Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Ги лажам понекогаш кога ми требаат итно пари. Татко ми лесно се лажи дека ми требаат пари за да платам нешто за на школо и за многу брзо време добивам, доколку барам за лична употреба малку потешко ги добивам, а вака полесно.
Во тинејџерските денови знаев некогаш да ги излажам, ама тоа било ретко...никогаш не сум морала да лажам или да кријам нешто...секогаш сум наидувала на подршка и разбирање...ама ете понекогаш се случувало да излажам...
А и денес ми се случува да излажам (и тоа оние “бели лаги“), не за друго, туку да ја поштедам мајка ми од непотребни грижи...
Мама не а лажам,оти она секогаш ме капира.А и кога ќе а излажам,само це насмее демек ми поверувала и во некоја друга пригода ќе ми спомне дека сум ја излажал и се чувствувам непријатно.Затоа веќе не а лажам А тато е друга приказка.Него и да го лажиш,он не се замара.Не ме ни слуша што му зборувам така да некогаш и да си подлажнам,за 5 секунди ќе заборае што сум му рекол.
не ги лажам..добро ако се рачуна кога бевме помали со сестра ми и само измислувавме за што ни требаат пари...
сега..сега немам потреба ..најверојатно они попрво би ме излажале него јас нив..а да ви кажам искрено и срам ми е бе да лажам...
се си мислам дека некој таму ја знае вистината и дека ќе ме открие...а и за што да ги лажам?? Каде ќе одам или со кој?Кога цело друштво ми го знаат...кога знаат дека и сама сум способна да одредам што е добро за мене а што не е...вака барем кафенце,муабет и сите новости ќе си ги кажам..па и дали некој ме изнервирал или израдувал и сл.
Подобро нешто ќе си преќутам него да лажам.
Ги лажам по потреба за нивно добро ќе речам , па и за мое бидејќи имаме различни мислења и свајќања , понекогаш е подобро да кажам тоа што сакаат да слушнат тие
Али како мине времето машала и тие поднаучуваат да лажат се подобро
Нема дете кое не ги излажало своите родители, некогаш тое е страв од казна а некогаш заради социјалните поблеми со другарите... Родителите,иако оваа појава кај малите деца не е проблем, треба да внимаваат тоа да не прерасне во навика или потреба http://www.childdevelopmentstory.com/moeto-dete-laze/#more-583
Не се прашува ова се подразбира не може се да се споделува со родителите невозможно е тоа колку и да сме блиски ќе се најде нешто за што ќе треба да ги излажеме.
Јас моите колку многу ги имам лажено и богами ќе продолжам да ги лажам за нивно добро, а богами и мое