Гласање за онлајн-чат на форумот

Дали сакате онлајн чат?


  • Вкупно гласале
    35

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Малку да размрдаме форум,да воведеме новитет.Со воведување на чат мислам дека ќе се зголеми присутноста на членови.Некои ќе кажат-ама темите ќе се запустат,нема да се запустат и онака нема голема интеракција на нив.
Бујрум,споделете ваше мислење и дајте глас.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
ќе се запусти само темата чет муабети но затоа па ќе се зголеми посетеноста така да и јас сум за чат и за радио :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and JaMi

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Има тема чет муабети и јас сметам дека е доволно, сепак сме форум не чет платформа.
Еве да речеме ќе ставиме чет, како ќе модерираме ако некој почне да навредува и да спама по чет? Ќе седи некој 24/7 да го модерира четот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Има тема чет муабети и јас сметам дека е доволно, сепак сме форум не чет платформа.
Еве да речеме ќе ставиме чет, како ќе модерираме ако некој почне да навредува и да спама по чет? Ќе седи некој 24/7 да го модерира четот?
Видливост само на последните да речеме 30 пораки.Да не може да се враќа чатот и да се читаат разговори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Веќе одамна е отиден бон-тонот на оноа што би се нарекло вистинско форумџиство, сите горе доле знаеме дека е така, сакале прифатиле, сакале не. Од аспект на спомнување мајки-шајки, четот би можел да биде одличен филтер за некултурата да не се шири по темите, но од друга страна па темите ќе останат запустени од коментари.
Но на крајот од денот, пак ќе се вратам на горната мисла - каква активност реално се случува, ако се изземат сите глупи коментари по темиве?
Така да, можеби порано бев строго против, по цена да не се запустат темите, но сега некако не гледам некое загрозување кое четот би го сторил општо за форумот. Може само да привлече луѓе кои во некаква среќна околност би се активирале и по темите, секако ако би го испоштувале бонтонот кој би бил едноставе: На четот што сакате правете, на форум си има правила на кои си се придржуваме сите, без исклучоци.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno, Iris* and JaMi

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ето ајде да речеме дека ќе има чет. Што е придобивката во однос на членовите? Ќе се зачленат членови за да пишат во чет и што добил форумот со тоа? Не ја разбирам поентата да се има чет на форум. Особено па ако се накотат партиски ботови да почнат да водат штабски пропаганди по чет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Ето ајде да речеме дека ќе има чет. Што е придобивката во однос на членовите? Ќе се зачленат членови за да пишат во чет и што добил форумот со тоа? Не ја разбирам поентата да се има чет на форум. Особено па ако се накотат партиски ботови да почнат да водат штабски пропаганди по чет.
Па ако секоја пишана порака у четот се важи како едно мислење форумот ќе билда мислења:DD
Мене ми е сеедно, но мислам дека моментално нема некоја потреба. 10 члена дали се активни и тоа пишуваат ретко по темите, вака со чатот ќе заборават со пишување. Инаку добра е идеата на @Ita за радио само нз како тоа би функционирало, кој би пуштал музика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Имајќи предвид дека активноста е минимална, и јас ко @Saladin одам во „превртените“ и од строго не, сум за да се проба.
Реално, се врткаме тие што се врткаме, темите ни се исцрпени т.е. сме испишале што сме имале и тоа е тоа веќе.
Нови (квалитетни) членови нема, единствена возбуда е кога ќе се спречка администрација вс. членови, па и тоа се веќе пројдени и досадни муабети.
Вака од чет може ќе се развие некоја тема или ако ништо друго, ќе се појача дружбата меѓу веќепостоечкиве членови.
Прво да видиме меѓу нас како ќе тргне, па после ќе му ја мислиме ако се зачленеле вакви или онакви и што ќе пишувале.
Правило: Секој што сака да пишува на чет, да убеди макар една нова личност да се зачлени. Кога можат Лајонес и Хербалајф, што бе ние неспособни да сме?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ето ајде да речеме дека ќе има чет. Што е придобивката во однос на членовите? Ќе се зачленат членови за да пишат во чет и што добил форумот со тоа? Не ја разбирам поентата да се има чет на форум. Особено па ако се накотат партиски ботови да почнат да водат штабски пропаганди по чет.
И за ова помислив малку, но ете да се надоврзам на постот на @Electra политичките полтрони ќе се зачленат онаму каде се крева прашина - во места каде имаш огромна посетеност. Тука, и самите се свесни дека нема леб, барем не во оваа состојба.
Четот може секогаш и да го тргнеме ако создава проблеми.