со историја затоа што тоа ме интересира.. :) Може да научиш и многу други работи, само активирај го мозокот и следи добро.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ivan-giggs

ivan-giggs

Нов член
23 февруари 2012
4
7
3
31
Мислам дека игрите создаваат зависнос..На пример јас сум зависен од дота..едноставно уживам додека ја играм :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Игрите се зависност...пример бев загран GTA VC и откако ја исклучив играта...имав чувство дека куќиштето бучи како хеликоптерот..... :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Игрите се наменети за релаксација и за развивање на имагинација и логика преку градења, создавање стратегии итн.
Корисни се прилично, за оние кои умерено ќе си ја наредат работата без да се оптоваруваат со истите.
Но кога некој длабоко ќе навлезе и ќе е сконцентриран само на играта 24/7, е тука веќе може и до затупавеност да дојде.
Мозокот се ориентира кон развивање на само една точка и постојано преработува едни исти информации, при што другите се губат. Да не збориме па и колку се губи социјалниот живот и врската со реалноста.
 

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
406
363
Skopje
Зависност создаваат според мене, ама неможе да ме затупат а за другите незнам :zelen
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Игрите можат да бидат зависност, но не кај сите. Зависи од тоа кој-колку е посветен на игрите, какви се игрите и дали личноста Х има слободно време.

Повеќето игри во денешното време имаат потенцијал да бидат многу зависни. Големи светови, добра графика, шанса да запознаеш луѓе и (со помош на анонимноста) шанса да биде некој друг. Бидејќи никој не те знае на играта - тоа ти дава шанса, на некој начин, да започнеш нов живот во нов свет. Свет каде што си посилен, свет каде што полесно се добиваат работи, па тоа на некој начин го привлекува играчот. Може да дојде до степен каде личноста ќе биде целосно внесена во играта. Да не излегува, да отсуствува од училиште, да останува до раните утрински часови за да игра. Целосно да се наруши социјалниот живот и здравјето.
Големите игри, а и multi-player игрите бараат време и посвета. Големите single-player игри можеби не до толку бидејќи додека ти си отсутен - тој свет е стопиран и додека не играш ништо не се случува. Но multi-player игрите бараат многу време и голема посвета бидејќи во тие игри има постојана конкуренција, па ако заостанеш - дури и некој краток период, сите твои пријатели ќе те престигнат и ќе продолжат со играта одејќи кон потешките делови од играта каде ти (доколку заостанеш) не си воопшто корисен.

Некој што привремено игра игри/игра игри кои се кратки/нема многу слободно време (или било која комбинација од овие три) нема да има никаков проблем со тоа умерено да игра игри и кога ќе одлучи да престане да игра да го нема оноа "Ајде уште 30 минути, ништо страшно!", бидејќи сите знаеме колку брзо тие 30 минути ќе станат неколку часа.

А има професионални гејмери, кои заработуваат пари од тоа. На YouTube има многу гејмери (HuskyStarcraft, TotalBiscuit, Yogscast, OMFGcata, etc.) кои заработуваат пари на овој начин. Играат игри и со тоа привлекуваат внимание, гледачи и subscribers.
Доколку на момците од YouTube им се допадне што некој (гејмер) има да понуди, стануваат партнери - што за нив (и YouTube и гејмерот) значи публицитет и пари. Со тоа, гејмерите ги повикуваат и на разновидни настани, конференции, отварања, екслузивен достап до игри кои сеуште не се излезени, итн. Но ова е нивна работа, не нивно хоби.