Веќе одамна е отиден бон-тонот на оноа што би се нарекло вистинско форумџиство, сите горе доле знаеме дека е така, сакале прифатиле, сакале не. Од аспект на спомнување мајки-шајки, четот би можел да биде одличен филтер за некултурата да не се шири по темите, но од друга страна па темите ќе останат запустени од коментари.
Но на крајот од денот, пак ќе се вратам на горната мисла - каква активност реално се случува, ако се изземат сите глупи коментари по темиве?
Така да, можеби порано бев строго против, по цена да не се запустат темите, но сега некако не гледам некое загрозување кое четот би го сторил општо за форумот. Може само да привлече луѓе кои во некаква среќна околност би се активирале и по темите, секако ако би го испоштувале бонтонот кој би бил едноставе: На четот што сакате правете, на форум си има правила на кои си се придржуваме сите, без исклучоци.