Дали ги лажете вашите родители?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Пази брате... :) :)
Во америка за време на идење у војска има еден психолошки тест се вика тест на вистината. Меѓу другите прашања го има и ова: Дали ги лажете своите родители. Ако кажеш „не“, тогаш сигурно го паѓаш тестот.

Така да, нека ми каже некој кој не ги лаже.
Во америка си има еден тест меѓу кој има прашања каде ја тестираат вашата искреност. И едно од тие прашања е Дали ги лажете своите родители. Психолошки е невозможно да не ги лажете, така да ако кажете дека сте искрени, паѓате на тест.
Значи практично е невозможно да бидете искрени со родителите, поради тоа што биолошки ако не и душевно сте најблиски со нив. А човековата психологија се сведува покрај тоа што си многу близок со некого, најчесто и го лажеш. Највеќе поради заштитување да не го повредиш.
бај д веј Америка не америка :) ај за ситни грешки, ама два пати со мала буква! Аааа ќе се караме! :)

Кога сме кај темата...
Секако дека сум ја лажел мајка ми.
Сум ја излажал неколку пати, за крупни работи, затоа што длабоко во потсвеста сум бил сигурен дека тие работи се погрешни, дека не треба да ги направам, а сепак сум ги направил. Токму затоа сум скрил од неа и сум ја излажал, затоа што не сум сакал погледот на нејзините очи да говори за разочарување.
Само што, денес не сум сигурен колку сум ја лажел неа, а колку себе. Бидејќи сум прилично сигурен дека секогаш ја знаеше вистината.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Само кога се работи за нивно добро и кога она што не го знаат нема да им наштети...:pusi
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Ги имам лажено. Почнувајќи од мала возраст, па и до ден денес.

Ми се има случено, како помал, да ги излажам за некои големи работи поради тоа што сум сметал дека ако има ја кажам вистината би ги разочарал. Се сеќавам еднаш ми се случи да ме фати некој надлежен како крадам во Веро во Тафталиџе, па ме внесоа во една просторија некои податоци да им дадам, меѓутоа се смилуваа затоа што имав дали повеќе од 10-11 години и бев буцкаст и сладок. И затоа што ги излажав дека некој постар ме натерал. (bandit)

До ден денес моите не знаат за ова, како и за ред други работи. Меѓутоа минато си е минато. После тоа престанав толкави глупости да правам, па веќе со години немам потреба да ги лажам за големи работи. Либерално и отворено семејство сме си и, можеби не скроз, меѓутоа прилично сме искрени едни со други.

Сега, по потреба, користам по некоја мала лага од типот на "Еј, извини што не ти се јавив - имав слаба батерија" и, посебно со татко ми, кратење на цени и сметки на пола (понекогаш и повеќе) кога ќе ме праша колку сум платил нешто за да превентирам проблеми со здравјето (значи со добра намера).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Ги имам лажено....ама многу ретко сега брзо пробав да ги излажам за глупава работа и ме фатија тешко ми оди добро ме познаваат:D
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Последен пат ја излажав мајка ми за цената на телевизорот. но брат ми набргу ме издаде, и се засрамив...
Ја лажам обично за финансии затоа што коментира дека сум неразумна во трошење.
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Никогаш, дури ни за ситници. Не ме бива за лажење :|
Сум пробала онака ради досада за некоја ситница, али мајка ми секоаш ме фаќа. Не палиттт!
 

Special

Истакнат Член
22 август 2013
47
19
108
Не а и немам причина.Ама како и да е и да ги излажам нив некогаш брат ми ме открива кога тогаш.Барем да не се мачам за џабе :D
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Ако не лажеме ѓабе е се :giggle. Секако дека ги имам лажено ама за ситни работи.
Кога сум излезена со дечкоми мајками секогаш ми се јавува ме прашува кај си? Еве со другарките пиеме кафе мамо кај и да е за саат ќе си дојдам ..и ко ќе виш за 3 сати дома и ќе ме праша кај си до сеа? - Абе мамо па муабет со другарките се занесовме и така :giggle:giggle:giggle
 

Демонката

Нов член
8 февруари 2016
13
2
1
21
Па имам 13 години не ги лажам за тестови на пример јас не сум баш добра во школо мајка ми ми црка :rolleyes: ама татко ми никогаш :wavespin јас неможам да лажам само знам некогаш нешто ситница да излажам :svirka